PAGANI HUAYRA ROADSTER BC – ЕГЗОТИКА НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА

11/09/2019

Хорацио Пагани повторно „јава“ на голем бран, како и секогаш, зарем не!? Ако некој нештата ги прави речиси совршени во секој поглед и сето тоа го прави со толку голем жар и од љубов кон автомобилите, тогаш тоа е Хорацио. Многумина прават автомобили во ограничени серии, и рачно, но како што ги прави работилницата „Пагани“, никој друг не ги прави. Најновата креација „пагани вајера роудстер бц“ е приказна за себе, впрочем како и секој автомобил со името Пагани.

Идејата за создавање на „пагани вајера роудстер бц“ датира од 2017 и дури сега е преточена во реалност и тоа од тие најубавите како што знае да создава само природата. Ќе почнеме со погонската единица. Громогласниот роудстер во себе носи 6,0 литарски мотор со 12 цилиндри поставени во V кој води потекло од Дајмлер и Бенц, односно тамошните го имаат вградувано во многу модели на Мерцедес од високата класа. Моторот наново е доработен и сега има двоен турбо компресор и четири интеркулери кои за дополнителното ладење на воздухот користат и вода и воздух, така што сега се добиени 800 КС, а максималниот вртежен момент изнесува 1050 Нм НОВОСТИ при не цели 2000 вртежи во минута. Таа силина се пренесува на задната оска преку седумстепена секвенцијална менувачка кутија со тројна спојка. Разликата помеѓу двојната спојка и оваа „тројната“ во автомобилот на Пагани, е тоа што вторава е полесна за 35 отсто. Преносот е поставен надолжно, што допринесува до подобра распределеност на тежината на двете оски, пониско тежиште, односно допринесува поголемиот дел од тежината да биде во долниот дел од автомобилот, а ова, пак, води кон пониско тежиште, односно поголема стабилност и врвни возни својства.

За ваков автомобил компанијата „Брембо“ подготвила посебни карбонско керамички сопирачки, а истото го има направено „Пирели“ со пневматиците „п зеро трофео р“. За вакво динамично купе направена е шасија од посебни материјали од сопствено призводство – пагани карбо титаниум хп62 г2 и кабината од карбо тријакс хп62. Резултатот е вкупна тежина од само 1250 кг, најлесен во класата и многу пошироко. Така Хорацио Пагани прави кога создава егзотика на четири тркала.

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.