СЕГА Е ВРЕМЕ ДА СЕ РАЗМИСЛУВА ЗА ЛЕТОТО. СО ТОA И ЗА СООДВЕТНИ ЛЕТНИ ГУМИ. ТЕСТОТ ЗА ЛЕТНИ ГУМИ НА ÖAMTC БИ МОЖЕЛ ДА ВИ ПОСЛУЖИ КАКО ПОМОШ ПРИ ВАШАТА ОДЛУКА. И ТОА, ПРЕД СÉ, ВО ДВЕ ДИМЕНЗИИ. ПРВАТА ЗА СПОРТСКИ, А ВТОРАТА ЗА КОМБИЊА И ЗА СРЕДНА КЛАСА-СУВ МОДЕЛИ.
Кај тестот за гуми на ÖAMTC и неговите соработници секогаш на располагање има две димензии за проверка, како за летни, така и за зимски гуми. Изборот е по најразлични критериуми, како и релевантноста на пазарот и бројките на продажба. Пред неколку години беа тестирани транспортните гуми за автобус Фолксваген, Рено Мастер или Опел Виваро; овие летни гуми се покажаа како најиздржливи, но голем дел од нив потфрлија на влажен коловоз.
Од 16 модели на гуми, девет мораа да бидат оценети со „непрепорачливи“ – најлош резултат во историјата на тестови на ÖAMTC.
Денес се појавува една алтернативна големина на гуми за комбиња и средна класа на СУВ. Доколку целата папирологија ја дозволува оваа димензија, тие би можеле да се употребуваат за транспортни возила. Во прва линија станува збор за товар на носивост на една гума што мора да биде исполнет.
Кај втората тестирана димензија под лупа беа ставени таканаречените гуми UHP. Скратеницата стои за „ултрависоки перформанси“, исто така, за голем број спортски гуми, чија основна конструкција е раководена од мотоспортот. Други забелешки што се споменуваат; „ултрависоките перформанси“ се приспособени за брзини од 240 км/ч, тоа се гуми со низок профил, чија страничност не е поголема од 45 проценти од ширината на самите гуми. Сепак, секоја петта купена гума спаѓа во оваа категорија.
ДИМЕНЗИИ 225/40 R 18 ЗА КОМПАКТНА КЛАСА
Во категоријата „компактна класа“ спаѓаат вообичаено добро моторизираните возила. Најдобар пример за тоа е Фолксваген Голф ГТИ. Во првата генерација на Голф во 1976 година за исклучително добри возни перформанси уште важеа 110 ПС. Актуелниот ГТИ на седмата генерација на Голф има 245 ПС.
Во групата на овие спортски модели се 16 модели на гуми. Има гуми од „премиум марки“, па сѐ до поволни гуми.
Четири кандидати се во категоријата „многу препорачливи“, има едно големо поле со 11 гуми што се оценети како „препорачливи“ и еден модел беше оценет како „условно препорачливи“.
Четирите гуми што се на врвот може да се оценат како гуми за сѐ. Нудат перформанси за сув и за влажен коловоз; прецизно држење на управувачот, големи безбедносни услови. Во категоријата абење се многу уверливи, тоа значи дека возните перформанси се значително високи. Целосно може да се каже дека Континентал и Мишелин се за нијанса пред Гудиар и Максис. Интересно е кај Континентал; при влажен коловоз се на врв со своите перформанси, но во полето на предизвикување на звук се на крајот.
Во средната класа се вбројуваат три типа гуми што ја имаат титулата „многу препорачливи“. Нексен, Сава и Вредестеин блескаат со одлични резултати во полето на сув коловоз и во категоријата абење. Малку потфрлуваат при тестот на влажен коловоз, но, сепак, се во групата „препорачливи“. Сепак, Нексен покажаа многу слаб резултат при аквапланингот на кривини и тоа, пред сѐ, најслаб резултат од сите тестирани гуми.
Посебен случај се Пирели. Овие гуми нудат најдобри перформанси на сув коловоз и се втори во групата при резултати на влажен коловоз од сите тестирани модели. Но, сепак, имаат недостатоци при потрошувачката на гориво и абење. Гудиар се едни од најдобрите и имаат нормална потрошувачка и се задржуваат на околу 40.000 км, а Пирели на околу 25.000 км. Сепак, може да бидат добар избор за возачите што не поминуваат долги километражи.
„Условно препорачливи“ се Ротала, кои на влажен коловоз воопшто не се убедливи и паднаа на тестот на сопирање и маневрирање.
ДИМЕНЗИИ 235/55 R17 ЗА СРЕДНА КЛАСА СУВ И КОМБИЊА
Алтернативата за транспортни гуми, која при последното тестирање на летни гуми падна многу лошо, им припаѓа на гумите за комбиња и средна класа СУВ. На пример, автобус на Фолксваген (Т16) што е опремен со гуми од оваа димензија. Вкупната слика се добива преку тестот на Форд Куга, кој е многу подобар од оној на транспортните гуми што беа тестирани минатата година на Фолксваген Т6. Четири модели ја добија оценката „многу препорачливи“, седум „препорачливи“, а еден производ мораше да биде оценет со „непрепорачлив“. Актуелната димензија има подобри перформанси на влажен коловоз.
Тестот беше пресуден за најлошиот кандидат и тоа при сопирање на влажен коловоз (од 80 на 20 км/ч) со 41 метар подобро од најдобрите транспортни гуми од изминатата година.
Вкупниот резултат го испорачува Мишелин, кој во полето на „многу препорачливи“ гуми води во абењето и е оценет со најдобра оцена. Прогнозите кај неговите перформанси се околу 48.000 км. Бриџстон и Максис имаат околу 41.000 км и 37.000 км, а Пирели, пак, е во групата што достигнува 35.000 км.
Петте „препорачливи“ марки на гуми имаат слични перформанси; Ханкок, Семперит, Јокохама, Континентал и Еса+Текар. Семперит, Еса+Текар и Континентал се оценети со добри перформанси на сув коловоз и слаби перформанси на влажен коловоз. Има и уште една забелешка за Континентал; кај потрошу-вачката на гориво и категоријата абење ја имаат најдобрата оценка. Доколку ги немале слабостите на влажен коловоз би ја добиле и најдобрата оцена. Но, сепак, и тоа вреднување има големо влијание.
Кумхо имаат слаби перформанси на сув коловоз, Клебер, исто така, е воопшто неубедливи на влажен коловоз.
Лауфен ја имаат оцената „непрепорачливи“. На сув коловоз покажуваат добра прецизност и резерви на безбедност, но при влажност се многу слаби. При маневрирање покажуваат слаб баланс, а трагите од сопирање на влажен коловоз се најдолги во полето на тестот. На пример; на влажен бетон намалување на брзината од 80 км на 20 км, на Лауфен им е потребна патека за повеќе од 42 метра. Најдобри во оваа дисциплина се Мишелин, а на нив им требаат помалку од 35 метри.
ГОЛЕМА РАЗЛИКА
Уочлива е потрошувачката на гориво. Меѓу најдобрите гуми Континентал и Јокохама лежат повеќе од 7%, што укажува на разлика од 0,7 л/100 км. Сепак, кога ќе се земе целосно, кај оваа димензија има и нешто позитивно. Со исклучоци на некои модели, речиси сите кандидати нудат јасно подобри резултати од транспортните гуми во споредба со тестот што се правеше минатата година. За комбињата што се користат во приватниот сектор важи една препорака; доколку фабрички се монтирани транспортни гуми, тогаш би требало тие да бидат заменети со побезбедни димензии 235/55 R17 ако се соодветни за возилото.
Еден аспект на кој треба да се обрне внимание при купувањето; прогнозираните перформанси на должина на возење се јасно пониски од транспортните гуми што се тестирани изминатата година.
Но кај „многу препорачливи“ Мишелин немаат само безбедносни перформанси туку и траат долго. Гумите Мишелин може да поминат околу 47.000 км. Со тоа тој ги истурка неколкуте транспортни гуми кај тестот на абење.
ГРАНИЦИ НА ОЦЕНУВАЊЕ
Препорака | ***** | **** | *** | ** | * |
Сув, влажен коловоз, потрошувачка на гориво, абење | 0,5-1,5 | 1,6-2,5 | 2,6-3,5 | 3,6-4,5 | 4,6-5,5 |
Брзина | положено | положено | положено | положено со ограничување | не е положено |
Вкупна оценка | 0,5-1,5 | 1,6-2,5 | 2,6-3,5 | 3,6-4,5 | 4,6-5,5 |
ПРЕПОРАКА НА ÖAMTC:
***** – извонредни **** – многу препорачливи *** – препорачливи
** – условно препорачливи * – непрепорачливи
ЛЕТНИ ГУМИ 2020 ДИМЕНЗИИ; 225/40 R18 92Y
Continental Premium Contact 6 | MichelinPilot Sport 4 | GoodyearEagle F1 Asymetric 5 | MaxxisVictra Sport 5 | NexenN Fera Sport | SavaIntensa UHP 2 | VredesteinUltrac Vorti | |
Индекс на преоптовареност | 92 | 92 | 92 | 92 | 92 | 92 | 92 |
Индекс на брзина | Y | Y | Y | Y | Y | Y | Y |
Ознаки на етикетата на производителот | C/A/72 | C/A/71 | E/A/71 | E/A/72 | E/A/71 | C/A/67 | E/B/70 |
сув терен 20% | 2,4 | 1,9 | 1,7 | 2,0 | 2,2 | 1,8 | 2,5 |
влажност 40% | 1,7 | 2,0 | 2,3 | 2,2 | 2,6 | 2.7 | 2.7 |
звук 10% | 3,6 | 2,9 | 3,1 | 2,8 | 3,1 | 3,1 | 2,9 |
потрошувачка на гориво 10% | 2,1 | 1,9 | 1,9 | 2,4 | 1,9 | 1,6 | 2,4 |
абење 20% | 2,0 | 2,0 | 2,0 | 2,0 | 2,0 | 2,0 | 2,0 |
Вкупна оцена 100% | 2,1 | 2,1 | 2,2 | 2,2 | 2,6 | 2,7 | 2,7 |
Препорака на ÖAMTC | **** | **** | **** | **** | *** | *** | *** |
(+) добри при влажност, најдобра оцена при абење, добри на сув коловоз |
(+) најдобра оцена при абење, многу добри на сув коловоз и при потрошу- вачка, добри при влажност |
(+) најдобра оцена при абење, мн.добри на сув коловоз и потро- шувачка, добри при влажност |
(+) најдобра оцена при абење, добри на сув коловоз и при влажност |
(+) најдобра оцена при абење, мн.добри при потрошувачка, добри на сув коловоз (-) лесни слабо- сти при влажност |
(+) најдобра оцена при абење и потрошувачка, добри за сув коловоз (-) лесни слабо- сти при влажност |
(+) најдобра оцена при абење, добри на сув (-) лесни слабости при влажност |
ЛЕТНИ ГУМИ 2020 ДИМЕНЗИИ; 235/55 R17 103 W/Y
Michelin
Primacy 4 |
Bridgeston
Turanza T005 |
Maxxis Premitra 5 | Pirelli Cinturato P7 | Hankook Ventus Prime 3 | FalkenAzenis FK510 | Bridgestone Potenza S001 | |
Индекс на преоптовареност | 103 | 103 | 103 | 103 | 103 | 92 | 92 |
Индекс на брзина | W | Y | W | Y | W | Y | Y |
Ознаки на етикетата | B/A/70 | A/A/72 | B/A/70 | C/A/71 | C/A/72 | E/A/69 | E/A/72 |
сув терен 20% | 2,0 | 1,9 | 1,9 | 1,7 | 2.7 | 2,9 | 1,7 |
влажност 40% | 2,2 | 2,3 | 2,4 | 2,4 | 2,4 | 2,4 | 3,0 |
звук 10% | 2,3 | 2,6 | 2,7 | 2,7 | 2,6 | 3,0 | 3,5 |
потрошувачка на гориво | 2,0 | 1,4 | 2,3 | 2.3 | 2,0 | 2,0 | 2,1 |
абење | 1,0 | 2,0 | 2,0 | 2,5 | 2,0 | 2,0 | 2,5 |
Вкупна оцена 100% | 1,9 | 2,1 | 2,3 | 2,3 | 2,7 | 2,9 | 3,0 |
Препорака на ÖAMTC | **** | **** | **** | **** | **** | *** | *** |
(+) најдобра оцена при влажност и абење, добри на сув коловоз |
(+) мн. добри на сув коловоз и при потро- шувачка, добри при влажност |
(+) мн.добри на сув коловоз и добри при влажност |
(+) најдобри на сув коловоз, добри при влажност |
(+) добри при влаж- ност (-) лесни слабости на сув коловоз |
(+) најдобра оцена при абење, добри при влажност (-) лесни слабости на сув коловоз |
(+) мн.добри на сув коловоз (-) слабости при влажност |
Препораката на ÖAMTC и редоследот на моделите се базира врз вкупната оценка што се пресметува од уделот на поединечните критериуми. Ако врз основа на неговите оценки за критериумите: сув терен, влажност, снег, мраз, потрошувачка на гориво, триење и брзо возење некој модел веќе не е „многу препорачлив“ (оценка полоша од 2,5), тогаш како вкупна оценка се зема најлошата оценка од наведените испитувања. При иста оценка редоследот е според азбучен ред и тоа според називот на производителот.
Kumho Ecsta PS71 | Nokian Powerproof | PirelliP Zero | Тoyo Proxes Sport | Hankook Ventus S1 evo3 1) | Cooper ZeonCS-Sport 2) | Rotalla SetullaS-Pace RU01 | Semperit Speed-Life 2 SUV | Yokohama BluEarth RV-02 | |
Индекс на преоптовареност | 92 | 92 | 92 | 92 | 92 | 92 | 92 | 103 | 103 |
Индекс на брзина | Y | Y | Y | Y | Y | Y | Y | Y | W |
Ознаки на етикетата | Е/A/72 | C/A/69 | E/A/72 | E/A/71 | C/A/72 | E/A/70 | C/B/69 | C/C/42 | C/A/70 |
сув терен 20% | 2,4 | 2,4 | 1,3 | 2,0 | 2,0 | 2,0 | 2,9 | 2,5 | 2,6 |
влажност 40% | 2,3 | 2,4 | 1,8 | 2,8 | 3,1 | 3,3 | 3,6 | 2,7 | 2,7 |
звук 10% | 3,3 | 2,8 | 2,9 | 2,9 | 3,4 | 3,2 | 2,8 | 2,6 | 2,1 |
потрошувачка на гориво | 2,0 | 2,0 | 2,7 | 2,0 | 1,8 | 2,5 | 1,6 | 1,9 | 2,6 |
абење | 3,0 | 3,0 | 3,0 | 3,0 | 2,5 | 2,0 | 2,0 | 1,0 | 2,0 |
Вкупна оцена 100% | 3,0 | 3,0 | 3,0 | 3,0 | 3,1 | 3,3 | 3,6 | 2,7 | 2,7 |
Препорака на ÖAMTC | *** | *** | *** | *** | *** | *** | ** | *** | *** |
(+) добри на сув коловоз и при влажност (-) слабости при абење |
(+) добри на сув коловоз и при влажност (-)слабости при абење |
(+)најдобри на сув коловоз, мн.добри при влажност (-) слабости при абење, лесни слабости при потрошувачка |
(+) добри на сув коловоз (-) слабости при абење, лесни слабости при влажност |
(+) мн.добри при потрошувачка, добри на сув коловоз (-) слабости при влажност |
(+) најдобра оцена при абење, добри на сув коловоз (-) слабости при влажност |
(+) најдобра оце- на при потрошу- вачка и абење (-) слаби при влажност, лесни слабости на сув коловоз |
(+) најдобра оцена при абење, мн.добри при потрошувачка, добри за сув коловоз (-) лесни слабости при влажност |
(-) лесни слабости на сув коловоз, при влажност и потрошу- вачка |
Continental EcoContact 6 |
Esa+Tecar Sprint Pro |
Kumho Ecsta HS51 |
Kleber Dynaxer HP3 1 |
Laufenn S-Fit EQ 2 |
|
Индекс на преоптовареност | 103 | 103 | 103 | 103 | 103 |
Индекс на брзина | Y | W | W | W | W |
Ознаки на етикетата | A/A/72 | C/B/72 | C/C/69 | C/B/72 | C/B/72 |
сув терен 20% | 2,0 | 2,4 | 3,0 | 2,4 | 2,1 |
влажност 40% | 2,8 | 2,8 | 2,2 | 3,3 | 5,0 |
звук 10% | 2,3 | 2,5 | 2,5 | 3,3 | 2,3 |
потрошувачка на гориво | 1,2 | 2,1 | 2,5 | 1,8 | 2,5 |
абење | 1,0 | 1,0 | 2,5 | 2,0 | 2,0 |
Вкупна оцена 100% | 2,8 | 2,8 | 3,0 | 3,3 | 5,0 |
Препорака на ÖAMTC | *** | *** | *** | *** | * |
(+) најмала потрошу- вачка, најдобра оце- на при абење, добри на сув коловоз (-) лесни слабости при влажност |
(+) најдобра оцена при абење, добри на сув коловоз (-) лесни слабости при влажност |
(+) најдобра оцена при влажност (-) слабости на сув коловоз |
(+) мн.добри при потрошувачка, добри на сув коловоз (-) слабости при влажност |
(+) добри на сув коловоз (-) многу слаби при влажност |