Тест на зимски гуми 2020- Внимание, опасност од лизгање

01/12/2020

Добро опремени во пресрет на зимата: нашиот тест за зимски пневматици во две димензии ги покажува силните и слабите страни на актуелните модели на пневматици.

од Гинтер Рауекер

 

НЕОЧЕКУВАНОТО ЧЕСТО СЕ СЛУЧУВА – особено се однесува на зимата и на нејзините непредвидливи временски услови. Иако во последните години на многу места немаше студена сезона, секогаш мора да се земе предвид дека ќе има снег. Па дури и ако патот не е бел, зимските пневматици во споредба со летните овозможуваат подобро прилепување при ниски температури, особено на влажни коловози. Први ноември (во Република Северна Македонија 15 ноември) е ден кога во сила стапува „обврската за зимска опрема во зависност од ситуацијата“ (да, токму така стои во Законот за патен сообраќај). Тоа значи дека при зимски услови за возење – ова, исто така, вклучува и утринска голомразица – дозволено е да се биде на пат само со зимски гуми. Нивна алтернатива (што и не се препорачува) се синџири за снег на летни пневматици.

Во секој случај, за зимските пневматици не е доволно да ги имаат буквите m + s или симболот на снегулката на страничниот дел од гумата. Ако длабочината на профилот е помала од четири милиметри, тогаш пневматикот повеќе не се смета за зимски.

Патем, двата симбола имаат различни објаснувања: за симболот m + s нема пропишано посебни карактеристики и тој едноставно е доделен од производителот на пневматици, за снегулката мора да се докаже минимална соодветност за во зима. Ова се одредува со споредување со даден референтен пневматик.

Уште еден поглед отстрана: И во Германија постои обврска за зимски пневматици, но таа не важи само за одреден временски период (во Австрија од 1 ноември до 15 април), туку секогаш кога постојат зимски услови за возење. И бидете внимателни, во Германија зимскиот пневматик (со преоден период), мора да биде обележан со снегулка, не е доволно само m + s. Ако често возите сопствено возило во Германија, кога купувате пневматици обрнете внимание и на овој детаљ.

Димензија 205/55 R16 за компактната и за подолната средна класа Класичен пример за оваа големина на возилото е VW Golf. Затоа ова возило служеше како тест-возило за тестот на ÖAMTC и за неговите европски партнерски клубови. Од 15 тестирани модели, најмалку пет успеаја да ја добијат оценката на ÖAMTC „многу препорачливи“. На врвот на тест-листата се најде Bridgestone, кој убедливо води на влажни коловози, но покажува и највисоко ниво на абење. Ова е помалку релевантно за возачите што ретко се на пат, па затоа за нив претставува добар избор.

Возачите што често се на пат треба да обрнат внимание: од пневматици што се „многу препорачливи“, Michelin ја постигна највисоката предвидена километража со околу 43.000 километри. Добри резултати како Michelin постигнаа и Dunlop и Hankook во врвната група на суви коловози, но може да се соодветни и на влажни или на коловози завеани со снег. Maxxis постигна добри оценки на снег и на тестот за абење.

„Препорачливите“ модели покажуваат постојано мали недостатоци на суви коловози, Falken дополнително не е многу успешен на снег, а Sava и Giti при влажни коловози.Semperit се „условно препорачливи“. Неговите недостатоци се преголеми на суви коловози. Штета бидејќи Semperit се убедливи на влажни коловози. На снег се меѓу првите три на тестот.

Оваа година на тестот за зимски пневматици со King Meiler беше претставен целосно вулканизиран пневматик. Вулканизиран значи дека шарата на употребениот пневматик е целосно отстранета и потоа на преостанатата структура со помош на посебен процес се става нова шара со летен или зимски профил. Еколошкиот аспект и поволната цена зборуваат во корист на купувањето вулканизиран пневматик. Сепак, нема препорака за King Meiler. Фридрих Епел, експерт за гуми на ÖAMTC, вели: „Пневматикот е многу слаб при влажни услови и не може да се покаже ниту на суви коловози. Тоа е штета бидејќи одличните вредности на абење зборуваат во прилог на овој модел од гледна точка на одржливост.“ Од почетокот на годинава King Meiler се произведува со нова мешавина на шарите, но пробниот пневматик беше произведен во 2019 година. Tristar, исто така, е „непрепорачлив“. Особено е разочарувачки на влажни коловози, но дури ни на снег не го постигнува тоа што би го очекувале од зимски пневматик.

Димензија 235/55 R17 за SUV-возила од средна класа и комбиња.

Зимските пневматици се задолжителни, особено за SUV-возила со четири погонски тркала. Нагоре по планината, на снежни коловози, погонот на сите тркала ги обелува недостатоците на пневматици, но најдоцна (а често и нешто порано) при возење по удолница почнува лизгањето. Дури и пневматиците за сите сезони со симболот m + ѕ не може да се докажат во зимски услови, како што покажа тестот со иста големина на пневматици во септемвриското издание на Аuto Touring.

Меѓу тестираните 13 зимски пневматици,особено Michelin беше убедлив и постигна оценка „многу препорачливи“. Тој е единствен модел што успеа да добие многу добар, па дури и одличен рејтинг според сите главни критериуми. Тест-автомобилот, Ford Kuga, може прецизно да се управува по суви коловози и нуди добри безбедносни граници, дури и ако дојде до сложен маневар на избегнување. Дури и на влажни коловози е особено убедлив при управување, но изгуби поени при аквапланинг на свијоци. Тој триумфираше на снег и со тоа си го обезбеди најдобриот резултат од сите тестирани кандидати.

Единаесет модели добија оценка „препорачливи“ и грубо може да се поделат во три групи. Goodyear, Kleber и Bridgestone се девалвираат поради малите недостатоци на суви коловози и помалку можат да ги воодушеват чувствителните возачи што често се на суви автопатишта, дури и ако можат да убедат во сите други главни категории. Goodyear и Kleber даваат добри резултати на влажни и на снежни коловози, а Bridgestone импресионира на влажни коловози и со тоа си обезбеди најдобар резултат од сите тестирани гуми.

Втората група „препорачливи“ пневматици е идеална за региони со помалку снег: Dunlop и Vredestein покажуваат добри резултати на суви и на влажни патишта, но на снег послабо се контролираат и не можат оптимално да ги комбинираат влечењето и контролата на правецот. Во третата група се наоѓаат шест модели на пневматици што покажуваат мали недостатоци во најмалку два главни критериума: Esa+Tecar и Cooper на суви и на влажни коловози, Nokian на влажни и на мраз, Continental не може да постигне ниедна препорачлива оценка на суво и на снег. Pirelli лесно ослабува на суви коловози, на снег и на мраз, Fulda на суви, на влажни коловози и на снег. Моделите од оваа трета група, може да бидат задоволителна варијанта, но треба да се прифатат некои помали недостатоци во неколку главни критериуми.

Во димензијата на SUV Semperit е само „условно препорачлив“. Експертот за пневматици Епел објаснува: „Малите недостатоци би биле доволни за оценката ‘препорачливи’ на влажни коловози и на снег. Но моделот покажува поголеми недостатоци на суви коловози, кои го ставија на место на крајот на табелата.“ Повеќе не помага дури ни врвната вредност при абење.

Повеќе информации на www.oeamtc.at/tests

 

Тест на зимски пневматици 2020: Димензија 205/55 R16 91H за компактни возила и за подолната средна класа
ÖAMTC КРИТЕРИУМИ
Bridgestone Blizzak
LM005
Michelin Alpin 6 Dunlop Winter Sport 5 Hankook i*cept RS2 Maxxis Premitra
Snow WP6
Falken Eurowinter
HS01
Continental
WinterContact TS860
Goodyear UltraGrip
9+
Sava Eskimo HP2 Toyo Observe S944 Pirelli Cinturato
Winter
Giti GitiWinter W1 Semperit Speed-
Grip 3
King-Meiler Winter
Tact WT81
Tristar Snowpower
HP
Ознаки на етикетата според производителот/
отпор при превртување/
адхезија при влага/надворешен звук
 C/A/71  C/B/69  C/B/69  E/B/72  E/B/70  C/A/67 E/B/70 C/B/71 C/C/71 E/B/69 E/B/66 E/B/70 C/B/72 C/B/71 C/C/70
 сув терен 15%  2,1  2,5  2,5  2,5  2,0  2,9 3,0 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,7 3,7 2,2
 влажност 30%  1,3  2,0  2,3  2,0  2,3  2,3 1,8 2,0 3,1 2,5 2,2 3,3 2,1 5,4 5,5
 снег 20%  2,1  2,1  2,0  2,1  2,5  2,7 2,0 1,8 2,5 2,3 1,8 2,0 1,9 2,9 4,3
 мраз 10%  2,4  2,2  2,3  2,4  2,3  2,4 2,2 2,5 2,3 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,5
 звук 5%  2,9  2,6  3,0  3,2  2,5  3,0 2,5 2,8 3,0 2,5 2,5 3,0 2,5 3,4 2,9
 потрошувачка на гориво 10%  2,0  2,1  1,8  1,9  2,2  2,4 2,2 1,9 1,9 1,9 2,2 2,1 2,0 2,1 2,0
 абење 10%  2,5  1,5  1,5  2,0  2,5  2,0 2,5 2,5 2,0 2,5 2,5 2,0 2,5 1,0 2,5
 Вкупна оцена 100%  2.0  2,1  2,2  2,2  2,4  2,9 3,0 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,7 5,4 5,5
 Препорака на ÖAMTC  **** **** **** ****  ****  *** *** *** *** *** *** *** ** * *
 (+) најдобри при
влажност, добри на сув
коловоз и на снег
 (+) многу добри при
абење, добри на сув
коловоз при влажност
и на снег
 (+) најниска потрошу-
вачка, многу добри
при абење, добри
на сув коловоз, при
влажност и на снег
 (+) многу добри во
потрошувачка, добри
на сув коловоз, при
влажност и на снег
 (+) најдобри
на сув коловоз, добри
при влажност и на снег
 (+) добри при
влажност
(-) мали недостатоци на
сув коловоз и на снег
(+) многу добри при
влажност, добри на снег
(-) недостатоци на сув
коловоз
(+) најдобри при
влажност, добри на сув
коловоз и на снег
(-) недостатоци на сув
коловоз
(+) многу добри при
абење, добри на сув
коловоз при влажност
и на снег
(-) недостатоци на сув
коловоз
(+) најниска потрошу-
вачка, многу добри
при абење, добри
на сув коловоз, при
влажност и на снег
(+) многу добри во
потрошувачка, добри
на сув коловоз, при
влажност и на снег
(+) најдобри
на сув коловоз, добри
при влажност и на снег
(+) добри при
влажност
(-) мали недостатоци на
сув коловоз и на снег
(+) многу добри при
влажност, добри на снег
(-) недостатоци на сув
коловоз
(+) најдобра оцена
при абење, добри при
влажност
(-) лесни слабости на
сув коловоз

 

Тест на зимски пневматици 2020: Димензија 235/55 R17 91H за СУВ-возила и комбиња
ÖAMTC    КРИТЕРИУМИ
Michelin Pilot Alpin 5 Esa+Tecar Supergrip
Pro
Goodyear UltraGrip
Performance +
Dunlop Winter Sport
5 SUV
Vredestein Wintrac Pro Nokian WR
Snowproof*)
Bridgestone Blizzak
LM005
Kleber Krisalp HP3 Pirelli Winter
Sottozero 3
Cooper Discoverer
Winter
Fulda Kristall Control
SUV
Continental
WinterContact
TS850P
Semperit Speed-Grip
3 SUV
Ознаки на етикетата според производителот/
отпор при превртување/
адхезија при влага/надворешен звук
C/B/68 C/C/72 C/C/71 C/B/69 C/B/72 C/B/69 B/A/72 C/B/69 C/B/72 C/C/69 C/C/70 C/C/72 E/C/72
сув терен 15% 1,9 2,7 2,7 2,2 2,2 2,5 3,0 3,0 3,0 3,1 3,1 3,4 3,9
влажност 30% 2,3 2,6 2,2 2,5 2,3 2,9 1,5 2,4 2,3 3,1 3,1 1,9 2,7
снег 20% 1,8 2,2 2,3 2,8 2,8 2,5 2,2 2,0 2,6 2,2 2,6 2,7 2,6
мраз 10% 2,4 2,3 2,4 2,5 2,4 2,7 2,4 2,4 2,7 2,4 2,4 2,5 2,3
звук 5% 3,0 3,5 2,9 3,3 3,2 2,7 3,0 2,9 3,4 3,0 2,6 3,1 3,1
потрошувачка на гориво 10% 2,1 2,3 1,8 2,2 2,1 2,1 1,8 2,0 2,3 1,9 2,0 2,1 1,9
абење 10% 1,5 0,8 1,5 1,5 2,0 2,0 2,0 2,5 2,5 2,5 2,0 1,5 0,8
Вкупна оцена 100% 2,1 2,7 2,7 2,8 2,8 2,9 3,0 3,0 3,0 3,1 3,1 3,4 3,9
Препорака на ÖAMTC **** *** *** *** *** *** *** *** *** *** *** *** **
(+) најдобри при
влажност, добри на сув
коловоз и на снег
(+) многу добри при
абење, добри на сув
коловоз при влажност
и на снег
(-) мали недостатоци на сув
коловоз и влажност
+) најниска потрошу-
вачка, многу добри при
абење, добри на сув
коловоз, при влажност
и на снег
(-) мали недостатоци на
сув коловоз
(+) многу добри во
потрошувачка, добри
на сув коловоз, при
влажност и на снег
(-) мали недостатоци
на снег
(+) најдобри
на сув коловоз, добри
при влажност и на снег
(-) мали недостатоци на снег
(+) добри при влажност
(-) мали недостатоци на
сув коловоз и на снег
(+) многу добри при
влажност, добри на снег
(-) недостатоци на сув
коловоз
(+) добри при
влажност и на снег
(+) добри на сув коло-
воз и при влажност
(-) слабости при абење
(+) добри на сув коло-
воз и при влажност
(-)слабости при абење
(+)најдобри на сув
коловоз, мн.добри при
влажност
(-) слабости при абење,
лесни слабости при
потрошувачка
+) добри на сув
коловоз
(-) слабости при абење,
лесни слабости при
влажност
(+) мн.добри при
потрошувачка, добри
на сув коловоз
(-) слабости при
влажност

 

***** **** *** ** *
Сув терен, влажност,
снег, мраз,
потрошувачка на
гориво, абење
0,6-1,5 1,6-2,5 2,6-3,5 3,6-4,5 4,6-5,5
Вкупна оценка 0,6-1,5 1,6-2,5 2,6-3,5 3,6-4,5 4,6-5,5

 

Препорака на ÖAMTC ***** = извонредни **** = многу препорачливи  *** = препорачливи ** = условно препорачливи * = непрепорачливи

 

Индекс на брзина: H: до 210 км на час, V: до 240 км на час Индекс на оптоварување: 91 = 615 кг, 103 = 875 кг Препорака на ÖAMTC: Препораката на ÖAMTC и редоследот на моделите се базира врз вкупната оценка што се пресметува од евалуацијата на поединечните критериуми. Доколку некој модел врз основа на неговите оценки за критериумите сув терен, влажност, снег, мраз, потрошувачка на гориво, абење не е веќе „многу препорачлив“ (оценка помала од 2,5), тогаш како вкупна оценка се зема најмалата оценка од наведените испитувања. При иста оценка, редоследот е азбучен според називот на производителот. Учество на критериуми: Сув терен 15% (однесување при возење 40%, безбедност при возење 40%, сопирање 20%), влажност 30% (сопирање 30%, аквапланинг надолжно 20%/, аквапланинг попречно 10%, управување 30%, странично водење 10%), снег 20% (сопирање 40%, тргнување 20%, управување 40%), мраз 10% (сопирање 60%, странично водење 40%), звук 5% (надворешен звук 50%, внатрешен звук 50%), потрошувачка на гориво 10%, абење 10%.

 

 

 

 

Превземено од ÖAMTC

ПОВРЗАНИ СТАТИИ