Држава | Употреба на средни светла дење | Детски седишта | Зимска опрема |
Албанија | Не е задолжително | Детски седишта се задолжителни за деца под 12 години на предно седиште и за деца под 4 години на задно седиште | Нема закон за зимски гуми, но задолжително е поседување на синџири во период од 1-ви ноември до 30-ти април |
Австрија | Не е задолжително | Специјални детски седишта или ремени за деца под 14 години или пониски од 1,50м да се користат и на задните седишта. Деца под 1,35м не смеат да патуваат без соодветен безбедносен систем (ремен, детско седиште) | Задолжителни зимски гуми на 4 тркала од 1-ви ноември до 15-ти април или летни гуми со синџири. |
Белгија | Не е задолжително | Деца под 1,35метри треба да користат детско седиште соодветно според нивната големина и тежина. Ако нема седиште, дете на возраст од 3 и повеќе, пониско од 1,35м мора да се вози на задното седиште, со користење на ремен или друг безбедносен систем. Деца помали од 3 години не смеат да се возат без детско седиште. | Нема определено, употреба според временските услови |
Бугарија | Задолжително | Деца на возраст под 3 не смеат да се транспортираат во возила кои не се опремени со детски седишта. Деца на возраст од 3 или повеќе, пониски од 150см, можат да патуваат во возило без детски седишта, но тие мора да седат на задните седишта. | Нема определено. Се препорачуваат зимски гуми на 4 тркала, а во планините синџири на погонски тркала. Употреба според временските услови. |
Германија | Не е задолжително, но се препорачуваат | Дете до 12 години возраст и пониски од 1,50 м мора да бидат во детско седиште или да користат безбедносен уред. кога детското седиште не е достапно, дете од 3 години и повеќе мора да користи ремен или друг одобрен безбедносен систем на задните седишта на возила. Деца под 3 години не можат да бидат транспортирани во возило без детско седиште. | Задолжителни се зимски гуми на 4 тркала. |
Грција | Не е задолжително | Деца под 3 години мора да бидат ставени во одобрено детско седиште, соодветно за нивната тежина. Деца на возраст помеѓу 3 и 11 години, пониски од 1,35 метри мора да бидат сместени во соодветни детски седишта. Деца од 12 години, повисоки од 1,35 метри можат да ги користат ремените за возрасни. | Нема определено, употреба од ноември до март. |
Данска | Задолжително | Бебињата и деца под 12 години мораат да патуваат во детско седиште (уред) соодветен за нивната големина. | Зимски гуми на 4 тркала, употреба според временските услови. |
Естонија | Задолжително | Деца до 36 килограми и до 1,50 см, кои патуваат во италијански- регистрирани возила мора да бидат поставени во безбедносен систем прилагодени на нивната големина и тежина. Деца до 9 кг мора да бидат сместени во детски седишта свртени наназад. За странски регистрирани автомобили, се применуваат прописите што се во земјата на потеклото. | Зимски гуми, употреба од 1-ви декември до 1-ви март. |
Италија | Задолжително за патиштата надвор од населени места | Деца пониски од 1,50 м мора да користат специјално седиште или лента за во скут (преку стомак) како додаток на ременот за возрасни. | Зимски гуми на 4 тркала, употреба 15-ти ноември до 15-ти април. Во подрачјето на Val D’Aosta употреба од 15-ти октомври до 15- април. |
Латвија | Задолжително | Деца под 12 години не е дозволено да се возат на предните седишта на автомобили, освен ако не користат безбедносен систем соодветен на нивната големина. Деца под 3 години мора патуваат на предно седиште сместени во соодветно детско седиште и доколку е свртено наназад воздушното перниче мора да е деактивирано. | Зимски гуми на 4 тркала, употреба 1-ви декември до 1-ви март. |
Литванија | Задолжително | Деца под 3 години мора да биде поставен во лиценцирано детско седиште (освен ако се во автобусот). Деца од 3 до 17 години, до 1.50 м мора да седат со соодветен безбедносен систем за врзување. Ако е нивната тежина над 36 килограми можат да ги користат сигурносните ремени или стомачни ремени на задните седишта. | имски гуми, употреба од 10-ви ноември до 1-ви април. |
Луксембург | Не е задолжително, но се препорачуваат | Деца пониски од 135 см мораат да бидат сместени во соодветно седиште. доколку е свртено кон назат воздушното перниче мора да е деактивирано. Се препорачува деца под 4 години да се сместат во седишта свртени кон назад или на задните седишта од возилото. Деца високи помеѓу 135 см и 150 см можат да користат ремени за возрасни со соодветни седишта (a booster seat) | Зимски гуми на 4 тркала, употреба според временските услови. |
Норвешка | Задолжително | Деца под 12 години и пониски од 1,50 м треба да се врзат со ремен соодветен на нивната големина или да седат во посебно лиценцирано седиште. Ако автомобилот е опремен со воздушни перничиња на предните седишта, забрането е да се постави дете на совозачкото седиште во детско седиште свртено кон назад. | Зимски гуми не се задолжителни, но кога се користат треба да бидат поставени на сите 4 тркала. Возила со летни гуми мораат да користат синџири кога има снег или мраз на коловоз. Товарни возила мораат да користат зимска опрема од 15-ти ноември до 31-ви март. |
Полска | Задолжително | Деца под 12 години не е дозволено да патуваат на предното седиште на возилото. Деца под 3 години мора да бидат во детско седиште соодветно на нивната големина. деца под 12 години и пониски од 1,50 метри мора да бидат ставени во безбедносен уред (седиште) соодветни за нивната големина и тежина. | Нема определено, употреба според временските услови. |
Романија | Задолжително за патиштата надвор од населени места | Деца под 12 години (и пониски од 1,50 метри) не е дозволено да патуваат на предните седишта на возила. Детски седишта задолжителни за деца под 36 кг. | Нема определено, употреба според временските услови. |
Словачка | Задолжително | Деца под 12 години, пониски од 1,50 метри, во возила регистрирани во Словенија или во странство, мора да користат специјални ремени прилагодени на нивната големина или специјални детски седишта, како во предниот така и во задниот дел од возилото. Детскиот безбедносен систем мора да одговара на ECE стандард 44/03 или 44/04. Во возилата без задни или предни ремени, децата мора да користат задни седишта. деца под 3 години не можат да патуваат во возила каде нема детско седиште. | Зимски гуми на сите 4 тркала за патишта покривени со снег или мраз. За товарни возила зимска опрема од 15-ти ноември до 31–ви март. |