ГЕРМАНСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ BMW СЕ ЗБОГУВА СО СВОЕТО СПОРТСКО КУПЕ, МОДЕЛОТ М2 СО ИЗВЕДБА КОЈА ДОАЃА СО ЛЕСНА КОНСТРУКЦИЈА И ЗГОЛЕМЕНИ ПЕРФОРМАНСИ, ПОДГОТВЕНА И КОМПЛЕТНО ФОКУСИРАНА НА ПАТЕКАТА ВО ФОРМА НА КЛУБ СПОРТ МОДЕЛОТ CS.
Моделот М2 e базиран на серијата 2 која беше лансирана на пазарот во 2015 година. Под неговиот преден поклопец се наоѓа линискиот 6 цилиндричен агрегат кој потекнува од поголемиот брат, моделот М3. Но, во оваа прилика тој има дополнителни надградби со што СЅ изведбата треба да ја направи еден од најфокусираните возачки автомобили од арсеналот на компанијата.
ЛЕСНИ МАТЕРИЈАЛИ ВО СЛУЖБА НА ФУНКЦИОНАЛНОСТА
Она што го одделува M2 CS од стандардниот модел се големиот број доработки на надворешноста кои вклучува елементи изведени во карбон-фибер. Тука спаѓаат покривот и поклопец на мотор, на кој, пак, има дополнителен отвор за воздух. Останатите измени вклучуваат нови елементи на предниот браник, спојлер на багажникот и мултиканален дифузор, сите изработени од карбонски влакна, основната функција на овие елементи е намерата да се намали тежината и добие подобрена аеродинамика.
Од внатрешната страна, М2 CS добива пар седишта, така наречени „кади“ направени во комбинација од кожа и алкантара со контрастно црвено зашивање. Управувачот е, исто така, завиткан во алкантара, како и централната конзола, која како и многуте делови на надворешноста е изработена од карбонски-влакна, што ја прави за 50% полесно од стандардната.
ПЕРФОРМАНСИТЕ ВО ПРВ ПЛАН
Со цел да се добие можниот максимум BMW го замени агрегатот од М2 со познатата работна единица која носи кодна ознака S55. Тоа е трилитарскиот агрегат кој поседува шест цилиндри поставени во линија потпомогнат од два турбо полначи идентичен како кај моделите М3 и М4. Што занчи дека овој агрегат испорачува вкупно 450 КС и 550 Нм влечна сила. Како стандард, BMW го испорачува M2 CS со шестстепен мануелен менувач, а како опција може да се нарача и со седумстепен М автоматски менувач со двојна спојка.
Изведбата на M2 CS со рачен менувач забрзува до 100 км/ч за 4,2 секунди, додека верзијата со автоматски менувач е побрза за 0,2 секунди, максималната брзина која се достигнува е еднаква на 280 км/ч. Системот за спроведување на издувни гасови е, исто така, ревидиран со двојни издувни цевки кои произведуваат далеку поспортски и длабок звук.
НАЈДОБРИТЕ СОСТОЈКИ ЗА МАКСИМАЛНО УЖИВАЊЕ
Подвозјето е, исто така, доработено за да може да одговори на дополнителната моќ со која треба да се носи. Стандардната опрема ги вклучува Active M диференцијалот и Adaptive M суспензијата, овозможувајќи три режими на возење: comfort, sport и sport+. Керамичките сопирачки од карбонски елементи се понудени како опција додека стандарднo доаѓа со М sport сопирачки.
Деветнаесет инчните леснометални бандажи како стандард доаѓаат со висок сјај во џет црн финиш, а златната мат финиш боја е понудена како дополнителен избор, нивната тежина е под 10 килограми, поединачно. На располагање се гуми со високи перформанси од типот Michelin Sport Cup 2 со димензии: 245/35 напред и 265/35 за задните тркала. Ако тркачките гуми се премногу радикални, можете бесплатно да се одлучите за Michelin Pilot Super Sport кои се попрактична опција за секојдневно користење.
Изведбата M2 CS ќе се произведува во лимитиран период од само една година, се смета дека бројката на примероци нема да биде поголема од 20.000. Овој модел, наменет пред сè на ентузијастите со сите ново проектирани подобрувања и вградени елементи, доаѓа со почетна цена од 95.000 евра.
ВЕРЗИЈА ЗА ТРКАЧКА ПАТЕКА
Воедно, паралелно со претставувањето на M2, CS компанијата ја прикажа и неговата натпреварувачка верзија која е наменета за куп натпревари, наречена M2 CS Racing.
Користејќи ја совршената база на M2 CS во тесна соработка со инженерите на BMW Motorsport искористени се многу од елементите што се употребени и при развојот на тркачката верзија M4 GT4 со што е овозможено да се постават тотално нови стандарди во класата.
Со изведбата BMW M2 CS Racing се продолжува традицијата со која на амбициозните тимови и возачи им се обезбедува максимум од базен автомобил со импресивни перформанси и најнова технологија подготвена од стручњаците на BMW Motorsport што ги исполнува сите барања за еден врвен тркачки автомобил, подобар од кој било претходен модел.