HAVAL H6-ОБНОВУВАЊЕ НА ДИЗАЈНОТ

09/05/2024

Марката Хавал е релативно непозната на нашиов пазар. Доаѓа од Кина и е дел од далеку поголемата компанија Грејт Вол. Веднаш треба да напоменеме еден податок пред да продолжиме со текстот за обновувањето на моделот „х 6“. Дека Хавал е сериозен производител кој размислува да ги продава своите модели насекаде во светот, говори следниов податок. „Хавал х 6“ има добиено пет ѕвезди за време на краш тестирањата од страна на АНКАП. На континентов ја има лабораторијата наречена ЕНКАП (ЕуроНКАП), а во Азија таа иста институција е АНКАП (или АзијаНКАП). Тоа во „превод“ значи дека возилата од марката Хавал го достигнале нивото на светскиот стандард  не секое возило добива пет ѕвезди на краш тестовите.

„Хавал х 6“ е сув од средно високата класа со димензии над 4,6 м. Редизајнираниот „хавал х 6“ сега има должина од 4.758 мм што е за цели 103 мм повеќе отколку во моделот на заминување, ширина и висина 1.895, односно 1.725 мм. И во погонските единици има мало поместување – 2,0 литарскиот турбо мотор ќе има зголемување од околу 25 КС. Овие бројки го откриваат следново, „хавал х 6“ е директен противник на „пежо 5008“, „тојота рав 4“ и останатите од класата.

ГВМ, односно Грејт Вол Моторс очекува зацврстување на позициите на пазарите каде моделите од марката Хавал веќе имаат добра продажба, а на останатите пазари како и на нашиов му преостанува само да се докажува. Засега не е познато кога обновениот модел ќе стаса кај нас.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ