Меѓународна соработка

EuroRAP – АМСМ e член од 2007 година

EuroRAP односно Европската Програма за Проценка на Патиштата (European Road Assessment Programme) претставува меѓународна непрофитна организација чија главна задача е назависно и конзистентно оценување на безбедноста на патиштата.

Основни цели на EuroRAP програмата се:

– Рапидно намалување на смртните случаи и сериозни повреди на Европските патишта преку програма за систематско тестирање на ризикот која ги идентификува главните безбедносни недоследности кои можат да се надминат со практични мерки за подобрување на патот
– Осигурување дека проценката на ризикот ќе биде основа на сите стратешки одлуки за подобрување на патната инфраструктура, заштита од удари и стандардите на управување со патиштата.
– Јакнење на партнерскиот однос помеѓу сите одговорни за безбеден патен систем – авто мото организациите, производителите на возила и патните авторитети.

www.eurorap.org