На крајот од летото организаторот за избор на автомобил на годината во Европа, го објави список на кандидати за престижната титула. Тој список броеше 41 кандидат, објавен во септемвриското издание од АМСМ Клуб Мобилити и не е лошо повторно да ги објавиме, колку да имате поголем и подетален преглед на збиднувањата. Ова е тој список: алфа ромео јуниор, а потоа продолжува со: ауди ку 6 е трон“, „бмв икс 2 / и икс 2“, „бјд сил у“, „цитроен ц 3 / е – ц 3“, „цитроен ц 3 еркрос“, „купра таваксан“, „купра терамар“, „дачија дастер“, „фиат гранде пунто“, „форд експлорер“, „форд турнео куриер“, „хјундаи инстер“, „хјундаи санта фе“, „кгм торес“, „киа ев 3“, „лексус л б икс“, „масерати гран турисмо“, „масерати грекале“, „мазда ц икс – 80“, „мг 3“, „мг сајберстер“, „мини купер се“, „мини кантримен“, „опел грандленд“, „опел фронтера“, „полстар 3“, „полстар 4“, „порше макан“, „рено 5“, „рено симбиоз“, „рено рафале“, „шкода суперб“, „шкода кодиак“, „смарт #3“, „сузуки свифт“, „тојота ленд крузер“, „фолксваген пасат“, „фолксваген тигуан“, „волво е икс 90“ и „икспенг г 6“.
Во ноември жирито составено од 59 членови од 22 држави од Европа, имаше задача од тие 41 (42) кандидати да одбере седум кои влегуваат во завршниот дел од изборот. Да бидат одбрани седум од 41 (42) кандидат не е ни најмалку лесно – еден куп тестирања, споредувања, потоа кое возило има предност во една категорија, кое во друга категорија и сѐ така додека не беа одбрани следниве седум возила. Почнуваме според азбучниот ред, а таму орото го води „алфа ромео јуниор“ (некогашен „милано“), потоа следат „цитроен ц 3“, „купра терамар“, „дачија дастер“, „хјундаи инстер“, „киа ев 3“ и „рено 5 / алпине а 290“. Сега секој член од жирито има на располагање 25 бодови. Најмногу може да даде 10 бодови на еден автомобил, а тие 25 бодови смее да ги подели на најмалку пет кандидати. Жирито и натаму е зафатено со работа – во моментов се на белгиско тло во местото Моте, каде ќе вршат повторни тестирања. Прогласувањето е закажано за време на салонската изложба што треба да е одржи на почетокот од 2025 (10 јануари) во Брисел, а Женева заедно со нејзината саемска манифестација ќе причекаат..
Најголемото изненадување го приредува „дачија дастер“, или можеби тоа беше неминовно затоа што бараат примерок повеќе бидејќи според статистиката тој модел е еден од најпродаваните во Европа. Сите мислеа дека токму оваа марка ќе биде најмногу купувана во државите од истокот на Европа. Сепак не е така. И покрај тоа што во државите од западниот дел имаат подобар стандард, повеќе пари, побарувачката за возилата од марката Дачија расте од ден на ден. По број на продадени автомобили од спомнатата марка, Франција убедливо води на списокот, а зад неа е Италија. Најпродаван модел на Дачија е „сандеро“ со 2,78 милиони примероци, потоа дастер со 2,26 милиони, „логан“ е на третото место со 1,97, 630.000 „докерс“ 346.000 „логи“. 93.000 „спринг“, 80.000 „џогер“ итн. Неодамна Дачија го прослави излегувањето од халите на 8 милионитиот примерок, бројка постигната откако постои Дачија. Некому можеби е чудно, но за очекување беше Дачија еден ден да биде во списокот на кандидати за автомобил на годината на континентов, а уште помалку ќе биде чудно ако победи и ја понесе титулата за 2025 година. Актуелен автомобил на годината за 2024 е „рено меган е тек“.