НАШИОТ ТЕСТ ЗА ЗИМСКИ ПНЕВМАТИЦИ ПОКАЖУВА КОИ ПНЕВМАТИЦИ СЕ ДОБРИ ЗА ДА ЈА ПОМИНЕТЕ ЗИМСКАТА СЕЗОНА: ДВЕ ДИМЕНЗИИ, 34 ПНЕВМАТИЦИ, ДВЕ ОБЈАСНУВАЊА.
ОД ГИНТЕР РАУЕКЕР
ИЗБОРОТ Е ГОЛЕМ, особено кога станува збор за пневматици од средната класа и би било добро да се погрижите и навреме да набавите нови зимски пневматици во периодот кога ви се потребни. Тоа е така, затоа што во времето во кое живееме, товарните контејнери може да заглават некаде и испораките до доверливиот продавач на пневматици да бидат одложени за одредено време. Сепак, на изборот на зимски пневматици не треба да му се пристапи неселективно: Од вкупно 34 тестирани модели на пневматици, седум се „многу препорачливи“, а 24 се „препорачливи“, но има и производи, односно модели на пневматици што не треба да се користат од безбедносни причини.
Исто така, често нема потреба да се пристапи кон избор на модел на пневматици со исклучително голема издржливост, односно голема километража, ако со вашиот автомобил во текот на годината поминувате само мал број километри, особено во зима. Би било добро да ги погледнете резултатите во нашите табели.
Во снежните региони се препорачуваат модели на пневматици со одлични својства на снег и мраз, а добрите оценки за суви и влажни коловози играат поголема улога во областите со ретки снежни врнежи.
ДИМЕНЗИЈА 195/65 R15 ЗА ДОЛНАТА СРЕДНА КЛАСА
И покрај постојаното зголемување на димензиите на пневматиците во новите возила, оваа големина е сè уште широко распространета, особено кога станува збор за зимски пневматици. Се користи за возила од пониската средна класа, како што се Opel Astra или VW Golf. Четири марки на пневматици имаат оценка „високо препорачани“. Предничат пневматиците од марките Dunlop, Goodyear, Michelin und Vredestein, кои имаат добри оценки во сите главни критериуми на оценување. Во зависност од вашиот личен возен профил, вреди да се погледнат деталите за „препорачани“ пневматици. На пример: својствата на BFGoodrich слабеат многу малку на влажен коловоз, Continental го има тоа на суви коловози, но, за разлика од тоа, постигнува врвни оценки на влажни коловози.
На најдолното место во оваа димензија е Kumho, особено што на суви коловози не е доволно убедлив, исто така, покажува и слабости на влажни коловози: само „условно препорачливо“.
ДИМЕНЗИЈА 225/50 R17 ЗА СРЕДНА КЛАСА
Двосмислениот резултат гo покажуваат поголемите димензии што се користат во возилата од средна класа, како што се Audi A4 или BMW од серијата 3. Од една страна, три пневматици добиваат резултат „многу препорачливо“ и три пневматици резултат „препорачливо“. Од друга страна, два пневматика покажуваат сериозни слабости што доведуваат до резултат „не се препорачува“. Тоа се својствата, односно карактеристиките на снег за пневматиците Goodride.
Дури и при сопирање има најлоши перформанси на теренот за тестирање, исто како и при тргнување на снег или при возење. Има слаби својства кога станува збор за справување во снежни услови. Со пневматиците Goodride, на тест-патеката за справување во снежни услови (патека покриена со снег), тест-автомобилот може да се управува само бавно и непрецизно. Во просек, тест-возачите успеаја со други пневматици да ја поминат патеката за 79 секунди, а со пневматиците Goodride им се потребни 25 секунди повеќе.
Ознаката „не се препорачува“ оди и кај пневматиците Linglong, односно покажаа сериозни слабости на влажни коловози. Ова може да се докаже со растојанијата добиени при сопирање: влажен асфалт, итно сопирање од 80 km/h. Растојанието на сопирање е речиси 11 метри подолго од најдоброто постигнато растојание со пневматиците Bridgestone.
Таму каде што со пневматиците Brodgestone веќе сте застанати, тест-возилото со пневматиците Linglong сè уште има брзина од околу 40 km/h. На врвот на табелата од добиените резултати од тестирањето се пневматиците Dunlop, Michelin и Goodyear и сите можат да се препорачаат без никакво сомнение и резерва. Сите три марки пневматици даваат добри резултати во сите главни критериуми според кои се оценуваат својствата на пневматиците. Пневматикот Dunlop е најдобар пневматик на снег, пневматиците Michelin се први на тест-полето во однос на абењето, односно километражата што може да ја поминат. Пневматиците Kleber се водечки на средината на табелата на „препорачливи“ пневматици и има само мали слабости на влажни коловози. Пневматиците Esa + Tecar се покажаа како пневматици со најниска потрошувачка на гориво.
Забележително е дека пневматиците Continental, исто како и во помалата димензија, го губат квалитетот на суви коловози, но овде губењето на тој квалитет е малку повеќе. Continental WinterContact TS 870, наследникот на тестираниот C ontinental WinterContact TS 860, веќе треба да биде достапен во продавниците. Меѓутоа, тоа не беше случај во времето во кое беа извршени тестирањата.
Тест на зимски пневматици 2021: димензија 195/65 R15 | |||||||||
ÖAMTC КРИТЕРИУМИ | |||||||||
Dunlop Winter Response 2 |
Goodyear UltraGrip 9+ |
Michelin Alpin 6 | Vredestein Wintrac |
BFGoodrich g-Force Winter 2 |
Continental WinterContact TS860 |
Bridgestone Blizzak LM005 |
Falken Eurowinter HS01 |
Laufenn i FIT LW31+ |
|
Ознаки на етикетата според производителот/ отпор при превртување/ адхезија при влага/надворешен звук |
C/B/67 | E/B/72 | C/B/69 | C/B/70 | E/B/69 | C/B/72 | C/A/71 | C/B/70 | E/C/72 |
сув терен 15% | 2,0 | 2,3 | 1,9 | 2,5 | 2,2 | 2,7 | 2,5 | 2,3 | 2,6 |
влажност 30% | 2,1 | 1,8 | 2,5 | 2,3 | 2,6 | 1,6 | 1,7 | 2,7 | 2,2 |
снег 20% | 2,0 | 2,0 | 2,2 | 2,2 | 1,9 | 1,9 | 2,8 | 2,4 | 1,9 |
мраз 10% | 2,4 | 2,0 | 2,0 | 2,0 | 2,5 | 2,5 | 2,3 | 2,4 | 2,0 |
звук 5% | 3,0 | 2,8 | 3,1 | 2,8 | 3,3 | 2,9 | 3,3 | 2,9 | 2,9 |
потрошувачка на гориво 10% | 1,8 | 2,3 | 2,0 | 1,7 | 1,7 | 2,4 | 2,0 | 2,1 | 2,2 |
абење 10% | 2,5 | 2,5 | 2,0 | 2,0 | 2,0 | 2,5 | 3,0 | 3,0 | 3,0 |
Вкупна оцена 100% | 2.2 | 2,2 | 2,3 | 2,3 | 2,6 | 2,7 | 3,0 | 3,0 | 3,0 |
Препорака на ÖAMTC | **** | **** | **** | **** | *** | *** | *** | *** | *** |
(+) многу добри за потрошувачка на гориво, добри на сув и влажен коловоз, добри на снег |
(+) многу добри на влажен коловоз, добри на сув коловоз, добри на снег |
(+) најдобри на сув ко- ловоз, најдобра оценка при абење, добри на влажен коловоз, добри на снег |
(+) најдобра оценка за потрошувачка на гориво и при абење, добри на сув и на влажен коловоз, добри на снег |
(+) најдобра оценка на снег, за потрошувачка на гориво и при абење, добри на сув коловоз (-) мали недостатоци на влажен коловоз |
(+) најдобра оценка на снег, најдобри на влажен коловоз (-) мали недостатоци на сув коловоз |
(+) многу добри на влажен коловоз, добри на сув коловоз (-) мали недостатоци на снег, недостатоци при абење |
(+) добри на сув коловоз и на снег (-) мали недостатоци на влажен коловоз, недостатоци при абење |
(+) најдобра оценка на снег, добри на влажен коловоз (-) мали недостатоци на сув коловоз, недостатоци при абење |
ÖAMTC КРИТЕРИУМИ | |||||||
MaxxisPremitra Snow WP6 | Yokohama BluEarth*Winter V906 |
BarumPolaris 5 | Nokaian WR Snowproof |
General Tire Altimax Winter 3 |
GT-Radial Winterpro 2 |
KumhoWintercraft WP51 |
|
Ознаки на етикетата според производителот/отпор при превртување/ адхезија при влага/надворешен звук |
Е/Б/70 | Е/B/69 | C/C/72 | C/B/69 | E/C/72 | E/B/70 | E/C/70 |
сув терен 15% | 2,2 | 2,1 | 3,0 | 2,5 | 3,4 | 3,5 | 3,6 |
влажност 30% | 2,3 | 3,1 | 3,2 | 3,3 | 3,5 | 3,5 | 3,0 |
снег 20% | 2,6 | 2,2 | 2,0 | 2,3 | 1,9 | 2,4 | 2,5 |
мраз 10% | 2,4 | 2,4 | 2,0 | 2,2 | 2,1 | 2,4 | 2,4 |
звук 5% | 2,6 | 3,1 | 2,8 | 2,9 | 2,7 | 2,7 | 3,2 |
потрошувачка на гориво 10% | 2,3 | 2,1 | 1,9 | 1,8 | 1,7 | 2,1 | 2,5 |
абење 10% |
3,0 | 3,0 | 2,5 | 2,5 | 2,0 | 3,0 | 2,5 |
Вкупна оцена 100% | 3,0 | 3,1 | 3,2 | 3,3 | 3,5 | 3,6 | 5,5 |
Препорака на ÖAMTC | *** | *** | *** | *** | *** | ** | ** |
(+) многу добри при влажност, добри на снег (-) недостатоци на сув коловоз |
(+) добри при влажност и на снег |
(+) добри на сув коло- воз и при влажност (-) слабости при абење |
(+) добри на сув коло- воз и при влажност (-)слабости при абење |
(+)најдобри на сув коловоз, мн.добри при влажност (-) слабости при абење, лесни слабости при потрошувачка |
(+)добри на снег (-) недостатоци на сув и на влажен коловоз, недостатоци при абење |
(+) добри на снег (-) недостатоци на влажен коловоз, недостатоци на сув коловоз |
Тест на зимски пневматици 2021: димензија 225/50 R17 | ||||||||||
ÖAMTC КРИТЕРИУМИ | ||||||||||
Dunlop Winter Sport 5 |
Michelin Alpin 6 |
Goodyear UltraGrip Performance + |
Kleber Krisalp HP3 |
Bridgestone Blizzak LM005 |
Continental WinterContact TS860 |
Nexen Winguard Sport 2 |
Vredestein Wintrac Pro |
Esa+Tecar Supergrip Pro |
Sava Eskimo HP2 |
|
Ознаки на етикетата според производителот/ отпор при превртување/ адхезија при влага/надворешен звук |
C/C/70 | C/B/69 | C/B/70 | C/B/69 | C/A/71 | E/B/72 | E/C/70 | E/B/72 | C/C/72 | C/C/71 |
сув терен 15% | 2,4 | 2,1 | 2,5 | 2,4 | 1,9 | 3,0 | 2,8 | 2,3 | 3,1 | 3,0 |
влажност 30% | 2,5 | 2,3 | 2,5 | 2,7 | 1,6 | 1,9 | 2,8 | 2,3 | 2,8 | 3,1 |
снег 20% | 1,5 | 2,4 | 2,2 | 1,7 | 2,8 | 2,1 | 2,6 | 2,2 | 2,1 | 2,2 |
мраз 10% | 2,5 | 2,2 | 2,5 | 2,2 | 2,4 | 2,2 | 2,1 | 2,5 | 2,3 | 2,4 |
звук 5% | 3,4 | 3,1 | 3,0 | 2,8 | 3,3 | 3,0 | 2,7 | 3,4 | 3,1 | 4,0 |
потрошувачка на гориво 10% | 1,7 | 2,2 | 2,2 | 2,0 | 2,0 | 1,9 | 2,4 | 2,0 | 1,4 | 1,9 |
абење 10% | 2,5 | 1,5 | 2,5 | 2,5 | 3,0 | 2,5 | 3,0 | 3,0 | 2,5 | 2,5 |
Вкупна оцена 100% | 2,3 | 2,3 | 2,5 | 2,7 | 3,0 | 3,0 | 3,0 | 3,0 | 3,1 | 3,1 |
Препорака на ÖAMTC | **** | **** | **** | *** | *** | *** | *** | *** | *** | **** |
(+) најдобри на снег, многу добри во потрошувачка на гориво, добри на сув и на влажен коловоз |
(+) најмало абење, добри на сув и на влажен коловоз, добри на снег |
(+) добри на сув и на влажен коловоз, добри на снег |
(+) многу добри на снег, добри на сув коловоз (-)мали недоста- тоци на влажен коловоз |
(+) најдобри на сув и на влажен коловоз (-) мали недостатоци на снег, недостатоци при абење |
(+) многу добри на влажен коловоз и при абење, добри на снег (-) недостатоци на сув коловоз |
(-) мали недостатоци на сув и на влажен коловоз, мали недостатоци на снег, недостатоци при абење |
(+) добри на сув и на влажен коловоз, добри на снег (-) слабости при абење |
(+) најниска потро- шувачка на гориво, добри на снег (-) мали недостатоци на влажен коловоз, недостатоци на сув коловоз |
(+) многу добри за потрошувачка на гориво, добри на снег (-) недостатоци на сув и на влажен коловоз |
ÖAMTC КРИТЕРИУМИ | ||||||||
Fulda Kristall Control HP2 |
Firestone Winterhawk 4 |
Nokian WR Snowproof P |
Pirelli Winter Sottozero 3 |
Toyo Tyres Observe S944 |
Maxxis Permitra Snow WP6 |
Goodride Zuper Snow Z-507 |
Longlong Green-Max Winter UHP |
|
Ознаки на етикетата според производителот/ отпор при превртување/ адхезија при влага/надворешен звук |
C/B/72 | C/B/72 | C/B/70 | C/B/72 | E/B/71 | E/B/70 | C/C/72 | E/C/72 |
сув терен 15% | 3,2 | 3,3 | 2,2 | 3,3 | 2,5 | 2,1 | 3,8 | 3,5 |
влажност 30% | 3,0 | 2,1 | 3,3 | 2,9 | 3,3 | 2,3 | 3,3 | 5,5 |
снег 20% | 2,4 | 1,9 | 2,7 | 1,6 | 2,9 | 3,4 | 5,5 | 2,2 |
мраз 10% | 2,5 | 2,1 | 2,1 | 3,0 | 2,1 | 2,8 | 3,1 | 2,4 |
звук 5% | 3,7 | 2,9 | 2,8 | 3,6 | 3,4 | 3,4 | 3,8 | 3,3 |
потрошувачка на гориво 10% | 1,8 | 2,2 | 1,9 | 2,3 | 2,4 | 2,2 | 2,1 | 2,3 |
абење 10% | 2,5 | 2,5 | 2,5 | 2,5 | 3,0 | 3,0 | 3,5 | 2,5 |
Вкупна оцена 100% | 3,2 | 3,3 | 3,3 | 3,3 | 3,3 | 3,4 | 5,5 | 5,5 |
Препорака на ÖAMTC | *** | *** | *** | *** | *** | *** | * | * |
(+)многу добри за потрошувачка на гориво, добри на снег (-) недостатоци на сув и на влажен |
(+) многу добри на снег, добри на влажен коловоз (-) недостатоци на сув коловоз |
(+) многу добри за потрошувачка на гориво, добри на сув коловоз (-) мали недостатоци на снег, недостатоци на влажен коловоз |
(+) многу добри на снег (-) мали недоста- тоци на влажен коловоз, недостатоци на сув коловоз и на мраз |
(+) добри на сув коловоз (-) мали недостатоци на снег, недостатоци на влажен коловоз и при абење |
(+) добри на сув и на влажен коловоз (-) мали недо- статоци на мраз, недостатоци на снег и при абење |
(-) недостатоци на влажен коловоз, на мраз и при абење, недостатоци на сув коловоз, многу недостатоци на снег |
(+) добри на снег (-) недостатоци на сув коловоз, многу недостатоци на влажен коловоз |
***** | **** | *** | ** | * | |
Сув терен, влажност, снег, мраз, потрошувачка на гориво, абење |
0,6-1,5 | 1,6-2,5 | 2,6-3,5 | 3,6-4,5 | 4,6-5,5 |
Вкупна оценка | 0,6-1,5 | 1,6-2,5 | 2,6-3,5 | 3,6-4,5 | 4,6-5,5 |