Тест на зимски гуми 2022-ОСТАНЕТЕ НА ВИСТИНСКИОТ ПАТ

15/11/2022

АКТУЕЛЕН ÖAMTC-ТЕСТ ЗА ЗИМСКИ ГУМИ: СО КОИ МОДЕЛИ ДОБРО ЌЕ ЈА ПОМИНЕТЕ ЗИМСКАТА СТУДЕНА СЕЗОНА? ДВЕ ДИМЕНЗИИ, 33 МОДЕЛИ И НЕКОЛКУ НЕУСПЕСИ

Од Гинтер РАУЕКЕР

 

Модерните автомобили стануваат сè пософистицирани, имаат многу безбедносни системи, а исто така и електрониката помага во одржувањето на возилото на вистинскиот пат, дури и во опасни ситуации. Само едно нешто не е променето: Четирите гуми со контактна површина, која што не е многу поголема од дланката, го одржуваат контактот на возилото со патот. И ако се стават гуми со полош квалитет, во тој случај дури и најдобрата автомобилска технологија и електроника не можат да го надоместат тоа. Особено во студената зимска сезона, барањата и очекувањата од квалитетот на гумите се огромни: температурите варираат во широк опсег, влажните услови често претставуваат голем предизвик, во услови на сув асфалт возилото треба да може прецизно да се управува и се разбира, во зимски услови автомобилот, исто така, да се вози прецизно, да се остане на патот и лесно да се освојуваат падините. Овогодишниот тест пневматици спроведен од ÖAMTC и неговите европски партнери, покажува дека и денес, сите модели на гуми не се на исто ниво.

 

ДИМЕНЗИЈА 185/65 R 15 ЗА МАЛИ АВТОМОБИЛИ

Оваа димензија на пример, одговара на VW Polo кој, исто така, се користеше како тест возило.

Тестирани се 16 гуми.

Резултатот?

Различно. Четири модели на гуми го докажуваат својот сеопфатен квалитет и добиваат оцена „многу препорачливо“, кај седум гуми е потврдено дека имаат мала слабост во барем еден од главните критериуми, што ги прави „препорачливи“. Три модели на гуми, имаат јасни недостатоци во перформансите и не одат подалеку од оценката „условно препорачливи“.

Двете последно рангирани гуми даваат толку лоши перформанси на влажни услови, при што гумите се оценети и класифицирани како „не се препорачуваат“.

Тоа значи дека има најмалку пет модели на гуми, помеѓу 16 модели гуми, за кои тестаторите не советуваат и не ги препорачуваат. „Условната препорачливост“ за Данлоп, Фулда и Барум гумите, произлегува од недостатоците на суви коловози. Автомобилот не е „чист“ односно стабилен со овие гуми при поголема брзина на автопат: Стабилноста и одржувањето на права линија е непрецизно, аголот на управување кој што е потребен за управување на возилото во кривина е тешко да се процени и гумите реагираат нехармонично на командите на управувачот. Ова неизбежно води до корекции на воланот. Иако ова однесување не е критично, дефинитивно е непријатно и заморно при подолги патувања на автопат.

Многу покритично е тоа што тест-возилото со овие три модели на гуми има тенденција да надвладее многу порано при заобиколувачки маневар и затоа не е лесно да се контролира, особено кога станува збор за неискусните возачи. Забележително:

Минатата година Dunlop гумите се претставија во значително подобро издание на суви услови во димензијата 195/65 R15. Покрај тоа, гумите Fulda не се покажаа со добри резултати дури и кога условите се влажни. „Непрепорачливите“ гуми од марките Imperial и Wanli ги покажуваат своите големи слабости, особено на влажни коловози и даваат само лоши перформанси во оваа дисциплина. „Многу препорачливи“ за мали автомобили, од друга страна, се првите четири модели на гуми. Кај гумите Continental, слабостите кои што беа забележани кај нивниот претходен модел на суви коловози се отстранети, така што оваа гума е повторно помеѓу најдобрите. Гумите Goodyear и Semperit генерално се на исто ниво. Michelin гумите се наоѓаат веднаш веднаш позади нив.

 

Тест на зимски гуми 2022: Димензија 185/65 R15

Евалуација на критериуми

 

 

Continental
Winter Contact TS 870

 

 

Goodyear
UltraGrip 9+

 

 

Semperit
Speed-Grip 5

 

 

Michelin
Alpin 6

 

B F Goodrich
G-Force Winter 2

 

Vredestein
Winterac

 

Bridgestone
Blizzak LM005

Ознаки на етикетата според производителот/
отпор при превртување/
адхезија при влага/надворешен звук
C/B/70 C/B/71 D/B/71 C/B/69 D/B/68 C/B/69 C/A/71
сув терен 15% 2,3 2,3 2,5 2,5 2,6 2,4 2,1
влажност 30% 2,1 1,7 2,3 2,3 2,7 2,1 1,7
снег 20% 2,2 1,7 2,0 2,4 2,0 2,7 2,4
мраз 10% 2,5 2,3 2,3 2,3 2,5 2,4 2,8
звук 5% 3,0 2,7 2,6 2,5 2,7 2,8 2,9
потрошувачка на гориво 10% 1,8 2,0 1,7 2,1 2,4 2,4 1,9
абење 10% 2,0 2,5 2,0 1,5 2,0 2,5 3,0
вкупна оцена 100% 2,2 2,2 2,2 2,3 2,7 2,7 3,0
Препорака на ÖAMTC **** **** **** **** *** *** ***
Индекс на оптоварување: 88(560 кг)
Индекс на брзина: Т (190 км/h)
(+) Многу добри за потрошувачка на гориво,добри на
сув и влажен коловоз, добри
на снег
(+) Многу добри на влажен
коловоз, добри на сув коловоз, добри на снег
(+) најдобра оценка за потрошувачка на гориво, добри
на сув и влажен коловоз,
добри на снег
(+) најдобра оценка при
абење, добри на сув и влажен
коловоз, добри на снег
(+) добри на снег,
(-) мали недостатоци на сув
влажен коловоз
(+) добри на сув и влажен
коловоз
(-) мали недостатоци на снег
(+) најдобра оценка на
влажен коловоз, многу добри во
потрошувачка на гориво, добри
на сув коловоз и добри на снег
(-) мали недостатоци на мраз,
недостатоци при абење

Тест на зимски гуми 2022: Димензија 185/65 R15

Евалуација на критериуми

 

Maxxis
Premitra Snow WP 6 

 

FirestonE
Winterhawk 4

 

Nexen
Winguard Snow G3

 

 

Avon
WT 7 Snow

 

 

Dunlop
Winter Response 2

 

Fulda
Kristall Montero 3

 

Barum
Polaris 5

 

Imperial
Sowdragon HP

 

Wanli
Winter-maX U1
(SW611)

Ознаки на етикетата според производителот/
отпор при превртување/
адхезија при влага/надворешен звук
D/B/70 D/B/71 D/C/71 D/B/70 C/C/70 C/C/71 E/C/71 E/C/70 C/C/71
сув терен 15% 1,9 3,2 3,3 2,9 3,6 3,6 3,9 2,1 2,7
влажност 30% 2,2 2,0 2,5 2,5 1,8 3,7 3,2 5,3 5,5
снег 20% 2,9 2,2 3,3 3,5 1,8 1,9 2,4 4,0 2,7
мраз 10% 2,7 2,1 2,1 2,4 2,5 2,3 2,8 2,3 1,9
звук 5% 2,6 2,8 2,5 3,0 2,7 2,9 3,0 2,9 2,9
потрошувачка на гориво 10% 2,6 1,7 2,2 2,3 1,9 2,0 2,0 2,3 1,5
абење 10% 3,0 2,5 2,5 3,5 2,5 1,5 2,0 1,5 2,5
вкупна оцена 100% 3,0 3,3 3,3 3,5 3,6 3,7 3,9 5,3 5,5
Препорака на ÖAMTC *** *** *** *** ** ** *** * *
Индекс на оптоварување: 88(560 кг)
Индекс на брзина: Т (190 км/h)
(+) најдобри
на сув коловоз, добри на
влажен коловоз
(-) мали недостатоци на
снег, во потрошувачка на
гориво и
недостатоци при абење
(+) најдобра оценка во потрошувачка на гориво, добри на
влажен коловоз и снег
(-) недостатоци на сув коловоз
(+) добри
на влажен коловоз
(-) мали недостатоци на сув
коловоз и на снег
(+) добри
на влажен коловоз
(-) недостатоци на сув коловоз, недостатоци на снег,
недостатоци при абење
(+) најдобри на снег, многу
добри на влажен коловоз и во
потрошувачка на гориво
(-) недостатоци
на сув коловоз
(+) најдобра оценка при абење,
многу добри на снег
(-) недостатоци на сув и влажен
коловоз
(+) добри на снег,
(-) мали недостатоци на мраз,
недостатоци на сув и влажен
коловоз
(+) најдобра оценка при
абење, добри на сув коловоз
(-) недостатоци на снег,
недостатоци на влажен
коловоз
(+) многу добри на мраз и
во потрошувачка на гориво
(-) мали недостатоци на сув
коловоз и на снег,
недостатоци на многу
влажен коловоз,

 

Препорака на ÖAMTC:

Препораката на ÖAMTC и редоследот на моделите се базира на вкупната оцена што се пресметува од евалуацијата на поединечните критериуми. Доколку некој модел врз основа на неговите оцени за критериумите сув терен, влажност, снег, мраз, потрошувачка на гориво, абење не е веќе „многу препорачлив“ (оцена полоша од 2,5), тогаш како вкупна оцена се зема најлошата оцена од наведените испитувања. При иста оцена, редоследот е азбучен според називот на производителот.

Граници на
оценката
***** **** *** ** *
Сув терен,
влажност,
снег, мраз,
потрошувачка
на гориво,
абење
0,6-1,5 1,6-2,5 2,6-3,5 3,6-4,5 4,6-5,5
Вкупна оценка 0,6-1,5 1,6-2,5 2,6-3,5 3,6-4,5  4,6-5,5

Препорака на ÖAMTC

***** = извонредни

**** = многу препорачливи

*** = препорачливи

** = условно препорачливи

* = непрепорачливи

Удел на критериуми:

Сув терен 15% (однесување при возење 40%, безбедност при возење 40%, сопирање 20%), влажност 30% (сопирање 30%, аквапланинг надолжно 20%/, аквапланинг попречно 10%, управување 30%, странично водење 10%), снег 20% (сопирање 40%, тргнување 20%, управување 40%), мраз 10% (сопирање 60%, странично водење 40%), звук 5% (надворешен звук 50%, внатрешен звук 50%), потрошувачка на гориво 10%, абење 10%.

 

Тест на зимски гуми 2022: Димензија 215/60 R16

Евалуација на критериуми

 

Continental
WinterContact TS 860

 

Dunlop
Winter Sport 5

 

Goodyear
UltraGrip Performance +

 

Michelin
Alpin 6

 

Yokohama
BluEarth*Winter V906

 

Bridgestone
Blizzak LM005

 

Kleber
Krisalp HP3

Ознаки на етикетата според производителот/
отпор при превртување/
адхезија при влага/надворешен звук
C/B/70 C/B/72 C/B/72 C/B/69 D/B/71 C/B/69 C/B/69
сув терен 15% 2,4 2,4 2,5 2,0 2,3 1,8 2,9
влажност 30% 2,1 2,2 2,5 2,4 2,6 2,0 2,8
снег 20% 1,6 1,6 1,4 2,4 2,6 2,7 1,8
мраз 10% 1,9 2,0 2,2 1,9 2,4 2,4 2,2
звук 5% 2,8 3,1 2,8 2,8 2,9 3,4 2,8
потрошувачка на гориво 10% 2,1 1,7 2,0 2,3 1,9 2,1 1,8
абење 10% 2,5 2,0 2,5 2,0 2,5 2,5 2,5
вкупна оцена 100% 2,1 2,1 2,3 2,3 2,6 2,7 2,9
Препорака на ÖAMTC **** **** **** **** *** *** ***
Индекс на оптоварување: 88(560 кг)
Индекс на брзина: Т (190 км/h)
(+) многу добри на снег,
добри на сув и влажен
коловоз
(+) многу добри на снег и во
потрошувачка на гориво
добри на сув и влажен
коловоз.
(+) најдобри на снег, добри на
сув и влажен коловоз
(+) добри на сув и влажен
коловоз, како и на снег
(+) многу добри во потрошувачка на гориво, добри на
сув коловоз
(-) мали недостатоци на влажен
коловоз и на снег
(+) најдобри на сув и влажен
коловоз
(-) мали недостатоци на снег
(+) многу добри во потрошувачка на гориво
(-) мали недостатоци на сув и
влажен коловоз

 

Тест на зимски гуми 2022: Димензија 215/60 R16

Евалуација на критериуми

 

GT Radial
Winterpro 2

 

Sava
Eskimo HP2

Verdestein
Wintrac

 

Esa+Tecar
Supergrip Pro

Toyo Tires
Observe S944

Ознаки на етикетата според производителот/
отпор при превртување/
адхезија при влага/надворешен звук
C/C/70 C/C/72 C/C/72 C/C/72 D/B/71
сув терен 15% 2,7 2,5 2,9 3,1 2,1
влажност 30% 3,0 3,0 2,3 3,0 3,1
снег 20% 2,8 2,3 2,5 1,9 2,8
мраз 10% 2,1 2,0 1,8 2,0 2,0
звук 5% 2,8 3,5 2,7 3,0 3,0
потрошувачка на гориво 10% 2,4 1,7 1,6 1,5 2,8
абење 10% 2,5 1,5 3,0 2,0 2,0
вкупна оцена 100% 3,0 3,0 3,0 3,1 3,1
Препорака на ÖAMTC *** *** *** *** **
Индекс на оптоварување: 88(560 кг)
Индекс на брзина: Т (190 км/h)
(-) мали недостатоци на
сув и влажен коловоз
(+) мали недостатоци на сув и влажен коловоз
(-) недостатоци на влажен
коловоз
(+) многу добри на мраз,за потрошувачка на
гориво, добри на влажен
коловоз и на снег
(-) недостатоци при абење и
недостатоци на сув коловоз
(+)многу добри на снег, влажен коловоз
(-) недостатоци на сув
влажен коловоз
(+) добри на сув коловоз
(-) мали недостатоци на
снег, недостатоци на влажен
коловоз и недостатоци про
потрошувачката на гориво

Тест на зимски гуми 2022: Димензија 215/60 R16

 

Евалуација на критериуми

 

Nokian Tyres
WR Snowproof

Uniroyal
WinterExpert
 

Matador
MP93 Nordicca

 

Falken
Eurowinter HS01

 

Coopertires
WM-SA2+

Ознаки на етикетата според производителот/
отпор при превртување/
адхезија при влага/надворешен звук
C/B/69 D/C/72 D/C/72 D/B/70 E/B/70
сув терен 15% 2,7 3,3 3,4 3,5 3,7
влажност 30% 3,2 2,8 3,1 2,3 2,6
снег 20% 2,4 1,7 2,3 2,0 2,7
мраз 10% 2,3 1,8 2,0 2,2 2,4
звук 5% 2,7 2,9 2,9 2,7 2,9
потрошувачка на гориво 10% 2,0 1,5 2,3 2,5 2,4
абење 10% 2,0 2,5 2,0 2,5 3,5
вкупна оцена 100% 3,2 3,3 3,4 3,5 3,7
Препорака на ÖAMTC ** *** * * *
Индекс на оптоварување: 88(560 кг)
Индекс на брзина: Т (190 км/h)
(+) добри на снег
(-) мали недостатоци
на сув коловоз,
недостатоци на влажен
коловоз
(+) најдобра оценка во
потрошувачка на гориво ,
многу добри на снег и мраз
(-) најдобра оценка во
потрошувачка на гориво ,
многу добри на снег и мраз
(+) добри на снег
(-) недостатоци на сув и
влажен коловоз
(+) добри на на влажен
коловоз и на снег
(-) недостатоци на сув
коловоз
(-) мали недостатоци
на влажен коловоз и на
снег, недостатоци при
абење, недостатоци на
сув коловоз

 

Најсилното пондерирање при тест на гуми е забележливо во однесувањето на влажни коловози. Ова почесто се случува во време на зимата во услови кога има снежен коловоз.

 

Се запира во боксот и гумите се менуваат скоро исто толку брзо како во Формула 1 – Ова е изведено неколку десетици пати во текот на програмата за тестирањe.

 

РАСТОЈАНИЕ НА СОПИРАЊЕ НА ВЛАЖЕН АСФАЛТ ОД 80 KM/H ДО МИРУВАЊЕ

Во димензијата за мали автомобили, растојанието за сопирање на влажен асфалт ја покажува големата разлика помеѓу најдобрите и најлошите гуми. Додека автомобилот со Bridgestone гуми застанува по 36,2 m, автомобилот, пак, со гумите Wanli, со брзина од 39(l) km/h, поминува покрај оваа точка и застанува после 47,7 m.

Гумите Continental задоволуваат со својата рамнотежа, Goodyear го поставува реперот на влажните патишта, гумите Semperit постигнуваат најдобар резултат на снег, а Michelin гумите јасно се гледа дека ги постигнуваат најдобрите резултати со своето слабо абење.

Во средната класа има седум видови на гуми кои може да се препорачаат со мала резерва. Овде вреди да се споредат вашите сопствени барања со резултатите од тестот: Дали да им се придаде поголемо значење на добрите перформанси на снежни патишта, или, пак ,поголемо внимание да се посвети на најголемата можна километража што може да се помине, односно ниското абење?

 

ДИМЕНЗИЈА 215/60 R16 ЗА SUV ВОЗИЛА ОДНОСНО ТЕРЕНЦИ ОД ПОНИСКАТА СРЕДНА КЛАСА

 

Најдобро: Bridgestone Blizzak LM 005 36,2m

Најлошо: Wanli Winter-max U1 (SW611) 47,7m

0m 5m 10m 15m 20m 25m 30m 35m 40m 45m

 

Да, теренците се многу популарни и оваа големина односно димензија на гуми одговара на теренци од пониската средна класа, како што е Skoda Karoq кој, исто така, се користеше и како тест возило. Резултатот е пријатно изненадувачки прифатлив во оваа големина односно димензија на гумата: четири видови на гуми може да се препорачаат без ограничувања, дванаесет модели на гуми со мали ограничувања и само една гума треба да биде оценета како „условно препорачана“.

Разликите се особено забележливи на суви коловози. Karoq може да се управува чисто и лесно со добрите гуми. Возилото е добро на патот и покажува стоичка и насочена стабилност. За време на критично заобиколувачко маневрирање, тест автомобилот може безбедно и стабилно да се управува околу дадената препрека.

Сето ова не функционира толку добро со гумите кои имаат слаби перформанси на суви коловози. Секогаш се има чувство дека автомобилот малку занесува на задната оска, радиусот малку се менува во минувањето во кривина и дека вие особено како неискусен возач морате да се борите силно со воланот, автомобилот и со гумите во критична ситуација, за да се дојде до повторно смирување и стабилизирање на возилото. Дури и без некои поголеми и критички заобиколувачки маневрирања, таквото однесување на возилото предизвикува непријатно чувство.

Continental, Dunlop, Goodyear и Michelin не покажуваат слабости во ниту еден од главните критериуми во оваа димензија – овие модели се „високо препорачливи“. Втората група „препорачани“ гуми покажува (мала) слабост во барем еден главен критериум. Yokohama гумите имаат мал потенцијал за подобрување на своите перформанси на влажни услови и на снег, а гумите Bridgestone исто така имаат простор за подобрување на перформансите на снежни коловози. Моделот на гуми Kleber има мали недостатоци на суви и влажни коловози.

Со гумите GT Radial, мора да прифатите загуби во перформансите на суви, влажни и снежни патишта. Sava гумите покажуваат слабости на влажни коловози додека, пак, гумите Vredestein имаат простор за подобрување на своите перформанси при суви услови, а Esa+Tecar гумите покажуваат недостатоци и на влажни коловози.

Toyo гумите не добиваат повеќе од задоволителен рејтинг на влажни коловози и снег. Гумите Nokian покажуваат слабости на суви и влажни коловози, како и Uniroyal и Matador. Гумите Falken не можат позитивно да не убедат во суви услови.

Во зависност од вашиот сопствен возен профил и барања, можете да најдете и соодветна гума за вас од овие понудени гуми. Гумите од марката Coopertires не се поштедени од последното место во оваа димензија на гуми. Нивните слабости на суви коловози, но и на тестот за абење, се премногу изразени за да се препорачаат. Но, дури и на влажни или завеани снежни патишта, тие не добиваат повеќе од задоволителен резултат. Затоа за нив има оцена само „условно препорачливо“. Како и секогаш, сите детали од овој зимски тест на пневматиците и оние од претходните години можете да ги најдете на www.oeamtc.at/tests

 

Превземено од ÖAMTC

ПОВРЗАНИ СТАТИИ