Речено сторено. Лотус и натаму си ја тера традицијата и љубоморно ја чува. Накусо кажано, неговата традиција вели колку помалку тежина толку подобро. Концептот „теори 1“ тежи само 1.550 кг и покрај тоа што е електричен. Тоа е едниот дел од традицијата, а другиот е Лотус никогаш во своето јато немал сув возила, но ете сегашново време му налага да има и затоа „вдоми“ едно такво возило, но класиката од спортско купе не ја напушта.
Од концепт, купето ќе мине во сериско производство и цената за основниот модел со еден електромотор и погон на една оска ќе биде под 100.000 долари. Ќе има изведба и со два електромотори, 987 КС и погон на двете оски (погон на сите тркала) напред електромотор со 296 коњи, додека на задната оска вграден е електромотор со 690 КС. Токму оваа изведба тежи 1.550 кг. Затоа купето постигнува 100 км/ч тргнувајќи од место, за само 2,6 сек., додека основната, таа со цена под 100.000 долари сигурно ќе биде полесна за околу 100 кг.
Некои велат дека легендарниот „есприт“ бил инспирација за овој концепт. Можеби е инспирација, но никако не е наследник затоа што воопшто не личи на легендата. „Лотус есприт“ е незаменлив, тоа е модел еден и единствен.
Дизајнот на концептот е повеќе од привлечен. Одлично завршена работа. Занимливо е следново, „лотус теори 1“ има три седишта, едно централно за возачот, како во формула 1, а потоа едно лево и уште едно десно. Тоа е накусо кажано за најновото купе од Лотус во концепт изведба. Ако истото биде претставено наредниот месец во Париз, сигурно ќе бидат обелоденети многу детали. Ако е така, тогаш повторно ќе пишуваме.