ЗАШЕЌЕРЕНИТЕ ЉУБИЧИЦИ, РУЖИНИ ЛАТИЦИ ОДАМНА СЕ УПОТРЕБУВААТ ВО КУЛИНАРСТВОТО, НЕ САМО ЗА ДЕКОРИРАЊЕ, ТУКУ И ПОРАДИ ВКУСОТ ПРИЈАТЕН, ДЕФИНИТИВНО. ТАКА Е СО ДЕЦЕНИИ, СТОТИЦИ ГОДИНИ, А ВО НИВНАТА УБАВИНА ЧЕСТО УЖИВАЛЕ И БЛАГОРОДНИЦИТЕ, КРАЛИЦИТЕ, ПРИНЦЕЗИТЕ, ЦАРИЦИТЕ, НО И МАЖИТЕ. СИСИ НА ПРИМЕР, СОПРУГАТА НА ИМПЕРАТОРОТ ФРАНЦ ЈОЗЕФ I НЕ ПРОПУШТАЛА ДА СЕ ПОЧЕСТИ САМАТА, БУКВАЛНО СЕКОЈ ДЕН, СО КАНДИРАНИ ЉУБИЧИЦИ, РУЖИНИ ЛАТИЦИ ОД ВИЕНСКАТА СЛАТКАРНИЦА DEMEL – K.U.K. HOFZUCKERBÄCKER И ДА СЕ ЗАСЛАДУВА СО НИВ. ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА И ДЕНЕС
Не само австриската царица, потоа и кралицата на средноевропската држава Унгарија, со зашеќерени љубичици, ружини латици се засладувале и француските аристократки, вклучитeлно и сопрузите, па и децата. Но, десертите биле омилени и меѓу жителите на Блискиот, Далечниот и Средниот Исток. Се разбира, кандираните љубичици, ружини латици се користеле и за украсување на торти, печива.., неретко и на пијалаци. Всушност, приказната има поинаков тек, развојниот процес е различен, подруг и, секако, ги одразува естетичните чувства, вкусовите на источњаците, западњаците од памтивек. За употребата на цвеќињата, меѓу нив и љубичиците, ружините латици во кулинарството се зборува со ќеф, задоволство бидејќи надалеку прочуена е нивната лековитост и покрај вкусот за кој се говори дека има нежно слатки ноти. Впрочем, така е официјализиран. Се користеле за приготвување на мармалади, преливи, сирупи… На пример, густо сварениот шеќерен сок, пијалак од љубичици го измазнувал рапавиот глас на жените машкуданки, а ружината вода е, исто така, позната како неговото масло. Со нив се ароматизирале и кондиторските производи. Секако, примената била широка, но благодарејќи на декоративните, украсните својства, карактеристики, вклучително и јадливоста, се здобиле со епитетот „луксузни“ без оглед на цената чија вредност е далеку од висока. И боите на љубичиците, ружините латици се неверојатно убави.
Последниве години се применуваат и овде, но повеќе за декорирање. Како десерти воопшто не или сосем ретко, а во странство, на пример , можат да се купат во продавници за деликатеси, во слаткарниците на познатите мајстори. Се разбира, виенчанците/ Австријците обично им ги подаруваат на виенчанките/Австријките, парижаните/Французите на парижанките/Французинките во континуитет, да продолжи традицијата кога Сиси, жената на императорот Франц Јозеф I буквално секој ден си нарачувала кутија со зашеќерени љубичици, ружини латици за себе, да се почести. Убаво спакувана й ја доставувал газдата, сопственикот на Demel – K.u.K. Hofzuckerbäcker (Виена). И денес може да се нарача онлајн. Цената на 38 грамско пакување е 12-12,50 евра, додека 100 грамскоќесе во Ladurée (Париз) чини 12 евра. Очигледно дека приказната има висока цена. Историјата, минатото на десертните љубичици, ружини латици нè враќа двесте години наназад, дури и повеќе. Имено, ружините латици почнале да се кандираат во 1818-та во Тулуз и веднаш ги освоиле Хабсбурговците, иако живееле далеку, во палатата Хофбург на пример. Љубичиците, пак, се зашеќерувале од 1860- та, со четириесет и двегодишно задоцнување од причина што се истражувале долго време. Пишаните документи кажуваат дека ружините латици во Кина се кандирале порано барем сто и педесет години. Таму одамна се користеле и останатите јадливи цвеќиња во кулинарството, а другите, кои не можеле да се јадат, имале примена во фармакологијата и слично. Како било, и љубичиците и ружините латици се употребуваат и денес. Нивното зашеќерување има цел за истите да се одликуваат со естетика, да бидат естетични, прекрасни, убави, не заобиколувајќи го и нивниот вкус нежно сладок.
Љубичиците ги сакал и Наполеон, му биле омилени. Францускиот император се воодушевувал и од виолетовата боја. Не случајно е амблемна. Додека владеел, љубичиците ги одгледувале на големо, биле хортикултурни, градинарски производи како зеленчуците. Најдобар квалитет имале во Тулуз и неговата близина од кои на почетокот се правеле мириси, парфеми, а веднаш потоа, извесен аптекар почнал да ги зашеќерува, т.е. од нив да произведува бонбони. Денес не може да се замисли тамошната кујна без кандирани љубичици. Почетокот на дваесеттиот век се карактеризирал со нивно или проширување на стопанството за одгледување на љубичиците во јужниот дел на Франција поради благата клима во текот на зимата. Во 1956-та била толку долга и сурова што културата речиси целосно изумрела. Притоа се одгледувале и други растенија, култури.., па интересот за неа опаднал. Едновремено и за кристализираните љубичици со шеќер. Дури во 1980- ти, на средината, почнало ревитализирањето на културата. Се отвориле и работилници за кандирани, зашеќерени љубичици во неколку француски градови, така што купувачката се вратила на исто ниво како порано.
За кристализирање на љубичиците со шеќер обично се користат дупли, цветови со двојни латици кои се берат на крајот на зимата и на почетокот на пролетта, но и подоцна. Убаво е големината да биде иста, соодветна за дехидрирање, потопување во сируп (шербет), односно густо сварен шеќерен сок и завршно, финално сушење. Одозгора се посипуваат со шеќер, а процесот е инаков за непрофесионално, аматерско кандирање, зашеќерување. Љубичиците се премачкуваат со белка од јајце, се посипуваат со шеќер, исто така, и се засушуваат. Со нив се украсуваат и печива и торти. Некои луѓе прават слатки, колачи(ња) исклучиво за нивна презентација. Секако, постапката е идентична, еднаква и кога се ружините латици во прашање. И едните и другите, согласно желбите, можат да се глазираат, да се премачкуваат со чоколада. Сепак, другите или зашеќерените љубичици, ружини латици го имаат приматот во кулинарството и поради тоа што наизглед се убави, но и заради вкусот пријатен, нежно сладок.
Без оглед на тукашната минимална употреба, сепак има кондитори, слаткари што ги користат за декорирање, а притоа се јадливи. Богатството на природата е бесценето за чие искористување и натаму се полемизира. Нема потреба, цвеќињата меѓу кои љубичиците, ружините латици се одгледуваат и причински, за готварски цели, да се употребуваат во кулинарството. Затоа е неопходно да се користат органски ѓубрива, произведени без хемиски додатоци, на биолошки начин и, секако, далеку од загадени вода, воздух и слично.