ОАМТЦ ТЕСТИРАШЕ ДЕСЕТ ЦВРСТИ ШЛЕМОВИ ЗА МЛАДИ-ПАМЕТНИ СЕЗНАЈКОВЦИ ШТО СЕ ПОДЕДНАКВО СООДВЕТНИ ЗА ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕД И СКЕЈТБОРД.
Што недвосмислено покажа овој тест: добро е што ОАМТЦ врши повторни тестови. Зошто? Бидејќи објективните резултати секогаш се најдобри советодавци. Со целосно убедување за овие шлемови за млади може да кажеме дека поскапото не значи автоматски и посигурно. Моделите на Nutcase (чинат околу 77 евра) и на Aplina (чинат околу 60 евра) во однос на заштитата од несреќи се наоѓаат на самиот крај на тестираните модели. Наспроти тоа, во оваа категорија најдобар резултат покажа шлем што е втор по поволна цена. Секогаш напнато, за среќа во овој случај без оптоварување: тестот за штетни материи покажа дека сите модели добиваат одлична оценка.
Конечен победник на тестот беше Uvex Hlmt lmt cc. Во категоријата употреба и удобност тој не покажа слабости и затоа ја доби апсолутно најдобрата оценка и токму поради овој поединечен успех ја доби најдобрата вкупна оценка.
Заклучок на техничарот на ОАМТЦ, Стефан Кербл: „Ниеден од кандидатите не падна на тестот. При силен удар на шлемот најслабиот производ на тестот покажа задоволителна заштита. Сепак, со секој од тестираните производи се добива добра услуга. Најголемата негативна карактеристика кај речиси сите шлемови вклучени во ова тестирање е препознатливоста во темнина. Тука постои потреба од подобрување.“
Совети за купување шлемови – уште повеќе тестови и важни податоци на темата велосипеди ќе најдете на www.oeamtc.at/ tests.
Шлемови за велосипед за млади 2020 година
Марка | Uvex | Prophete | Giro | Nutcase | Alpina |
Модел | Hlmt | Artikel Nr.0424 |
Quarter FS |
Street Gen 3 |
Airtime |
Цена во евра | 60,oo | 25,oo | 41,oo | 77,oo | 60,oo |
Употреба и удобност 40% |
1,8 | 2,6 | 2,5 | 2,4 | 2,2 |
Заштита од несреќи 50% |
2,8 | 2,5 | 2,7 | 3,0 | 3,2 |
Постојаност на топлина 10% |
1,5 | 1,5 | 1,5 | 1,5 | 2,0 |
Штетни материи 0% | 1,0 | 1,0 | 1,0 | 1,0 | 1,0 |
Оценка на ОАМТЦ | 2,3 | 2,4 | 2,5 | 2,6 | 2,7 |
Марка | Abus | Btwin | KED | Bell | Fischer |
Модел | Scraper 3.0 |
Teen 520 | 5forty | Local | Modell |
Цена во евра | 49,oo | 20,oo | 46,oo | 45,oo | 29,oo |
Употреба и удобност 40% |
2,8 | 2,6 | 2,6 | 2,6 | 2,7 |
Заштита од несреќи 50% |
2,9 | 3,1 | 3,1 | 3,2 | 3,2 |
Постојаност на топлина 10% |
2,1 | 2,5 | 2,5 | 2,2 | 2,8 |
Штетни материи 0% | 1,0 | 1,0 | 1,0 | 1,0 | 1,0 |
Оценка на ОАМТЦ | 2,8 | 2,8 | 2,8 | 2,9 | 3,0 |