АЛБАНИЈА | Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен. | Детски седишта се задолжителни за деца под 12 години на предно седиште и за деца под 4 години на задно седиште. |
АВСТРИЈА | Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен. | Специјални детски седишта или ремени за деца под 14 години или пониски од 1,50 м да се користат и на предните и на задните седишта. Деца под 14 години не смеат да патуваат во возила без соодветен безбедносен систем (ремен, детско седиште). |
БЕЛОРУСИЈА | Задолжителни на предните седишта на возилото. | Деца под 12 години не може да патуваат во предниот дел на возилото. |
БЕЛГИЈА | Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен. | Деца под 1,35 метри треба да користат детско седиште соодветнo според нивната големина и тежина. Ако нема седиште, дете на возраст од 3 и повеќе, пониско од 1,35 метри мора да се вози на задно седиште, со користење на ремен или друг безбедносен систем. Деца помали од 3 години не смеат да се возат без детско седиште. |
БУГАРИЈА | Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен. | Детското седиште мора да биде според правилото 44/03 на UNECE. Деца на возраст под 3 не смеат да се транспортираат во возила кои не се опремени со детски седишта. Деца на возраст од 3 или повеќе, пониски од 150 см, можат да патуваат во возило без детски седишта, но тие мора да седат на задните седишта. |
ХРВАТСКА | Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен. | Деца под 12 години не е дозволено да патуваат во предниот дел на возилото, освен деца до 2 години ако се користи детско седиште свртено назад и со деактивирано воздушно перниче. Деца од 2 до 5 години мора да бидат во соодветно детско седиште на задно седиште. Деца од 5 до 12 години мора да користат ремени за возрасни на задното седиште со додаток за прилагодување според нивната големина. |
КИПАР | Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен. | Деца под 5 не е дозволено да патуваат на предното совозачко седиште. Деца од 5 до 10 години може да го користат совозачкото седиште ако е опремено со соодветен безбедносен уред (седиште). |
РЕПУБЛИКА ЧЕШКА |
Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен. | Деца под 12 години и пониски од 1,50 м мораат да користат безбедносен уред прилагоден на нивната големина кога патуваат и на предните и на задните седиште на возилото. Деца помеѓу 3 и 12 години мораат да се возат на задни седишта. Деца под 3 години не смеат да се возат без детско седиште. |
ДАНСКА | Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен. | Деца под 3 години мора да бидат во детско седиште соодветено на нивната големина. Деца над 3 и под 1,35 метри мора да бидат ставени во безбедносен уред (седиште) соодветен за нивната големина и тежина. Ако детето се наоѓа на преднато седиште, во детско седиште свртено кон назад, воздушното перниче мора да се деактивира. |
ЕСТОНИЈА | Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен. | Бебињата и малите деца мораат да патуваат во детско седиште (уред) соодветен за нивната големина. |
ФИНСКА | Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен. | Деца со висина под 1,35 метри мора да бидат сместени во одобрено детско седиште соодветно за нивната висина и тежина. Кога детското седиште не е на располагање, дете од 3 години или повеќе смее да патува на задното седиште на возилото со помош на ремен или друг безбедносен уред врзан со седиштето. Дете под 3 не може да патува во возило без детско седиште, освен во такси. |
ФРАНЦИЈА | Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен. | На деца на возраст под 10 години не им е дозволено да патуваат на предните седишта на возилата, освен ако задни седишта не постојат, или задното седиште е веќе зафатено од страна на деца под 10 години, или нема ремени. Деца до 10 г. смеат да патуваат во одобрено детско седиште или безбедносен уред, прилагодени на нивната големина. Според францускиот закон, дете до 13 кг мора да се транспортира во детско седиште свртено кон назад (или да го носат во транспортна корпа за дете до 10 кг). Дете помеѓу 9 и 18 килограми мора да биде седнато во специјално седиште, а за дете од 15 кг до 10 години може да се користи безбедносен уред – додаток на ремен , или додатни ремени. |
ГЕРМАНИЈА | Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен. | Дете до 12 години возраст и пониско од 1,50 м мора да биде во детско седиште или да користи безбедносен уред . Кога детското седиште не е достапно, дете од 3 години и повеќе мора да користи ремен или друг одобрен безбедносен систем на задните седишта на возила. Деца под 3 години не можат да бидат транспортирани во возило без детско седиште. |
ГРЦИЈА | Задолжително за патниците на сите седишта опремени со безбедносен ремен. | Деца под 3 години мора да бидат ставени во одобрено детско седиште соодветно за нивната тежина – стандард ЕСЕ R44/03 или понов. Деца на возраст помеѓу 3 и 11 години, пониски од 1,35 метри мора да бидат сместени во соодветни детски седишта. Од 12 години, деца повисоки од 1,35 метри можат да ги користат ремените за возрасни. |
УНГАРИЈА | Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен. | Деца пониски од 1.50 м. мораат да користат безбедносен уред (седиште) соодветен на нивната тежина. Деца под 3 години дозволено е да патуваат на предните седишта доколку детското седиште е свртено кон назад и нема воздушно перниче или е деактивирано. Деца постари од 3 години и високи 1.35 или повеќе можат да патуваат на задното седиште користејќи ги безбедносните ремени. |
ИТАЛИЈА | Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен. | Деца до 36 килограми и до 150 см, кои патуваат во италијански регистрирани возила мора да бидат поставени во безбедносен систем прилагоден на нивната големина и тежина. Деца до 9 кг мора да бидат сместени во детски седишта свртени наназад. За странски регистрирани автомобили, се применуваат прописите што се во земјата на потекло. |
ЛИТВАНИЈА | Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен. | Деца под 12 години не е дозволено да се возат на предните седишта на автомобил, освен ако не користат безбедносен систем соодветен на нивната големина. Деца под 3 години патуваат на предно седиште сместени во соодветно детско седиште и доколку е свртено наназад воздушното перниче мора да е деактивирано. |
ЛУКСЕМБУРГ | Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен. | Дете под 3 години мора да биде поставено во одобрено детско седиште (освен ако се во автобусот). Деца од 3 до 17 години, до 1.50 м мора да седат во соодветен безбедносен систем за врзување. Ако е нивната тежина над 36 килограми можат да ги користат сигурносните ремени или стомачни ремени на задните седишта. |
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА |
Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен. | Деца под 12 години не е дозволено да патуваат во предниот дел на возилото. |
ЦРНА ГОРА | Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен. | Деца под 12 години не е дозволено да патуваат на предното седиште на возилото. |
ХОЛАНДИЈА | Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен. | Деца (лица под 18 години) пониски од 1,35 метри мора да бидат сместени во соодветен безбедносен системот за врзување според нивната големина согласно стандардот ЕСЕ 44/03 или понов.Ова се однесува како за предниот така и за задниот дел на автомобилот. Деца под 3 не можат да се возат во автомобил без детско седиште. |
РОМАНИЈА | Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен. | Деца под 12 години не е дозволено да патуваат на предното седиште на возилото. |
СРБИЈА | Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен. | Деца до 3 години мораат да бидат во детско седиште. Може да биде на предното седиште на автомобилот, свртено кон задниот дел на автомобилот – воздушното перниче мора да се деактивира. Деца од 3 до 12 години не е дозволено да патуваат во предниот дел на возилото. |
СЛОВЕНИЈА | Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен. | Деца под 12 години, пониски од 1,50 метри, во возила регистрирани во Словенија или во странство, мора да користат специјални ремени прилагодени на нивната големина или специјални детски седишта, како во предниот така и во задниот дел од возилото. Детскиот безбедносен систем мора да одговара на ECE стандард 44/03 или 44/04. Во возилата без задни или предни ремени, децата мора да користат задни седишта. Деца под 3 години не можат да патуваат во возила каде нема детско седиште. |
ШВАЈЦАРИЈА | Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен. | Деца до 12 години мораат да бидат во детски седишта кои се во согласност со стандардот ECE R44/03 или понов. Деца повисоки од 1,50 м мораат да користат ремени. |
ТУРЦИЈА | Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен. | Деца под 3 години не смеат да патуваат во возило без детско седиште. Доколку патуваат на предно седиште во детско седиште свртено кон назад, воздушното перниче мора да е деактивирано. Деца пониски од 150 см и до 36 кг мораат да се возат на задно седиште во соодветен безбедносен систем. Деца повисоки од 150 см. можат да користат ремени за возрасни но на задното седиште. |
В. БРИТАНИЈА | Задолжително за патниците на сите седишта опремени со сигурносен ремен. | Деца под 3 годишна возраст кои патуваат на предните или задните седишта на возилото мора да се во одобрено (званично) детско седиште. Деца на возраст помеѓу 3 и 12 години или пониски од 1,35 м. кои патуваат на предното седиште на возилото мораат да седат во одобрено детско седиште или да носат ремен. Ако патуваат во задниот дел, мораат да седат во одобрено детско седиште или да носат ремен. |