ТЕСТОВИТЕ ЗА ПНЕВМАТИЦИ НА ÖAMTC ПОМАГААТ ДА СЕ ОДВОЈАТ ДОБРИТЕ ОД ЛОШИТЕ ГУМИ ВЕЌЕ 50 ГОДИНИ. ЗА ГОДИШНИНАТА: 50 ЛЕТНИ ГУМИ СО ГОЛЕМИНА 205/55/R16.
ОД ГИНТЕР РАУЕКЕР И ШТЕФАН КЕРБЛ
СИТЕ ГУМИ СЕ кружни и црни и не се разликуваат премногу помеѓу себе. Тоа навистина беше конвенционалната мудрост до пред околу 50 години. Со цел да се спротивстави на ова и, пред сè, да покаже дека зимските гуми придонесуваат и носат вистинска добивка во безбедноста за врема на студената зимска сезона, ÖAMTC го изврши својот прв тест на гуми во 1973 година – притоа користејќи зимски гуми. По 50 години, тестовите односно тестирањата на летните и зимските гуми на ÖAMTC и неговите европски партнерски клубови се меѓу едни од најпрепознатливите тестови од организациите за заштита на потрошувачите. Сегашните резултати, исто така, ни покажуваат дека сè уште постои многу голем и широк опсег од добрите гуми до многу лошите гуми што, пак, во екстремни случаи – како што е, на пример, итно сопирање – претставуваат голем и реален безбедносен ризик.
Педесет модели на гуми со големина 205/55 R16 ќе се натпреваруваат на тестот по повод прославата на јубилејната годишнина. Ова е најпопуларната големина на гуми за компактната и пониската средна класа автомобили.
„Онлајн тргувањето, односно тргувањето преку интернет не запре ниту кај автомобилските гуми. Иако сите тестирани модели ќе ги нема кај дилерите на гуми, секоја гума е достапна за нарачка преку соодветните онлајн платформи, изјави Стефан Кребл, експерт за гуми на ÖAMTC.
Десет модели на гуми од 50 тестирани постигнуваат добар вкупен рејтинг. Ова може да се постигне само со добро избрани и балансирани модели на гуми што добиваат добра оцена и во однос на безбедноста при возење и во однос на еколошката рамнотежа. Од вкупно 50 модели на гуми, 21 модел се оценети како „задоволителни“ и затоа секогаш може да бидат наш добар избор.
Моделите на гуми што на тестирањето се оценети како незадоволителни и се со „недоволно“ освоени бодови се особено ризични. Овие модели на гуми постојано даваат многу слаби перформанси на влажни коловози – а ова доведува до нарушување, односно девалвација на целокупниот рејтинг на гумите. Моделот на гуми Falcon покажува најдобри резултати и перформанси на суви патишта. Нуди многу добар фидбек на воланот, гумите се апсолутно стабилни на дадениот лимит и нудат кратко растојание за сопирање при брзина од 100 km/h.
Од другата страна, односно спротивната, според резултатите добиени на тестирањето се моделите на гуми Radar и Premiorri. И двата модела на гуми не даваат добро чувство на воланот, реагираат на командите на воланот со задоцнување и имаат тенденција на силно пренасочување во случај на ненадејни маневри за избегнување. Покрај тоа, Premiorri има најдолго растојание за сопирање при брзина од 100 km/h.
На влажен коловоз резултатите, односно разликите помеѓу најдобрите и најлошите модели на гуми добиени на тестот се уште поголеми и подраматични. Тука моделот на гума Continental Premium Contact 6 ја доби најдобрата оцена на тестот. Со Continental гумата тест-автомобилот може да се вози многу безбедно на влажни патишта и има многу добар потисок со асфалтот, со тоа што во делот на аквапланинг сè уште има простор за подобрување.
Според резултатите добиени на тестирањето на влажни патишта, последни се моделите на гуми Rotalla, Berlin Tires, Lassa, Evergreen, Riken, Double coin и Premiorri. Перформансите на сите седум модели на гуми беа оценети како „недоволни“ за влажни коловози.
Големи разлики има и во еколошкиот биланс кој е застапен со вкупно 30 проценти во вкупниот резултат на тестот.
Овде фокусот првенствено беше насочен на километражата, абењето на гумите, тежината на гумите и потрошувачката на гориво, но исто така голема улога имаат и нивото на бучава на гумата и нејзината одржливост.
Еден модел на гума може да го постави стандардот – Michelin ePrimacy. На околу 71.500 километри тој модел на гума не само што го нуди највисокиот предвиден опсег туку и го поставува рекордот на терен, со ниска абразија од 38,8 милиграми на километар. Во исто време, со околу осум килограми, таа е релативно лесна гума што има големо влијание и за постигнување на мала потрошувачка на гориво.
Од друга страна, тука се моделите на гуми Zeetex и Avon. Додека Zeetex испорачува најниска предвидена километража на тестот од само 23.100 километри, Avon има најголема абразија со 126 милиграми на километар. Моделот на гуми Avon предизвикува речиси четирипати поголемо абење на гумите од најдобриот во тој дел Michelin ePrimacy, под исти услови на возење. Тежината на гумите, исто така, е интересна: има најмалку 2,3 килограми разлика помеѓу најлесните гуми на тестот, моделите на гуми Firestone и Tomket, секоја со 7,6 килограми и моделот на гуми Premiorri со 9,9 килограми. Така, за цел комплет гуми тоа е повеќе од девет килограми. Од гледна точка на употребата на материјали, тука има простор за подобрување.
Тежината на гумата се рефлектира и врз ефикасноста: масата на гумата мора секогаш да се забрзува при забрзување, а тоа негативно влијае врз потрошувачката на гориво. Двапати два, односно по два модела на гуми од Continental и Michelin се претставени на тестот. Во секој од двата случаја класичен премиум производ: во Continental Premium Contact 6 и во Michelin Primacy 4+. Од друга страна, пак, тука се Continental Ultra Contact, кој особено се фокусира на поголема километража и помал отпор при тркалање, и Michelin ePrimacy, кој е специјално рекламиран како еколошки летен пневматик и дизајниран е со цел да има голема одржливост и економичност.
Двата модела на гуми значително се разликуваат од класичните производи во однос на еколошките критериуми, што е видливо и од оцените во еколошкиот биланс. И двете се многу поеколошки од класичните летни гуми. Michelin ePrimacy беше единствена гума на тестот што доби многу добра оцена за еколошката рамнотежа.
Сепак, и двата модела на гуми имаат недостатоци во однос на безбедноста при возење, во споредба со класиците на нивната марка – во Michelin има дури и големи и значајни недостатоци. Додека моделот на гуми Ultra Contact сè уште постигнува добра вкупна оцена, моделот на гуми Michelin ePrimacy мора да биде задоволен со добиената вкупна оцена „доволно“.
Неговите послаби перформанси на влажно влијаат врз севкупниот рејтинг. Continental не го разви UltraContact толку екстремно во насока на еколошката рамнотежа, но и овде има компромиси, особено во добиените перформанси на влажно. Со најдобрите гуми тест-автомобилот застана по 34,4 метри. Оној со најлошите гуми сè уште вози со застрашувачки 52 км/ч и застанува дури по речиси 60 метри.
Заклучокот од годинашниот тест на гуми е јасен: добиените резултати, особено на влажни патишта, покажуваат дека сè уште има огромни разлики во критериумите поврзани со безбедноста, кои стануваат видливи само преку компаративни тестови на разните модели на гуми.
Оттука и апелот на ÖAMTC, од експертот за гуми Kerbl. „Не може да има никакви компромиси кога станува збор за безбедноста. Можеби тоа е чиста случајност, но најевтината гума на тестот со нејзините многу лоши перформанси на влажни патишта завршува на крајот од табелата со резултати.“
ПРОЧИТАЈТЕ ЈА ТАБЕЛАТА
Растојание на сопирање на влажен асфалт од 80 km/h до мирување
Continental Premium Contact 6 |
DoubleCoin DC99 |
0m 10m 20m 30m 40m 50m 60m
Дополнително, можеби и треба да ја толкувате табелата со резултати според вашиот профил на возење: ако секогаш зависите од вашиот автомобил и поминувате многу километри годишно, моделот на гума по ваш избор треба да биде оценет како „добар“ и во однос на возењето и во однос на безбедноста и еколошката рамнотежа. Ако поминувате само неколку километри, тоа не мора да биде моделот на гумата со најдобра километража, за што би биле потребни десет или повеќе години. Ако им придавате големо значење на добрите перформанси на гумите во поглед на возните карактеристики, соодветните модели на гуми лесно се препознаваат. Дури и ако фокусот е на еколошките и економските критериуми, соодветните модели на гуми лесно се пронаоѓаат во табелата поради новата шема на рангирање и рејтинг. Сепак, препораката на експертот за гуми очигледно е да не се игнорира критериумот на безбедноста при возење. Дел од гумите што се наведени тука, исто така, резултираат со одредени и значителни загуби.
БЕЗБЕДНОСТ ПРИ ВОЗЕЊЕ И ЕКОЛОШКА РАМНОТЕЖА – НОВАТА ШЕМА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА
За да ја одбележат својата 50-годишнина, ÖAMTC и неговите европски партнерски клубови воведуваат нова процена од два столба. Првиот столб каде што сега вкупниот рејтинг е 70 проценти врз основа на безбедноста при возење и вториот столб (нов) каде што 30 проценти се врз основа на процената на еколошката рамнотежа. Безбедноста при возење се состои од критериуми што веќе се познати, како што се однесувањето при возење на суви и влажни патишта: како што се однесувањето при возење на граница на суви или влажни коловози, растојанието за сопирање на суви и влажни патишта, аквапланинг, но и удобност при возење. Еколошка рамнотежа. Од една страна, овде се вклучени познати критериуми, како што се предвидената километража, потрошувачката на гориво или развојот на бучавата.
Критериумите, како што се абразијата или тежината на гумата, како и одржливоста се нови: производните капацитети и нивните сертификати, но и самата гума играат огромна улога. Дали се работи за нова или преобработена гума или има остатоци од производството на гумата што неконтролирано и непотребно се испуштаат во околината во текот на првите неколку километри! Дополнително, како дел од тестот, се врши и анализа на загадувачите на сите 50 модели на гуми и се бараат канцерогени нитрозамини и полициклични ароматични јаглеводороди (PAH).
Добра вест Нитрозамини не беа пронајдени во ниеден модел на гуми и не се откриени никакви абнормалности кај ниеден модел на гуми. Најважен критериум во еколошкиот биланс е километражата. Има огромна разлика дали се предвидува гумата да издржи 71.500 километри (најдобар модел на тест) или само 23.100 километри (најлош модел на тест) – од најлошиот модел на гуми потребни сетри сета гуми за да се постигне километражата на најдобрата гума.
Критериум за абење на пневматиците: Ова се евидентира во текот на тестот за километража. Губењето на тежината на секоја гума се мери во дефинирани интервали со помош на прецизна вага. Резултатот покажува колку милиграми абење на гумите може да се очекуваат по километар и гума. И тука разликите се огромни: тие се движат од 34,8 до 126 милиграми/километар за најлошиот модел на гума – 3,6 пати повеќе од најдобрата гума. Кога станува збор за потрошувачката, соодветните вредности не се толку далеку. Сепак, разликата од 0,4 литри/100 km, што се наоѓа помеѓу најдобрите и најлошите гуми во оваа категорија, собира значителни суми во текот на траењето на една гума – или дури и животниот век на автомобилот, што значи повеќе емисии на CO2, од една страна, а од друга страна полнењето на гориво ќе предизвика дополнително празнење на вашиот паричник.
ГРАНИЦИ НА ОЦЕНУВАЊЕ
Препорака | ***** | **** | *** | ** | * |
Сув, влажен коловоз, потрошувачка на гориво, абење | 0,6-1,5 | 1,6-2,5 | 2,6-3,5 | 3,6-4,5 | 4,6-5,5 |
ПРЕПОРАКА НА ÖAMTC:
***** – извонредни
**** – многу препорачливи
*** – препорачливи
** – условно препорачливи
* – непрепорачливи
ТЕСТ НА ЛЕТНИ ГУМИ 2023 – ДИМЕНЗИИ 205/55 R16
Евалуација на |
Goodyear |
Continental |
Michelin |
Bridgestone |
Nokian tyres |
Falken ZIEX ZE |
Continental |
Ознаки на етикетата според производителот/ отпор при превртување/ адхезија при влага/ надворешен звук |
B/A/69 | C/A/71 | C/A/69 | B/A/71 | C/A/68 | C/A/67 | B/A/69 |
Безбедност при возење 70% |
2.1 | 1.8 | 2.3 | 2.2 | 2.0 | 2.1 | 2.6 |
суво 40% | 2.2 | 1.8 | 2.4 | 2.0 | 1.8 | 1.6 | 2.4 |
влажност 60% | 2.0 | 1.8 | 2.2 | 2.3 | 2.2 | 2.4 | 2.6 |
Оценка за еколошка рамнотежа 30% |
1.7 | 2.6 | 1.6 | 2.4 | 2.9 | 2.7 | 1.7 |
Километража 40% | 0.6 | 1.6 | 0.6 | 2.5 | 2.9 | 2.4 | 1.0 |
абразија на гумата 20% | 1.9 | 2.2 | 1.6 | 2.3 | 2.9 | 2.4 | 1.6 |
ефикасност 20% | 2.1 | 2.6 | 2.4 | 1.5 | 2.2 | 2.7 | 2.0 |
бучава 10% | 2.7 | 3.2 | 2.8 | 3.4 | 2.9 | 3.0 | 2.8 |
одржливост 10% | 3.4 | 3.2 | 3.0 | 3.1 | 3.5 | 4.1 | 3.2 |
Вкупен резултат 100% | 2.0 | 2.0 | 2.1 | 2.3 | 2.3 | 2.3 | 2.3 |
Препорака на ÖAMTC | **** | **** | **** | **** | **** | **** | **** |
Евалуација на |
Kumho Ecsta |
Hankook Ventus |
Nexen N Fera |
Kenda Kenetica |
Kleber Dynaxer |
Norauto |
Apolo Alnac 4G |
Ознаки на етикетата според производителот/ отпор при превртување/ адхезија при влага/ надворешен звук |
C/A/71 | C/A/69 | D/A/71 | C/B/69 | C/A/68 | C/A/71 | C/C/70 |
Безбедност при возење 70% |
2.3 | 2.4 | 2.3 | 2.4 | 2.8 | 3.2 | 3.0 |
суво 40% | 2.4 | 2.4 | 2.3 | 2.2 | 2.6 | 3.2 | 2.9 |
влажност 60% | 2.3 | 2.4 | 2.3 | 2.5 | 2.8 | 2.3 | 3.0 |
оценка за еколошка рамнотежа 30% |
2.7 | 2.7 | 3.1 | 3.0 | 2.1 | 3.0 | 3.5 |
Километража 40% | 2.2 | 2.3 | 3.1 | 3.0 | 1.8 | 2.9 | 3.5 |
абразија на гумата 20% | 2.5 | 2.1 | 2.8 | 2.8 | 2.0 | 3.0 | 2.8 |
фикасност 20% | 2.7 | 2.7 | 2.2 | 2.4 | 2.3 | 2.4 | 2.2 |
бучава 10% | 3.0 | 2.9 | 2.6 | 3.0 | 2.4 | 2.3 | 2.7 |
одржливост 10% | 3.9 | 3.1 | 3.5 | 4.2 | 3.0 | 3.1 | 4.0 |
Вкупен резултат 100% | 2.4 | 2.5 | 2.5 | 2.6 | 2.6 | 3.1 | 3.2 |
Препорака на ÖAMTC | **** | **** | **** | *** | *** | *** | *** |
Евалуација на |
General Tire |
Giti Gitu |
Petlas Imperium |
Uniroyal Rain |
Hifly HF 201 |
Cooper Zeon CS8 |
Westlake Z-107 |
King Meller |
Tomket Sport |
Ознаки на етикетата според производителот/ отпор при превртување/ адхезија при влага/ надворешен звук |
C/B/71 | C/A/71 | C/B/71 | C/A/71 | D/C/71 | D/A/70 | D/B/71 | rund-erneuert | C/B/69 |
Безбедност при возење 70% |
3.5 | 3.4 | 3.5 | 3.4 | 3.6 | 3.6 | 2.7 | 3.8 | 3.8 |
суво 40% | 3.2 | 2.1 | 3.5 | 3.4 | 3.1 | 3.6 | 2.5 | 3.8 | 3.3 |
влажност 60% | 3.5 | 3.4 | 3.2 | 2.0 | 3.6 | 2.4 | 2.7 | 3.5 | 3.8 |
оценка за еколошка рамнотежа 30% |
2.4 | 2.8 | 2.8 | 3.1 | 2.6 | 3.3 | 3.7 | 2.8 | 3.3 |
Километража 40% | 2.4 | 2.6 | 1.8 | 3.1 | 2.6 | 3.3 | 3.7 | 2.8 | 3.3 |
абразија на гумата 20% | 2.4 | 2.5 | 2.3 | 3.0 | 2.3 | 3.1 | 2.9 | 2.5 | 2.4 |
фикасност 20% | 2.0 | 2.5 | 2.8 | 2.5 | 2.4 | 3.1 | 2.4 | 2.1 | 1.6 |
бучава 10% | 2.7 | 3.2 | 3.0 | 3.0 | 2.4 | 2.4 | 3.4 | 3.4 | 3.1 |
одржливост 10% | 3.1 | 4.1 | 4.2 | 3.2 | 4.2 | 3.9 | 4.2 | 3.0 | 4.3 |
Вкупен резултат 100% | 3.2 | 3.2 | 3.3 | 3.3 | 3.6 | 3.6 | 3.7 | 3.8 | 3.8 |
Препорака на ÖAMTC | *** | *** | *** | *** | ** | ** | ** | ** | ** |
Евалуација на |
Michelin |
Fulda Eco |
Toyo tires |
Debica presto |
Dunlop Sport |
Pirelli |
Sava Intensa |
Semperit |
Firestone |
Ознаки на етикетата според производителот/ отпор при превртување/ адхезија при влага/ надворешен звук |
A/B/69 | C/B/70 | C/A/70 | D/B/70 | B/A/68 | C/A/69 | C/B/70 | C/B/71 | C/A/70 |
Безбедност при возење 70% |
3.9 | 2.8 | 2.7 | 2.8 | 2.6 | 2.7 | 2.8 | 2.8 | 2.8 |
суво 40% | 2.8 | 2.5 | 2.5 | 2.8 | 2.3 | 2.2 | 2.7 | 2.8 | 2.2 |
влажност 60% | 3.9 | 2.8 | 2.7 | 2.8 | 2.6 | 2.7 | 2.8 | 2.2 | 2.8 |
оценка за еколошка рамнотежа 30% |
1.3 | 2.2 | 2.5 | 2.3 | 2.8 | 2.6 | 2.6 | 2.6 | 2.7 |
Километража 40% | 0.6 | 1.8 | 2.3 | 2.0 | 2.8 | 2.5 | 2.6 | 2.5 | 2.7 |
абразија на гумата 20% | 1.0 | 2.2 | 2.4 | 2.3 | 2.5 | 2.6 | 2.6 | 2.5 | 2.1 |
фикасност 20% | 1.5 | 1.9 | 2.2 | 2.2 | 1.7 | 2.3 | 1.9 | 2.3 | 1.9 |
бучава 10% | 2.6 | 2.8 | 2.5 | 2.8 | 3.2 | 2.7 | 3.1 | 2.7 | 3.0 |
одржливост 10% | 2.6 | 3.3 | 4.1 | 3.3 | 3.3 | 3.0 | 3.3 | 3.2 | 3.1 |
Вкупен резултат 100% | 3.9 | 2.6 | 2.6 | 2.7 | 2.7 | 2.7 | 2.7 | 2.7 | 2.8 |
Препорака на ÖAMTC | ** | *** | *** | *** | *** | *** | *** | *** | *** |
Евалуација на |
BF Goodrich |
GT Radial FE 2 |
Esa + Tecar |
Barum Bravuris |
Viking Protech |
Laufen S Fit EQ+ |
Delinter DH 2 |
Zeetex ZT 1000 |
Avon ZV 7 |
Ознаки на етикетата според производителот/ отпор при превртување/ адхезија при влага/ надворешен звук |
C/A/70 | C/A/69 | C/A/71 | C/B/71 | C/B/71 | C/B/71 | B/B/71 | E/C/71 | D/A/70 |
Безбедност при возење 70% |
2.9 | 2.9 | 3.4 | 3.2 | 3.4 | 2.9 | 4.0 | 3.8 | 3.9 |
суво 40% | 2.1 | 2.1 | 3.4 | 3.1 | 3.0 | 2.7 | 4.0 | 3.8 | 3.9 |
влажност 60% | 2.9 | 2.9 | 2.1 | 3.2 | 3.4 | 2.9 | 3.0 | 3.1 | 2.6 |
оценка за еколошка рамнотежа 30% |
2.8 | 3.0 | 2.3 | 2.9 | 2.5 | 3.9 | 3.7 | 4.1 | 4.1 |
Километража 40% | 2.8 | 3.0 | 2.0 | 2.9 | 2.5 | 3.9 | 3.7 | 4.1 | 4.0 |
абразија на гумата 20% | 2.2 | 2.6 | 2.3 | 2.6 | 2.5 | 3.1 | 3.1 | 3.6 | 4.1 |
фикасност 20% | 2.3 | 2.4 | 2.1 | 1.9 | 2.1 | 2.1 | 2.2 | 2.3 | 2.8 |
бучава 10% | 3.1 | 3.0 | 2.8 | 3.0 | 2.7 | 2.6 | 2.1 | 2.1 | 3.7 |
одржливост 10% | 3.0 | 4.1 | 3.2 | 3.2 | 3.2 | 3.1 | 4.2 | 4.5 | 3.4 |
Вкупен резултат 100% | 2.9 | 2.9 | 3.1 | 3.1 | 3.1 | 3.9 | 4.0 | 4.1 | 4.1 |
Препорака на ÖAMTC | *** | *** | *** | *** | *** | ** | ** | ** | ** |
Евалуација на |
Radar RPX 800 |
Minerva F209 |
Rotalla RH 01 |
Berlin Tires |
Lassa |
Evergreen |
Riken Road |
Double Coin |
Premiorri |
Ознаки на етикетата според производителот/ отпор при превртување/ адхезија при влага/ надворешен звук |
C/A/71 | C/B/70 | C/B/69 | D/B/71 | B/B/71 | D/C/68 | C/C/71 | C/C/70 | D/B/70 |
Безбедност при возење 70% |
4.1 | 4.5 | 4.7 | 5.3 | 5.3 | 5.4 | 5.4 | 5.5 | 5.5 |
суво 40% | 4.1 | 3.7 | 3.5 | 3.4 | 4.0 | 3.6 | 3.8 | 2.9 | 4.1 |
влажност 60% | 3.1 | 4.5 | 4.7 | 5.3 | 5.3 | 5.4 | 5.4 | 5.5 | 5.5 |
оценка за еколошка рамнотежа 30% |
3.7 | 3.0 | 3.2 | 3.1 | 3.1 | 2.7 | 3.1 | 1.7 | 3.2 |
Километража 40% | 3.7 | 3.0 | 3.2 | 3.1 | 3.1 | 2.5 | 3.1 | 0.6 | 2.8 |
абразија на гумата 20% | 3.2 | 2.3 | 2.3 | 2.5 | 2.4 | 2.3 | 2.1 | 1.4 | 2.3 |
фикасност 20% | 2.5 | 2.1 | 2.1 | 2.6 | 2.4 | 2.7 | 2.0 | 2.4 | 3.2 |
бучава 10% | 2.5 | 2.9 | 2.6 | 3.1 | 3.1 | 2.4 | 3.0 | 2.7 | 3.9 |
одржливост 10% | 4.2 | 4.2 | 4.5 | 4.2 | 3.7 | 4.5 | 3.0 | 4.5 | 4.0 |
Вкупен резултат 100% | 4.1 | 4.5 | 4.7 | 5.3 | 5.3 | 5.4 | 5.4 | 5.5 | 5.5 |
Препорака на ÖAMTC | ** | ** | * | * | * | * | * | * | * |