ПОКРАЈ ВЕЌЕ ЕТАБЛИРАНОТО ИМЕ ТРЕТАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА QASHQAI ПРЕТСТАВУВА НОВА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА КОМФОР, ВОЗНА ДИНАМИКА И ПРАКТИЧНОСТ СПАКУВАНИ ВО МОДЕРНО СТИЛИЗИРАН ПАКЕТ ПОЛН СО НАПРЕДНИ ТЕХНОЛОШКИ РЕШЕНИЈА
Моделот што денес гордо стои пред нас е во суштина возилото кое пред 16-на години ја популаризираше и лансираше неверојатната побарувачка за SUV моделите, која во втората деценија од 21 век сè уште нема намера да попушти. Напротив, статистиката покажува дека наскоро SUV и Crossover верзиите комплетно ќе завладеат со автомобилскиот свет. Затоа, Nissan на својата третата генерација на Qashqai ги искористи сите вештини и сето знаење собрано низ годините за повторно да ги помести границите и постави нови стандарди со кои на сега веќе многубројните конкуренти ќе им ја отежни работата.
ЕЛЕГАНТНО-АТЛЕТСКИ ПРОПОРЦИИ
За новата генерација Nissan подготви комплетно нова, атлетска става и мускулести пропорции на бестселерот Qashqai. Пропоциите се нагласени со истакнатата линија што се протега долж целото возило. Новата генерација е со зголемени габарити во однос на својот претходник, со тоа што должината е поголема за 32 милиметри, повисок е за 15 милиметри, додека меѓуосовинското растојание е продолжено за 20 милиметри. Со својот одважен и храбар став, привлечен дизајн и истакнатите остро поставени LED светлосни групи, заедно со компактната каросерија, Qashqai одново се реосмислува себе си, како своевидна дизајнерска еволуција со што и понатаму е подготвен да го води сегментот кој секојдневно се надополнува со нови конкуренти.
ОРИЕНТИРАНА КОН ВОЗАЧОТ
За новата генерација Nissan подготви комплетно нова, атлетска става и мускулести пропорции на бестселерот Qashqai. Пропорциите се нагласени со истакнатата линија што се протега долж целото возило. Новата генерација е со зголемени габарити во однос на својот претходник, со тоа што должината е поголема за 32 милиметри, повисок е за 15 милиметри, додека меѓуосовинското растојание е продолжено за 20 милиметри. Со својот одважен и храбар став, привлечен дизајн и истакнатите остро поставени LED светлосни групи, заедно со компактната каросерија, Qashqai одново се реосмислува себе си, како своевидна дизајнерска еволуција со што и понатаму е подготвен да го води сегментот кој секојдневно се надополнува со нови конкуренни.
ПАМЕТНО СКРОЕН
Во поглед на комфорот речиси и да нема место за приговор. Богато опремената N-Connecta изведба нуди вистинско задоволство за секој патник. Предните седишта се доста широки и одлично позиционирани за удобен пристап во кабината. Задната клупа сега има околу пет сантиметри повеќе простор за нозете повеќе во однос на претходно со што дополнително се зголемува комодитетот на патниците во задниот дел од кабината. Како дополнување за зголемено чувство нност и поголем волумен на внатрешноста е задолжен и панорамскиот стаклен покрив кој се протега низ целата кабината, исполнувајќи ја со дневна светлина што е особено добредојдено во тмурни зимски денови. Багажникот според производителот има волумен од речиси 500 литри и е на две нивоа, а со преклопување на задните седишта неговиот капацитет изнесува 1.593 литри. Накратко, кабинскиот дел на Qashqai е доста паметно скроен, нудејќи премиум искуство кое го носи овој кросовер во самиот врв на сегментот.
МОТОРНА КОМБИНАЦИЈА ЗА НОВОТО ВРЕМЕ
Јапонците одлучија дека за новото време е потребна и нова моторизација, затоа од понатамошна употреба се комплетно исфрлени дизелските агрегати, а на нивно место е сместен бензинецот во блага хибридна форма во две варијации на моќност. Тестираниот примерок го движеше помоќната изведба на 1,3-литарскиот турбо бензинец кој располага со 158 КС при 5.500 вртежи во минута и максимален вртежен момент од 270 Нм расположиви помеѓу 1.800 и 3.750 вртежи во минута. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 9.9 секунди, а максималната брзина изнесува 198 км/ч. Во неколкудневното дружење забележавме просечна потрошувачка 8,5 литри на секои 100 изминати километри. За преносот е задолжена безстепената CVT менувачка кутија за која освен пофални зборови немаме што друго да кажеме. Станува збор за најновиот механички склоп на компанијата и врв на моментално достапната технологијата која што ги анулира речиси сите претходни недостатоци на овој тип менувачи. Во целината е вклучен и 4WD погон на сите тркала кој е подржан со клиренсот од 180 мм, што на моделот Qashqai му овозможува совладување поголем број препреки како на асфалтен пат, така и надвор. Секако, сето тоа е помогнато преку електронски мапираните режими за работа на моторот и менувачот. Потпирањето е сетирано со нагласена спортска нота, а благодарение на новата CMF-C платформа Qashqai покажува голема стабилност и чувство на контрола во свиоците, како и севкупна одлична возна динамика. Податок што вреди да се напомене е високото ниво на звучна изолација која е задолжена за подигање на комфорот во автомобилот што го претвора во идеален придружник за поминување долги дистанци.
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗИЛОТО
МОТОР: | ЧЕТИРИЦИЛИНДРИЧЕН БЕНЗИНЕЦ |
ЗАФАТНИНА: | 1.332 СМ3 |
МОЌНОСТ: | Максимална моќ: 116kW/158КС |
МЕНУВАЧ: | CVT- АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА |
ПОГОН: | НА СИТЕ ЧЕТИРИ ТРКАЛА |
ОБЕСУВАЊЕ НА ТРКАЛА: |
НАПРЕД: MCPHERSON НАЗАД: НЕЗАВИСНО ПОТПИРАЊЕ MULTILINK |
СОПИРАЧКИ: | НАПРЕД: ВЕНТИЛИРАЧКИ ДИСКОВИ НАЗАД: ДИСКОВИ |
ГУМИ: | НАПРЕД 235/55 R18, ПОЗАДИ 235/55 R1 |
МАСА НА ВОЗИЛОТО: |
1.577 КГ |
ДИМЕНЗИИ: Д/Ш/В: | 4.425/1.848/1.625ММ |
ЗАБРЗУВАЊЕ ОД 0 ДО 100 КМ/Ч: |
9.9 СЕКУНДИ |
ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА: |
7.0 ЛИТ/100 КМ |
МАКСИМАЛНА БРЗИНА: |
208 КМ/Ч |
ЦЕНА НА ТЕСТИРАНИОТ МОДЕЛ: |
24.100 ЕВРА |