ТЕСТ НА ЛЕТНИ ПНЕВМАТИЦИ ÖAMTC 2022 ГОДИНА – ДОБАР РЕЗУЛТАТ ВО ДВЕ ДИМЕНЗИИ
Од Гинтер РАУЕКЕР
Се бараат сеопфатни пневматици, оние што се добри во неколку категории. По можност да бидат навистина добри. Но ова не се однесува само на автомобилите вклучени во спортот, туку особено на пневматиците на нашите автомобили. Барањата за тоа се различни: добар притисок на влажен и на сув коловоз, долг работен век, мал шум што произлегува од пневматиците. Во зависност од карактеристиките на материјалот, дизајнерите на пневматиците го подобруваат нивното однесување на влажно, на пример, со користење помека гумена смеса на шарата. Дали до тоа доаѓа и по цена на долготрајноста? Во тој случај настанува побрзо трошење на пневматиците, што значи и помала километража. Избегнувањето на овој конфликт на цели што треба да се постигнат може да се опише и како квадратура на кругот. Поради тоа, резултатот од тестовите направени на летните пневматици од ÖAMTC и неговите европски партнери се повпечатливи. Еден од производителите на пневматици, го направи квадратот многу добро.
И оваа година повторно се тестираа две димензии на пневматици, од вкупно 34 различни модели на пневматици што се наоѓаат во обемната програма за тестирање. Од една страна беа пневматициите со големина 185- 65-R15, популарна димензија за мали автомобили, како што е VW Polo, автомобил што, исто така, се користеше како тест-возило. Од друга страна се пневматиците со големина 215-60-R16, една од најпопуларните димензии што одговараат и на компактни теренци, како што е тест-возилото Skoda Karoq, а одговараат и на широкиот опсег на класи, почнувајќи од компактните теренци, па сè до теренците со средна големина, како што се Opel Astra, Peugeot 508 или Kia Optima.
ДИМЕНЗИЈА 185-65-R15 ЗА МАЛИ АВТОМОБИЛИ
Се дојде до однапред позитивен заклучок, ниеден од 16 кандидати за тестирање не покажаа сериозни слабости, а дури шест модели на пневматици ја заслужуваат оцената „многу препорачливи“.
Победникот на тестот, кој доаѓа од производителот Goodyear, веќе го има постигнато споменатиот баланс помеѓу големата километража и добрите перформанси на влажно. Километражата што може да се помине со тој модел пневматици е околу 50.000 км, но сепак импресионираат постигнувањата добиени на влажни коловози. Со тоа овие пневматици се добар и сe почест избор на возачите.
Кај производителите на пневматици Bridgestone и Pirelli фокусот сè уште е насочен првенствено на однесувањето на пневматиците и на перформансите што ги имаат на влажни и на суви коловози, а абењето и кинењето сè уште е на добро ниво. Michelin во целина е многу балансиран. Dunlop и Giti се оценети како „многу препорачливи“ за влажни и за суви коловози и имаат добри оцени при абење, што влијае врз нивната вкупна оцена.
Изработката на пневматик што би траел долго време и сè уште би имал добар при- тисок на влажни коловози веќе долго време се сметала за неизводлива. Со димензијата 185 Goodyear покажува дека тоа е можно. Стефан Кербл, експерт за пневматици во ÖAMTC
Препорака на ÖAMTC
*****=извонредни
****= многу препорачливи ***= препорачливи **= условно препорачливи *= непрепорачливи |
Граници на оценката | ***** | **** | *** | ** | * |
Сув терен, влажност, потрошувачка на гориво, абење | 0,6-1,5 | 1,6-2,5 | 2,6-3,5 | 3,6-4,5 | 4,6-5,5 |
Вкупна оценка | 0,6-1,5 | 1,6-2,5 | 2,6-3,5 | 3,6-4,5 | 4,6-5,5 |
Учество на критериуми
Сув терен 20 % (однесување при возење 35 %, безбедност при возење 35 %, сопирање 30 %), влажност 40 % (сопирање 30 %, аквапланинг по должина 20 %, аквапланинг попречно 10 %, управување 30 %, странично водење 10 %), звук 10 % (надворешен звук 50 %, внатрешен звук 50 %), потрошувачка на гориво 10 %, абење 20 %.
Препораката на ÖAMTC и редоследот на моделите се базира врз вкупната оцена што се пресметува од евалуацијата на поединечните критериуми. Доколку некој модел врз основа на неговите оцени за критериумите сув терен, влажност, потрошувачка на гориво, абење не е веќе „многу препорачлив“ (оцена полоша од 2,5), тогаш како вкупна оцена се зема најлошата оцена од наведените испитувања. При иста оцена редоследот е азбучен, според називот на производителот.
Индекс на брзина: сите гуми со димензија 185. H (до 210 km/h) сите гуми со димензија 225. V (до 240 km/h) Индекс на оптоварување: сите гуми со димензија 185. 88 (= 560 kg) сите гуми со димензија 185. 99 (= 775 kg)
Во полето на „препорачани“ модели на пневматици се издвојува Continental. Тоа е единствен пневматик што на тестот успеа да постигне многу добар резултат и рејтинг за еколошките и за економските критериуми. Во однос на потрошувачката на гориво, тој е далеку пред другата конкуренција, а покажа и добри перформанси во однос на можната километража. Забелешки за пневматиците Falken и Vredestein. Тие малку паѓаат во перформансите и во рејтингот при абење на пневматиците, но особено Vredestein позитивно се истакнува со неговите перформанси на суво и на влажно. Така, и двата вида пневматици може да претставуваат добра алтернатива за одредени возачи.
Тест на летни гуми 2022 година – димензија 185-65-R15 |
Евалуација на критериуми
|
Goodyear
|
Bridgestone
|
Michelin
|
Pirelli
|
Dunlop Sport blue
|
Giti
|
Laufenn
|
Continental
|
Firestone Roadhawk
|
Ознаки на етикетата според производителот/ отпор при превртување/ адхезија при влага/надворешен звук |
C/A/69 | B/A/70 | C/A/68 | DC/B/69 | В/A/67 | H2C/A/70 | D/B/70 | A/A/70 | C/A/70 |
сув терен 20 % | 2,3 | 1,8 | 1,8 | 1,6 | 2,0 | 2,4 | 2,4 | 2,5 | 2,2 |
влажност 40 % | 2,0 | 1,7 | 2,0 | 2,3 | 2,5 | 2,3 | 2,6 | 2,8 | 2,8 |
звук 10 % | 3,2 | 3,3 | 2,9 | 3,2 | 3,0 | 3,2 | 3,0 | 2,9 | 3,7 |
потрошувачка на гориво 10 % | 2,2 | 1,9 | 2,1 | 2,1 | 2,3 | 2,4 | 1,8 | 1,2 | 2,4 |
абење 20 % | 1,0 | 2,5 | 2,0 | 2,5 | 2,5 | 2,5 | 2,5 | 1,5 | 2,0 |
вкупна оцена 100% | 2,0 | 2,1 | 2,1 | 2,3 | 2,5 | 2,5 | 2,6 | 2,8 | 2,8 |
Препорака на ÖAMTC | **** | **** | **** | **** | **** | **** | *** | *** | *** |
1. Се очекува модификација за 2022 година Michelin Primacy 4+кс на оптоварување: 91 | (+) најдобри оцени при абење, добри на суви патишта и во влажни услови |
(+) најдобри на влажно, многу добри на сув коловоз, многу добри при потрошувачка на гориво |
(+) многу добри на сув коловоз, добри на влажно |
(+) најдобри на сув коловоз, добри на влажно |
(+) добри на сув коловози кога е вла | (+) добри на сув коловоз | (+) многу добри при потрошувачка на гориво, добри на сув коловоз (-)мали недостатоци на влажно |
(+) најмала потрошувачка, многу добри при влажност, добри на сув коловоз (-) мали недостатоци на влажен коловоз |
(+)добри на сув коловоз (-) мали недостатоци при влажност |
Тест на летни гуми 2022 година – димензија 185-65-R15 |
BFGoodrich |
Falken Sincera |
Semperit |
Vredestein Ultrac |
Fulda EcoControl HP |
Cooper |
Matador |
C/B/69 | C/A/69 | C/B/70 | C/A/69 | E/C/69 | C/B/68 | C/B/70 |
2,9 | 1,9 | 2,4 | 1,8 | 2,7 | 3,2 | 3,3 |
3,0 | 2,6 | 3,0 | 2,1 | 3,1 | 3,2 | 2,7 |
3,2 | 2,7 | 2,1 | 3,0 | 3,2 | 3,0 | 2,8 |
2,1 | 1,7 | 1,9 | 2,5 | 2,2 | 1,9 | 2,0 |
2,5 | 3,0 | 2,0 | 3,0 | 1,0 | 3,0 | 2,5 |
3,0 | 3,0 | 3,0 | 3,0 | 3,1 | 3,2 | 3,3 |
*** | *** | *** | *** | *** | *** | *** |
(-) мали недостатоци на сув коловоз, слабости при влажен коловоз |
(+) многу добри на сув коловоз и на потрошувачка (-) мали недостатоци при влажност и при абење |
(+) многу добри на потрошувачка, добри на сув коловоз (-) слабости при влажен коловоз |
(+) најдобри оцени при абење (-) недостатоци на сув и на влажен коловоз |
(+) најдобри оцени при абење (-) недостатоци на сув и на влажен коловоз |
(+)многу добри на потрошувачкa (-) слабости при сув коловоз, при влажен коловоз и при абење |
(-) слабости при сув коловоз, при влажен коловоз и при абење |
ДИМЕНЗИЈА 215-50-R16 ЗА КОМПАКТНА И ЗА СРЕДНА КЛАСА
Резултатите добиени и кај пневматиците со поголеми димензии се добри и постојано позитивни. Од 18 пневматици, пет пневматици се со рејтингот „ многу препорачливи“, а дванаесет модели се со рејтинг на „препорачливи“. Само еден пневматик е со рејтинг на „условно препорачлив“. Петте „многу препорачливи“ модели не покажуваат никакви слабости и поените ги добиваат врз основа на својот многу добар баланс. Michelin и Bridgestone се особено импресивни на суви патишта, а Continental постигнува врвни оцени на влажни патишта. Кога станува збор за потрошувачка на гориво и абење, пневматиците Michelin навистина се истакнуваат. Dunlop се покажува како многу добро балансиран пневматик, иако пневматиците Toyo со своите оцени се на сама граница со сите главни критериуми, сепак обезбедуваат место помеѓу првите пет пневматици. Nokian, пак, се водечки на полето „препорачани“ пневматици. Иако постигнуваат добри резултати на суво, на влажно и во однос на абењето, можноста за подобра оцена ја пропушта кога станува збор за критериумот потрошувачка на гориво.
Општа забелешка Во однос на овој критериум на терен има големи разлики. Има разлика од речиси десет проценти помеѓу најекономичниот пневматик (Кormoran) и најлошиот пневматик (Lassa). Пневматиците Kumho имаат најдобар рејтинг од сите кандидати на суви патишта (Hankook, исто така, постигнува добар резултат на суви патишта), но има мали слабости на влажни коловози. Во рамките на оваа димензија, пневматикот Sava е најдобар во однос на абењето. Но тоа важи за сите добрата рамнотежа, односно добриот баланс се зема предвид, пред сè, за целокупната оцена на пневматиците, а свое влијание има и послабата оцена добиена за другите главни критериуми. Тоа може да се види кај пневматиците Kormoran што се на последно место според перформансите добиени на спроведените тестови. Како што веќе споменавме, пневматикот може да постигне апсолутна најдобра вредност во потрошувачката на гориво и добра оцена за абење, но покажува и јасни слабости и недостатоци кога станува збор за критериумите поврзани со безбедноста. Пневматикот брзо ги достигнува границите на добра кохезија со коловозот, особено на влажен. Имајќи го предвид вкупниот збир на својствата, пневматикот влегува во рејтингот на „условно препорачливи“ пневматици.
Tест на летни гуми 2022 година – димензија 215-60-R16 |
Евалуација на критериуми |
Continental |
Michelin |
Bridgestone |
Dunlop |
Toyo Tires |
Nokian Tyres |
Debica |
Hankook |
Kumho |
Kleber |
Ознаки на етикетата според производителот/ отпор при превртување/ адхезија при влага/надворешен звук |
C/A/72 | B/A/68 | B/A/72 | B/A/68 | C/A/70 | C/A/68 | C/B/72 | C/A/72 | B/B/70 | B/A/69 |
сув терен 20 % | 1,9 | 1,7 | 1,8 | 2,1 | 2,5 | 2,2 | 2,6 | 2,5 | 1,5 | 2,1 |
влажност 40 % | 2,1 | 2,5 | 2,4 | 2,3 | 2,4 | 2,1 | 2,7 | 2,7 | 2,7 | 2,8 |
звук 10 % | 2,6 | 2,8 | 2,9 | 2,8 | 2,4 | 2,7 | 2,9 | 2,6 | 2,8 | 2,9 |
потрошувачка на гориво 10 % | 1,9 | 1,4 | 1,6 | 2,1 | 2,5 | 2,6 | 2,2 | 1,8 | 1,9 | 2,0 |
абење 20 % | 2,0 | 1,5 | 2,0 | 2,5 | 2,5 | 2,5 | 1,5 | 1,5 | 1,5 | 2,0 |
вкупна оцена 100% | 2,1 | 2,1 | 2,2 | 2,4 | 2,5 | 2,6 | 2,7 | 2,7 | 2,7 | 2,8 |
Препорака на ÖAMTC | **** | **** | **** | **** | **** | *** | *** | *** | *** | *** |
1.Се очекува модификација за 2022 година-Michelin Primacy 4+ 2. од производителот достапен е hankook ventus prime 4 |
(+) најдобри оцени при влажност, многу добри на сув коловоз и добри на потрошувачка |
(+) многу добри на сув коловоз, добри при потрошувачkа и при абење добри на влажно |
(+) добри на сув коловоз и при потрошувачка добри на влажно |
(+) добри на сув коловоз и кога е влажно |
(+) добри на сув коловоз и кога е влажно |
(+) најдобри оцени при влажност, добри на сув коловоз (-) мали недостатоци при потрошувачка |
(+) многу добри при абење (-) мали недостатоци при сув и влажен коловоз |
(+) многу добри при потрошувачка и при абење, добри на сув коловоз (-) мали недостатоци при вла |
(+) најдобри на сув коловоз, многу добри при потрошувачка и при абење (-) мали недостатоци на в |
(+) добри на сув коловоз (-) мали недостатоци на влажнос |
Tест на летни гуми 2022 година – димензија 215-60-R16 |
Firestone |
Sava |
Barum |
Esa+Tecar |
Lassa |
Semperit |
Nankang |
Kormoran |
C/A/72 | C/B/72 | C/B/72 | C/B/72 | E/A/70 | C/B/72 | C/B/72 | C /C/72 |
2,2 | 2,3 | 2,8 | 3,4 | 3,4 | 3,4 | 3,5 | 3,5 |
2,9 | 3,0 | 3,1 | 3,0 | 3,2 | 3,3 | 3,2 | 3,7 |
3,0 | 2,7 | 2,8 | 2,7 | 3,0 | 2,8 | 2,5 | 2,9 |
2,3 | 2,4 | 2,2 | 1,9 | 2,9 | 1,8 | 2,1 | 1,2 |
2,0 | 1,0 | 2,0 | 2,0 | 2,5 | 2,0 | 3,0 | 2,5 |
2,9 | 3,0 | 3,1 | 3,4 | 3,4 | 3,4 | 3,5 | 3,7 |
*** | *** | *** | *** | *** | *** | *** | ** |
(+)добри на сув коловоз (-) мали недостатоци на вл |
(+) најдобри при абење, добри на сув коловоз (-) слабости на влажност |
(-) мали недостатоци на сув коловоз и слабости при влажност |
(+) многу добри при потрошувачка (-) недостатоци на сув и влажен коловоз |
(-) мали недостатоци при потрошувачка, слабости на сув и влажен коловоз |
(+) многу добри при потрошувачка (-) мали недостатоци на сув коловоз слабости на сув и влажен коловоз |
(-) слабости на сув и влажен коловоз и при абење |
(+) најмала потрошувачка (-) слабости на сув и влажен коловоз |
ПРЕПОРАКИ НА ÖAMTC ЗА ПНЕВМАТИЦИ
НА ВЛАЖЕН АСФАЛТ ЗА СОПИРАЊЕ ОД 80 ДО 0 KM/H ДИМЕНЗИЈА 215-50-R16
Continental 35,9m
Durchschnitt 39,7m
Kormoran 43,4m
Колку долго трае пмевматикот? Разликите се огромни. Најдобриот модел трае речиси двапати повеќе од најкраткиот модел на теренот за тести.