MINI ACEMAN-НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА „ЕЈСМЕН“ Е ЧИСТА ЕЛЕКТРИКА

10/05/2024

Моделот „ејсмен“ како дел од семејството Мини, најблиску е до возилата наречени „кросовер“. Неодамна, во април Мини ја претстави новата генерација од спомнатиот модел и тоа во две изведби „ејсмен е“ и „ејсмен се“. Колку за информација, светската премиера се одржа во земјата која произведува најмногу автомобили во светот, на Салонот за автомобили во Пекинг. Првата е таа обичната со 42,5 kWh батерија со која возилото изминува 310 км, додека крајната брзина е ограничена на 160 км/ч, а од 0 до 100 км/ч потребни му се 7,9 секунди. Сето тоа го овозможува електромоторот со неговите 184 КС. Втората изведба е побрза, има повеќе силина. Нејзината 54,2 kWh батерија овозможува автономија малку над 400 км, и има ограничување на крајната брзина – точно 170 км/ч.

Новиот „мини ејсмен“ ги има следниве димензии: должина 4.075 мм, ширина 1.754 мм, висина 1.495 мм и 2.606 мм растојание меѓу оските. Во овие димензии се сместени одделот за петте возрасни патници, одделот за товар со зафатнина од 300 л. и секако одделот за батерија и погонската единица. Според димензиите, „ејсмен“ е малку поголем од класиката „мини“ и малку помал од „кантрименот“.

Засега само електричен „ејсмен“, дали ќе има од тие хибридните со приклучок и од тие со умерена хибридна технологија, од главниот штаб на Мини сѐ уште нема никакви најави.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ