PEUGEOT-„ГТИ“, СИМБОЛОТ ШТО ЈА ОБЕЛЕЖА ИСТОРИЈАТА НА ПЕЖО

10/06/2025

Ознаката „GTI“ во семејството на Пежо не значи само многу, таа значи сè. Покрај лавот, заштитниот знак на брендот, „GTI“ е едно од најпрепознатливите и најважни обележја за Пежо. Самото спомнување на оваа ознака веднаш буди асоцијации на марката. Зошто и како Пежо одлучи да ја отстрани ознаката „GTI“ од новите модели, тоа го знаат само тие.

Последен пат ознаката беше видена на автомобилот наречен „308 гти“ во 2021, и оттогаш Пежо ја нема употребено. Откако ознаката „гти“ беше повлечена, Пежо на своите спортски изведби започна да ја користи ознаката „псе“ (Пежо Спорт Енџинирид). Првиот и единствен модел што ја понесе оваа новосоздадена ознака беше моделот „508 псе“ и толку, потоа Пежо престана да ја употребува. Заменувањето на нешто со децениска традиција и длабоки корени сè уште останува нејасен потег.

Враќањето на ознаката „гти“ ќе се случи за време на 93. издание од легендарната трка 24 часа Леман, настан на која Пежо учествува со болидот наречен „9X8“. Првиот автомобил што ќе ја носи препознатливата ознака „гти“ по неколкугодишна пауза ќе биде моделот „е – 208“. Ќе ја користи платформата „е – цмп“, а ќе располага со силина од 240 до 280 КС и батерија со која ќе може да изминува околу 400 км. Претставувањето е закажано за 13 јуни, за време на петочните припреми и официјалните тренинзи на учесниците во трката 24 часа Леман.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.