СРБИЈА
Ремени: задолжително; Детски седишта: задолжително за деца до 3 години, деца од 3 до 12 години не смеат да се возат на предно седиште; Средно светло дење: задолжително; Прва помош сет: задолжително; ПП апарат: не; Триаголник: задолжително; Рефлектирачки елек: задолжително, мора да се облече кога се излегува од возилото на јавен пат; Зимска опрема: од 1 ноември до 1 април, зимски гуми на сите 4 тркала – кога има снег или мраз на коловоз, синџири мора да се има во возилото надвор од град во определениот период, а се користат за погонските тркала само таму каде што се поставени сообраќајни знаци.
ЦРНА ГОРА
Ремени: задолжително; Детски седишта: не, а деца под 12 години не смеат да се возат на предни седишта; Средно светло дење: да, за сите возила; Прва помош сет: задолжително; ПП апарат: не; Триаголник: задолжително; Рефлектирачки елек: задолжителен; Зимска опрема: минимум 2 зимски гуми или летни со синџири во период од 15 ноември до 31 март. Товарните возила од 15 ноември до 31 март како дел од зимска опрема треба да носат и лопата.
АЛБАНИЈА
Ремени: Употребата на ремени за возила произведени после 1990 год. задолжителни за сите седишта; Детски се-
дишта: Детски седишта се задолжителни за деца под 12 години на предно седиште и за деца под 4 години на задно
седиште; Средно светло дење: само при лоша видливост и во тунели; Прва помош: задолжителна; ПП апарат: се препорачува; Триаголник: задолжително; Зимска опрема: синџири. Задолжително е да се поседуваат синџири во возилото од 1 ноември до 30 април.
БУГАРИЈА
Ремени: задолжително сите вградени (казна 25 евра); Детски седишта: задолжителни за деца до 3 години, деца над 3 години и пониски од 150 цм можат да бидат на задно седиште без детско седиште; Средно светло дење: задолжително за сите возила во текот на целата година; Прва помош сет: задолжително; ПП апарат: задолжително за сите возила со исклучок на моторциклите; Триаголник: задолжително; Рефлектирачки елек: задолжително за сите лица кои го напуштаат возилото дење или ноќе на автопат. Задолжително и за мотоциклисти; Зимска опрема: употребата на зимски гуми е задолжителнa за возила регистрирани во Бугарија кога се зимски услови на патот. За возила регистрирани во странство, користење на зимски гуми не е задолжително, но се препорачува. Синџири за снег се дозволени. Нивната употреба може да стане задолжителна во согласност со условите на патот, во кој случај тоа е означено со патен знак. Кога возите со синџири за снег, дозволена максимална брзина е 50 km/h.
ГРЦИЈА
Ремени: задолжително за сите седишта (казна 350 евра); Детски седишта: задолжително седиште за деца до 3 години, деца од 3 до 11 години, и пониски од 1,35 м на задно седиште во детско седиште, постари од 12 г. и повисоки до 1,35 можат да користат ремени за возрасни; Средно светло дење: задолжителни за моторцикли и мопеди; Прва помош сет: задолжително; ПП апарат: задолжително; Триаголник: задолжително; Рефлектирачки елек: не e задолжителен, но се препорачува; Зимска опрема: нема определено, период од ноември до март. Синџирите за снег можат да се користат кога патишта се покриени со снег или мраз. Максималната брзина за автомобили со синџири е 50 km/h.
ХРВАТСКА
Ремени: задолжителни за сите седишта (казна 500 куни); Детски седишта: до 2 години задолжително на предно седиште во детски седишта соодветни според нивната возраст, деца до 12 години не смеат да се возат на предни седишта, од 2 до 5 години во соодветни безбедносни уреди на задно седиште, од 5 до 12 години соодветни ремени на задни седишта; Средно светло дење: задолжително за сите возила од последната недела во октомври до последната недела во март (казна 300 куни); Прва помош сет: задолжително; ПП апарат: само за комерцијални возила; Триаголник: задолжителен. За возила со приколка потребни се 2 триаголници; Рефлектирачки елек: задолжителен, стандард EN-471; Зимска опрема: зимски гуми на сите 4 тркала ИЛИ летни со синџири во период од 15 ноември до 15 април. Од 06 декември 2013, во Хрватска е воведен пропис за задолжителна зимска опрема на зимските делници на јавните патишта, во период од 15 ноември до 15 април, без оглед на моменталната состојба на патиштата. Mинимална длабочина на шарка од 4мм. Непочитување на овој пропис се казнува со глоба од 300 куни и исклучување од сообраќај.
СЛОВЕНИЈА
Ремени: задолжително за сите седишта (казна 120 евра); Детски седишта: Сите деца пониски од 150 см мора да се возат во безбедносни седишта соодветни за нивната возраст. Казна 200 евра; Средно светло дење: задолжително (казна 40 евра); Прва помош сет: задолжително за возила регистрирани во Словенија , за други се препорачува; ПП апарат: не; Триаголник: задолжително; Рефлектирачки елек: задолжително за автопат, за сите особи кои ќе имаат потреба да излезат од возилото (казна 40 еур); Зимска опрема: зимски гуми на сите 4 тркала или летни со синџири во период од 15 ноември до 15 март. Кога се користат синџири, возила не смеат да возад над 50 km / h. Минималната длабочина за двата типа на гуми е 3 мм.