FORD MONDEO V-ПОСЕБЕН „МОНДЕО“ ЗА КИНЕЗИТЕ

08/02/2022

Последниве пет децении минаа во знакот на кинеската автомобилска индустрија. Сите производители отворија во Кина производни погони затоа што аналитичарите постојано предупредуваа за брз развој на сите индустриски гранки, а не само на автомобилската и пропратната индустрија. Затоа не е чудно што и најголемите производители на автомобили во светот почнаа да произведуваат модели строго наменети за кинескиот пазар, односно според потребите на Кинезите. Да не ги набројуваме претходните, да не заборавиме некој од нив да спомнеме, но најновиот автомобил направен исклучиво за Кинезите е петтата генерација од моделот „мондео“.

 

„Форд мондео“ е дизајниран во Шангај во студиото Форд Кина Дизајн Центар, а ќе се произведува во Чанган Форд заедно со неодамна претставениот модел „евос“. Всушност „мондео“ е правено на основа од „евос“ кој всушност е некој вид караван со купе линија и блага нота од „сув“ возилата.
Иако новиот „мондео“ беше официјално претставен на Салонот за автомобили во Шангај, сепак производителот не кажа ништо за внатрешноста, а уште помалку за погонските единици, што е малку чудно и необично. Познати се димензиите, односно новиот „мондео“ е подолг за 63 мм, поширок е за 23 и има поголемо меѓуоскино растојание  за цели 104 мм кои создаваат повеќе простор за патниците од задните седишта и одделот за товар.
Со севкупниот електронски систем во возилото ќе раководи програма створена  од кинеските стручни лица во компанијата Баиду, а е наречена „синк 2.0“.

 

Новиот „форд мондео“ ќе се продава само на кинескиот пазар и засега е непознато дали автомобилот ќе биде присутен на околните пазари (европскиот, американскиот, Блискиот Исток). Кина стана најважниот пазар не само на автомобили, туку и производител. Таму се произведуваат најмногу автомобили во светот и најмногу се купуваат. Ако се има во предвид дека во тој дел од светот населението брои скоро 4,5 милијарди, тогаш станува повеќе од јасно зошто останатиот дел од светот е свртен кон спомнатиот регион.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.