DELOREAN DMC-12 ВРАЌАЊЕ ВО СЕГАШНОСТА

02/03/2022

Текстов го посветуваме на еден од најдобрите автомобили на планетава. Сите велат купето „делореан дмц – 12“ стана прочуено во светот откако влезе во филмската индустрија со подвижните слики наречени „Враќање во иднината“.  Изговоров важи за тие кои воопшто не ги познаваат, односно не пројавуваат никаков интерес за автомобилите. За останатите купето „делореан дмц – 12“ и без главната улога во филмот беше и остана легендарен автомобил. Сепак точно е тоа дека масовноста во препознавањето ја постигна со прикажување на претходно спомнатиот филм.
Компанијата е основана во 1975 година од страна на Џон Делореан под името Делореан Мотор Компани скратено ДМК која опстојува до 26 октомври 1982 и толку. Првото купе излегува од фабричката хала во 1981 год. Сепак љубителите на автомобили го имаат запаметено купето по крилните врати, чистата линија, поточно по речиси геометрискиот облик и по предните правоаголни двојни светла. Од вкупно произведени скоро 9.000 примероци од кои во возна состојба се околу 6.500.


Во денешно време  компанија од Тексас ги купи праватa и компанијата Делореан Мотор Компани и одлучи да го возобнови производството на популарното купе и тоа со помош на Италдизајн, дизајнерска куќа основана во 1968 год од Џорџето Џуџаро и Алдо Мантовани. Првиот е творец на првото купе „делоран“, изворното.
Сè изгледа толку убаво за да биде вистинито, но Тексашаните продолжуваат со работата. Пред еден важен фудбалски натпревар прикажаа куса најава во која автомобилот како да извира од темнината, му се оцртуваат линиите, но највпечатлив е моментот кога вратите се отвораат како птичји крила.
Велат светската премиера ја подготвуваат за големиот настан на калифорниското крајбрежје во местото Пебл Бич каде секоја година во август се одржува манифестација посветена на автомобилите позната под името Конкорс де Елеганс. Денот на првичното претставување е 21 август. Сега засега познати се неколку работи – автомобилот ќе има електричен погон што е повеќе од разбирливо така да биде затоа што светот очекува нешто поинакво од останатите автомобили затоа што „делореан“ се враќа од иднината. Ќе бидат произведувани по околу 50 примероци годишно, а тие што посакуваат да бидат сопственици ќе мора да платат 100.000 долари. Интересно е што автомобилот ќе се произведува шест години. Си го поставуваме прашањето, што потоа(?). Најверојатно таа „шестка“ ги симболизира годините на постоење на фирмата Делореан Мотор Компани, 1975 е формирана, а првото купе „делореан“, е излезено од халите во 1981.
Досега беше „враќање во иднината“, а од 21 август ќе биде враќање во сегашноста и уште нешто, светот премногу е заинтересиран за обликот – сака да знае барем малку од тоа што припрема Италдизајн.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.