ЗЛАТНО ТРКАЛО 2022 ИЗБРАНИ НАЈПОСАКУВАНИТЕ АВТОМОБИЛИ ВО МАКЕДОНИЈА

18/03/2022

Со завршувањето на гласањето, познати се сите победници во изборот Златно Тркало за 2022 година

Гласањето за Националниот Избор на Најпосакуван Автомобил во Македонија траеше од 1 до 15 март, a со завршувањето познати се и победниците во секоја од категориите за Златно Тркало 2022 година. На изборот, кој се одржува трета година по ред, учествуваа 15 автомобили кои беа распределени во пет различни катеегории, а целата македонска јавност имаше можност да го даде својот глас и да го избере Најпосакуваниот автомобил во Македонија.

Златно Тркало прераснува во вистинска традиција, а годинава повторно успеа да привлече големо внимание кај јавноста, која го избираше својот фаворит во категориите Најпосакуван Градски автомобил, Најпосакуван Семеен автомобил, Најпосакуван Електрифициран автомобил, Најпосакуван Премиум автомобили и Главната награда за Најпосакуван автомобил во нашата земја.

Како и секоја година, така и оваа, сите финалисти беа промовирани подеднакво на социјалните мрежи од страна на организаторите, а со добивањето на конечниот број на гласања, познати се и победниците.

Најпосакуван Градски автомобил во Македонија е Peugeot 308 со освоени 37,70 проценти од гласовите

 

Hајпосакуван Семеен автомобил е Kia Sportage со 39,11 проценти од гласовите

Најпосакуван Електрифициран автомобил е Volkswagen ID.4 со 32,90 проценти

 

Hајпосакуван Премиум автомобил е Porsche Taycan Cross Turismo со 43,45 проценти освоени гласови

Главната награда за Најпосакуван Автомобил во Македонија заминува кај Volkswagen ID.4 кој освои 38,35 проценти од вкупниот број на гласови.

За потсетување, право на учество во изборот имаа сите нови модели кои беа промовирани на македонскиот пазар во изминатите 12 месеци, по што организаторите формираа листа и истата беше презентирана пред официјалните и овластени увозници, а на конечната листа своето место го најдоа моделите кои самите импортери одлучија да ги номинираат во борбата за гласовите.

 

Данчо Здравковски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.