На 6 јуни 2019, големо мнозинство од земјите-членки на јавната седница на Советот за транспорт, телекомуникации и енергија покажаа мала поддршка за предложените реформи на Директивата за евро-вињетка, утврди Европската комисија во својот заклучок за 2018 година.
Иницијалниот предлог на Комисијата, подразбираше отстранување на постојните вињетки до 2027 година, воведување на задолжителни трошоци базирани на далечината (шеми за наплата) кои би функционирале од 2027 година и диференцирани тарифи за возилата врз основа на нивните еколошки перформанси.
Од земјите-членки, кои зборуваа јавно, само Хрватска и Италија говореа во корист на предлогот на Комисијата.
Пред состанокот беше објавен Извештај за напредокот на романското претседателство во кој беа наведени некои од клучните прашања што ги дебатираше Советот, а кој особено се однесуваше на прашањата околу постепеното отстранување на постојните шеми на вињетки, различните тарифи кои се применуваат и алоцирање на приходите.
Комисијата даде неколку изјави кои укажуваат на разочарување околу позициите што ги заземаат земјите-членки.
Неколку земји-членки, пак, ја искажаа желбата да се постигне општ пристап по ова прашање до крајот на финското претседателствување.