XIAOMI-НАСКОРО СО СОПСТВЕН АВТОМОБИЛ

30/08/2022

Доказ дека автомобилските марки во Кина никнуваат како печурки по дожд е електронскиот гигант Шаоми, најпознат во светот по паметните телефони. Минатата година Шаоми најави влегување во автомобилската индустрија. За таа прилика тргна да гради голема фабрика во која годишно ќе бидат произведувани по околу 300.000 автомобили. Во првата година (оваа) Шаоми најавува влог од 1,5 милијарди долари, а во наредните 10 години ќе вложува по една милијарда годишно. Ваквите оптимистички гледања на работите се потврдени и од кинеската компанија Шангај ХВСТ Аутомобил Дизајн која стана позната во светот со концепт автомобилот „вм мотор мавен“. Спомнатата дизајнерска куќа веќе го дизајнира прототипот кој треба да биде претставен овој месец, но иако август веќе изминува, најавениот прототип сѐ уште го нема. Можеби го чекаат последниот ден од август…

Сериозноста е потврдена и со 1.000 вработени кои веќе ги извршуваат своите секојдневни задачи. Така ќе се одвиваат работите до 2024 година додека не започне компанијата да работи со полна пареа. Ќе биде повеќе од занимливо да видиме што ќе понуди Шаоми и каде ќе се смести себе си во автомобилската индустрија, дали во одделот, за луксуз, во одделот за теренски возила, во одделот на возила за секојдневна употреба или можеби ќе произведува од сѐ по нешто. Според изјавите на одговорните, Шаоми во моментов подготвува четири модели, сите за различна употреба и намена.

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.