WMC250EV-РАКЕТА НА ДВЕ ТРКАЛА

12/08/2021

ОВАА РАКЕТА НА ДВЕ ТРКАЛА, КАКО ШТО ГО НАРЕКУВААТ WMC250EV, Е КРЕИРАНА СО ЕДИНСТВЕНА ЦЕЛ – СОБОРУВАЊЕ НА БРЗИНСКИОТ РЕКОРД ВО КАТЕГОРИЈАТА ЕЛЕКТРИЧНИ МОТОЦИКЛИ

 

Електричниот мотоцикл е, всушност, дело на британската инженерска компанија White Motorcycle, основана во 2018 година од страна на Формула 1 инженерот, Robert White. Покрај фактот што работел на Мерцедес Формула 1 автомобилот, животописот на White содржи повеќе од дваесет и пет години работно искуство, вклучувајќи го и учеството во развојот на Prodrive LMP1 прототипот и Aussie V8 суперавтомобилот. Пред да ја основа WMC, White реализирал голем број паметни аеродинамични концепти за тркачки автомобили, кои успеал да ги адаптира и да ги примени на моторните возила на две тркала.

Наречен WMC250EV, радикалниот електричен мотоцикл можеби не изгледа многу поинаку од другите тркачки мотоцикли кога се набљудува отстрана. Сепак, ако го погледнете анфас (отспреди), ќе го видите неговото најголемо тајно оружје, кое му помага да достигне брзина поголема од 402 километри на час и да го собори моменталниот рекорд. Мотоциколот има масивен отвор во средишниот, централен дел.

Дизајниран е така што може да го канализира воздухот низ средината и драстично да ја подобри аеродинамичната ефикасност. Аеротунелот се протега низ целата должина на мотоциклот и претставува неверојатен додаток. Компанијата тврди дека токму тој отвор помага да се намали отпорот на ветрот до седумдесет отсто. Моторите што го движат мотоциклот со внатрешно согорување имаат минимална флексибилност кога се работи за нивното монтирање, но EV единиците се сосема поинакви. Електричните мотори и нивните батерии можат да се монтираат ниско што го спушта центарот на рамнотежа на овој модел и го отвора просторот во средишниот дел.

WMC го опремил мотоциклот и со централен систем на управување кој, исто така, го ослободува просторот. Наречени D-Drive, два мотора од 20 kW го придвижуваат предното тркало, што претставува погонски склоп на двете тркала. Два дополнителни мотори од 30 kW го придвижуваат задното тркало, што вкупно доведува до 100 kW, односно 134 коњски сили. Мотоциклот својата сила ја влече од 15 kW литиум-јонските батерии, а WMC тврди дека ќе може да развие брзина поголема од 402 километри на час, соборувајќи го така рекордот што Voxan Wattman го постави минатиот ноември.

 

 

Игор Ландсберг

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.