VW T-ROC ОБНОВЕНИОТ „T-РОК“ БЕЗ ЕЛЕКТРИФИКАЦИЈА

29/03/2022

Моделот т – рок доби освежување, попознато како рестилизација или редизајн. Мал сув во семејството Фолксваген, но со сериозна бројка на продадени примероци. Потегот на производителот е повеќе од оправдан, продадени се околу 180.000 само на домашниот пазар, плус 650.000 на континентов и 130.000 во Кина. Вкупно околу еден милион продадени примероци. Напливот од добрата продажба се должи и на тоа што моделот навистина е погоден, не е ни многу мал, а ни голем и со добра цена за тамошниот пазар, „т – рок“ направи супер продажба откако се појави во последниот квартал од 2017 година.


Малку нов изглед напред, малку назад, малку повеќе во внатрешноста и „т – рок“ повторно е пуштен во продажба, освежен и подготвен за нови големи продажни резултати. На стартот од продажбата производителот лансира три изведби, една „домаќинска“, другата „нервозна“ („т рок р“, 300 КС, 0 – 100 км/ч за 4,9 сек.) за спортски настроените возачи, и една за тие што сакаат да бидат поблиску до природата – кабриолет.

Рестилизираниот модел добил дигитализација во клима уредот, потоа таблата со инструменти сега е „поџиџна“, но следниов податок е мошне занимлив – сите изведби се со ото и дизел мотори, нема електрификација. 1,0 тси, 1,5 тси, 2,0 тси и 2,0 тди со шестстепен обичен или седумстепен автоматски менувач со двојна спојка и секако изведба со погон на сите тркала, но како опција. Тоа нуди Фолксваген.

 

Има некоја грешка, светот избрза со електрификација на моторните возила или нешто трето е во прашање? Истото се случи и во шестата генерација од моделот „поло“ и редизајнот на втората генерација на „тигуанот“. Чудно, зарем не!?

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.