VW POLO TRACK-„ПОЛО ТРАК“ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ ДОСЕГАШНИОТ „ГОЛ“

17/11/2021

На другата страна од Атлантикот каде царуваат самбата, тангото, фудбалот и кафето, Фолксваген наскоро ќе го претстави најновото градско возило „поло трак“, кој треба да го замени досегашниот многу популарен модел „гол“. Ова мало возило на Фолксваген, всушност, е модел со кој производителот сака да придобие што е можно поголем број купувачи на латиноамериканскиот континент. За остварување на идејата, возилото ќе биде опремено само со најосновна опрема, за да може цената да биде што пониска и на тој начин да го направи „поло трак“ подостапно за поширок круг на купувачи.
„Фолксваген поло трак“ ќе биде правен на приспособливата основа именувана како „м ку б“ на која подоцна производителот ќе направи уште две изведби од спомнатиот модел, класична лимузина и камионет (пикап) со носивост од 500 кг. Според планот на Фолксваген, камионет изведбата треба да биде замена за сегашните „војаж“ и „савеиро“. Значи, на една иста основа производителот ќе нуди три возила и сите три ќе бидат опремени со најосновното, како што претходно напомнавме. Возила од овој тип добро би поминале и кај нас и во многу други држави од континентов, но како што се одвиваат работите, многу е тешко Фолксваген да се одлучи на ист чекор како во Латинска Америка. Едни се плановите за тој дел од светот, а други за овој.
Првото официјално соопштение е многу оскудно, но како што одминува времето така сè повеќе ќе бидат откривани деталите. Инаку во преостанатиот дел од соопштението Фолксваген ги нагласува позитивните резултати од работењето во последните две години, а сето тоа се должело на добрите договори со синдикатите, професионалниот однос на работниците и задоволување на желбите на купувачите.

Како што е веќе познато во последниве две години поради вирусот светот се жали на криза. Како тоа светот се наоѓа во криза, а германската автомобилска индустрија и натаму бележи добра продажба насекаде на планетава? Во што е проблемот со останатите автомобилски индустрии?

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.