VW ONEPOD CONCEPT-ТАКСИ ВО РОБОТ ИЗДАНИЕ

29/10/2021

Електромобилите полека но сигурно ги заменуваат возилата коишто ја загадуваат околината. Во денешно време конструкторите одат и чекор понапред и сега е во прашање возачот и неговата улога во автомобилот, дали да го има или е сосема непотребен?

Роботаксито кое Фолксваген неодамна го претстави всушност е електрично возило достапно на повик и само се движи низ улиците, а возачот ја надгледува работата и возењето. Тие што ја кројат иднината на автомобилската индустрија одат во правец сè да е автоматизирано, роботизирано и компјутерски водено преку посебен систем од антени и слични електронски помагала. Го испишувате името на населбата и по неколку минути сте на другиот крај од градот. Сето тоа може да оди и со говорна команда.

Дизајнот на возилото е поврзан со рационалноста, практичноста и едноставноста, а секако тука е и ергонимијата. За удобно патување и можност за разгледување на околината, односно да се има добра прегледност, дизајнерите се одлучиле за поголеми стаклени површини. „Оне под“ такси може да превезува најмногу до шест лица, а стандардната конструкција ќе биде за четири патници.
Роботаксито „уан под“  може да го менува нивото на подот со што се олеснува влегувањето и излегувањето на патниците и на сè друго што ќе се превезува. Светот ги сака овие роботизирани играчки, занимливи се, посебно за најмладите  и  најверојатно ќе го слушаат говорот на патниците.

Ваквите и слични возила ќе бидат повеќенаменски. Ова за кое пишуваме е такси, но со преуредување може да биде доставно возило, може да биде брза помош, за туристички прошетки, за превоз на ученици. Отприлика такви нешта ќе се случуваат во иднина со возилата, ќе бидат потполно автоматизирани, а возачот ќе набљудува додека автомобилот ја врши својата работа.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.