VW AMAROK-НОВИОТ „ГОЛЕМ ВОЛК“

12/07/2022

Стаса најавуваниот пикап од Фолксваген. Ова е втората генерација од теренското возило „амарок“, правена со заеднички сили со Форд. Првата се појави во 2010 год. и оттогаш до денес се продадени повеќе од 800.000 примероци. Новиот „форд ренџер“ беше прикажан минатата година во ноември, а „амарок“ е негов брат близнак, само што носи друга гардероба. Долг е 5.355 мм со растојание меѓу оските од 3.270 мм. Стариот „амарок“ има 34 мм помалку во должина и со покусо меѓуоскино растојание за дури 173 мм. Значи новиот „амарок“ е нов, а не обновен.

На почетокот производителот нуди дури пет погонски единици, три дизел со силина од: 150, 170 и 209 КС произведени од 2,0 литарски мотор со турбо полнач и плус V6 3,0 литри со 247 КС. Единствениот бензински е 2,3 литарски со четири цилиндри и двоен турбо компресор со силина од 302 КС. Во зависност од пазарите каде ќе се продава новиот „амарок“ и во зависност од вградените мотори, ќе се нуди со пет и шест степен обичен менувач, но и со 6 и 10 степен автоматски и со погон само на две или четири тркала. Да напоменеме дека на една иста основа од Форд (платформа „т 6“) се направени три теренски возила, најнапред „форд бронко“, потоа „форд ренџер“ и сега „фолксваген амарок“.

Според препораките од производителот, максималната тежина која „амарок“ смее да ја понесе изнесува 1,16 тони, а смее да влече приколка со тежина не поголема од 3,5 тони. Двете каросериски изведби се стандардни, единечна со две врати и двојна кабина со четири врати.

И како што сите нови возила имаат во себе дигитално електронски „играчки“ и „амарок“ не е имун на нив, напротив ги има на претек, како на пример уредот кој овозможува да изберете режим на возење: „нормален режим“, „еко режим“, „за лизгава подлога“, „снег и песок“, „каллива подлога“ и режимот за влечење приколка.
Ако сѐ оди според планот, продажбата треба да започне на крајот од годинава и почетокот од наредната.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.