Офанзивата на Фолксваген сѐ уште трае, пред неколку денови го претстави моделот „ид 3“, а сега „ид 2 ол“, најмалиот електричен член во семејството кој допрва треба да влезе во продажба. Според првичните најави овој модел ќе чини под 25.000 – 30.000 евра.
Велат и воедно се фалат дека цената е најниска која може во моментов да биде понудена, односно ќе биде понудена во 2025 за кога е најавена продажбата. Дали 25.000 евра се малку или многу за електромобил со должина од 4.050 мм, eдна батерија, еден електромотор, погон на предни тркала, преголеми 226 КС и со забрзување од 0 до 100 км/ч за 7,0 секунди, вие пресудете.
Автомобил со големина колку денешниве: „208“, „пунто“, „корса“, „поло“ и останатите, да поседува 226 КС е повеќе од луксуз. Ако е тоа „гт“ изведбата во ред, но производителот воопшто не спомнува ни „гт“, ни „бејз лајн“, а го најавува моделот како дел од нивниот днк код (Фолксваген „во превод“ народен автомобил). Можно е овој концепт кога ќе мине во сериски автомобили да го носи името „голф“.
Жарко Атанасоски