VOLKSWAGEN AMAROK-КАМПЕРОТ „АМАРОК“

01/09/2023

Некој преуредува комбиња во мали куќи на тркала, а Фолксваген го зема „амарокот“ и заедно со компанијата Генезис успеаја да стасаат до изведба за кампирање. Шатор на покривот, тенда од цврст материјал, кујна со шанк, потоа кревети што уште нѐ.

За разлика од комбињата, со пик – апот „амарок“ можете да одите и на места каде друго возило не смее да оди сем чистокрвните теренски. Во одделот за погонска единица се крие направа од 3,0 литри со турбо полнач и шест цилиндри во V. Моторот произведува 238 КС и 600 Нм, сосема доволни да се впушти во авантура каде што ќе посакате. Силината од моторот се пренесува на сите тркала преку 10 степен автоматски менувач, така што и овој податок оди во прилог на возењето по непроодни терени.

Останатите работи како на пример тие во непосредна близина на возачот се исти како и во обичната изведба, така што тука нема што ново да истакнеме, сѐ е класика. Почетокот на продажбата и цената засега се непознати, а најдобро е да се обратите кај увозникот, сигурно тие имаат некоја информација повеќе.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.