Висока технологија-НЕБЕСНИОТ ЛУКСУЗ НА ЛУФТХАНСА

07/01/2022

Новиот авион е сопственост на Луфтханса (Lufthansa), кој чини 325 милиони долари, а управувачите на германската воздухопловна компанија велат дека ќе се исплати неговото купување бидејќи заинтересираноста е голема. Богатниците, односно ВИП луѓето не го кријат интересот за да го најмат, за краткотрајно патување со него, вклучително и неколкудневниот престој на земја по летањето затоа што се класификува доста високо – се споредува со јахта, луксузен брод или хотел за потполно уживање на слободата, во раскошниот живот и задоволствата кои побудуваат силни емоции, како на пример чувство на пријатност. Едновремено се гарантира доживување за чија возбудливост не треба да има сомневање, како и необично искуство.

Неговиот концепт е истражувачки, во буквална смисла на зборот, каде-годе и кога било. Не само што небото е бескрајно, такви се и можностите на Lufthansa, кои ги нуди за своите патници. Новиот авион е врв на т.н. висока технологија. Оттаму велат дека новиот Explorer е своевидна летечка, небесна јахта што се карактеризира со луксуз и може да се најми во секое време, за долго патување, на прекуокеанска релација или краткотрајно, според потребата. Всушност, авионот ѝ припаѓа на идната генерација или новата, како што велат управувачите на германската воздухопловна компанија, заради неговата удобност која е загарантирана во текот на летањето, па и приватноста. Се разбира, комерцијализацијата е занемарлива, без сомневање. И недозволива бидејќи се ограничува бројот на неговите патници, меѓу осум и дванаесет.

Согласно угодноста, комодитетот, новиот Explorer поседува сѐ што има еден луксузен хотел со пет ѕвезди, па и повеќе. Целта е остварена, како и плановите, идеите. Освен класичните работи, елементите својствени за ултракомфорните авиони – дневна и соба за спиење, бања и тоалет, канцеларија и сала за конференција, новиот Explorer поседува и доста иновации, во смисла на простории, како на пример вежбалница, подиум за танцување и спа-центар со цел да се релаксира и на голема надморска висина. Покрај тоа, патниците можат да ги понесат и своите мотоцикли, автомобили кои ќе ги користат веднаш по слетувањето, вклучително и приборите за цртање, поправање на пример од ателјеата, работилниците, па и прва помош.

Кабините во авионот се дизајнирани така што нивната интеграција е овозможена благодарејќи на единствениот, уникатен систем за визуелна таванска проекција на Diehl Aerospace, германска компанија за ентериерно уредување на летечки објекти. Се работи за своевиден хај-тек, а постои можност да се приспособи на моменталното расположение, односно пригодниот амбиент да се регулира согласно желбата на еден или неколку патници. Освен горната внатрешна страна, визуелните претстави на подот и ѕидовите се, исто така, возможни заедно со акустичните. На пример, ефектот на стакло е интересен поради небесната синевина која изгледа реално, како вистинита.

Лимитирањето на бројот кога се работи за неговите патници овозможува и приредување на вечерна забава, со танцување на подиум, како и лајт-шоу. Но, можно е организирање и на претпладневна – матине. А, уживањето се подразбира и кога е наземи. Пред главниот влез има можност да се монтира и балкон, со масичка и столови, на висина од четири метри, со поглед на хоризонтот. Во Lufthansa велат дека новиот авион може да ги задоволи буквално сите потреби, желби, па и невозможните, само навидум. Поради ширината, пространата внатрешност, германската воздухопловна компанија решила да го избере ACJ330 (Airbus Corporate Jets) за платформа бидејќи е отворен и може да се манипулира со него, да се приспособи на дизајнерскиот концепт, но и Airbus A350 и Boeing 787 Dreamliner и Boeing 777 е опционален. Првиот беше претставен во Дубаи на воздухопловното шоу неодамна. Без оглед на цената од 325 милиони долари, воодушевувањето не спласна и денес. Напротив, интересот е сѐ поголем.

 

Игор Ландсберг

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.