ТРГНУВАЈЌИ ОД ГРИЖАТА ЗА НАШИТЕ ЧЛЕНОВИ, СО ЦЕЛ ДА ЈА ЗГОЛЕМИМЕ НИВНАТА СИГУРНОСТ ПРИ ПАТУВАЊЕ ВО ЗЕМЈАТА И СТРАНСТВО, ВО СОРАБОТКА СО ШПАРКАСЕ БАНКА РАЗВИВМЕ НОВ КОБРЕНДИРАН ПРОИЗВОД
Со овoј производ го дополнивме изборот на членски пакети наменети за физички лица, што значи дека покрај изборот на пакетите Classic и Europe Premium отсега нашите членови, во согласност со потребите ќе имаат можност да изберат и платежна картичка Visa AMSM Classic или Visa AMSM Europe Premium. Овие членски картички, покрај услугите за бесплатна помош на пат, истовремено се и бесконтактни кредитни картички за плаќање и подигнување готовина во земјата и странство. Имајќи предвид дека секој дефект на возилото е непријатна ситуација што предизвикува непланирани трошоци, со картичките Visa AMSM им овозможивме на нашите членови дополнителна финансиска сигурност.
ЗОШТО КРЕДИТНА КАРТИЧКА VISA AMSM?
Тоа е една картичка со многу погодности. Погодности и услуги обезбедени од АМСМ, како и од Шпаркасе банка. Рокот на важност на картичката е три години, со месечна членарина, како и со можност за автоматска обнова. Месечната членарина изнесува 200 денари за VISA АМСМ Classic и 300 денари за VISA АМСМ Europe Premium. Од кредитната картичка може да се откажете во кое било време, само со поднесување писмено барање до банката. Со VISA AMSM добивате: Безгрижно патување – бесплатна помош на пат и пренос на возило во Македонија и Европа • Финансиска сигурност – кредитен лимит до 180.000,00 денари • Сигурен производ – за плаќање дома, во странство и на интернет • Заштеда – Cashback (поврат на средства), плаќање на рати без камата и купување со попуст од 5 % до 20 %
CASHBACK (ПОВРАТ НА СРЕДСТВА)
Посебна погодност вклучена во пакетот услуги е можноста корисниците на оваа картичка да добијат cashback (поврат на средства) еднократно во износ од 1.500 денари. Овој поврат на средства се обезбедува доколку направите промет од 30.000 денари за период од три месеци.
Потребни документи за аплицирање
Без трошок за апликација за картичката. Може да аплицираат сите физички лица без оглед дали се приматели на плата/пензија во Шпаркасе банка или не.
• За приматели на плата/пензија во Шпаркасе банка потребно е да се достави Барање за кредитна картичка Visa AMSM и копија од лична карта
• За неприматели на плата/пензија во Шпаркасе банка – Барање за кредитна картичка Visa AMSM заверено од работодавецот, копија од лична карта и извод од платежна сметка за последните шест (6) месеци
Се аплицира како и за секој друг кредитен производ во експозитура или онлајн, на линк што може да го најдете на нашата вебстраница www.amsm.mk или на веб-страницата на Шпаркасе банка www.sparkasse.mк