Гаранција 10 години или поминати 250.000 км, плус бесплатна замена на батеријата кога нејзиниот капацитет ќе падна под 70 отсто. Ова го најавува марката Винфаст, новосоздадена автомобилска компанија. Минатата година во ноември на Салонот за автомобили во Лос Анџелес, Винфаст премиерно ги претстави моделите „вф 8“ и „вф 9“. Малку им беа две премиери прeд нова година, за веднаш по нова година да претстави уште три „вф 5“, „вф 6“ и „вф 7“, сите кросовери. Натаму се движи светската побарувачка на возила, а Винфаст не сака да експериментира, туку само ги следи насоките зададени од останатите производители.
Строго електрични возила, таа цел ја има компанијата и како што приметувате засега добро ѝ оди. Пет премиери во рок од шест недели, што е многу, но на Винфаст му се брза. Ако „вф 8“ и „вф 9“ се сув возила во кои удобноста е ставена во прв план бидејќи димензиите го дозволуваат тоа, „вф 5“, „вф 6“ и „вф 7“ се претставници на малите сув возила. Засега сите сили на Винфаст се вперени кон американскиот пазар, но не е далеку денот кога Винфаст ќе дојде и на пазарот во Европа.
Винфаст сака да биде прва компанија во светот која ќе произведува возила од премиум класата по разумна цена, а не неколкукратно повисока. Во своите возила Винфаст ќе вградува опрема која во останатите марки треба да ја добиете со доплата. Да видиме како ќе се движат работите во скора иднина и дали Винфаст ќе направи чекор повеќе кон освојување на европскиот автомобилски пазар. А Лас Вегас? Лас Вегас од град на коцкарници и рулет, наскоро ќе се претвори во најпозната автомобилска саемска изложба.
Жарко Атанасоски