Состојки
• Туна
• Јајца
• Марула
• Пченка
• Домат
• Краставица
• Маслинки
• Сол
• Маслинов зејтин
• Сок од лимун
Подготовка:
Вкусен оброк кој се спрема набрзина. Најпрвин, настрана марулата ја миеме, ја сечкаме или ја цепкаме. Маслинките, исто така, ги сечкаме на ситно, а доматот и краставицата на покрупни парчиња. Туната, која е веќе во парчиња, ја редиме во садот, ги додаваме претходно варените јајца, пченката, маслинките, краставицата, доматот и на крајот додаваме сок од цеден лимон и малку маслинов зејтин. Сето ова го наросуваме со сол по вкус и го посипуваме со сечкан магданос!
ДОБАР АПЕТИТ!