ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
6 јајца
200 грама шеќер
300 грама брашно
1 пециво
1 ванила
ПРЕЛИВ:
1/2 литар хопла
1 литро млеко
400 милилитри кондензирано млеко
Течна карамела
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Изматете 6 јајца со 200 грама шеќер. Кога добро ќе се изматат јајцата се додава брашно, пециво и ванила. Целата смеса повторно се мати и се става во тава за печење. Се пече 20 минути на 180 с тепени. Во меѓувреме, во посебен сад, сите три млека убаво се мешаат додека не се изедначи смесата. Добиената смеса се прелива преку изладениот пандишпан. Пандишпанот се остава неколку часа убаво да ја впие течноста и на крај вкусниот колач се премачкува со готов карамел.
Уживајте во слаткиот вкус и прекрасната арома!
ДОБАР АПЕТИТ!