TOYOTA SUPRA JARAMA RACETRACK -ЕКСКЛУЗИВНОСТ ОД ТОЈОТА

20/03/2021

Надалеку познатиот модел „супра“  покрај придавката „гр“ ќе добие и „харама рејстрак“. Името кажува сè – моделот е посветен на шпанската тркачка патека Харама каде царуваат болидите од формула 1. Токму на таа патека новинарите во 2019 год. имаа прилика да се сретнат очи во очи со „тојота супра гр“. Ова е класика од спортско купе. Има скоро идеален распоред на тежината на предната и задната оска, моторот се наоѓа напред, а погонот на задните тркала. Кога веќе го спомнавме моторот, ред е накусо да го опишеме. Шест цилиндри во линија со вкупна работна зафатнина од 3,0 литри и со помош на турбо компресорот моторот развива 340 КС. Наведената силина се пренесува на задната оска преку осумстепен автоматски менувач. Вака опремениот автомобил постигнува брзина од 100 км/ч тргнувајќи од место, за 4,3 секунди.

Лесна и исклучително цврста конструкција заедно со ниското тежиште и ширината на трагата од тркалата, му даваат на автомобилот извонредна стабилност и крајно едноставно и прецизно управување. Возачот има на располагање да бира во кој режим ќе вози, во „нормален“ или „спортски“. Што значи тоа? При одбирањето на режимот „спорт“ обесувањето на тркалата заедно со моторот и менувачот добиваат друга димензија и автомобилот осетно ги менува своите „навики“. Така велат конструкторите.

Една и единствена боја, сина, а внатре седиштата се пресвлечени со црна алкантара чии рабови се во истата боја како бојата на каросеријата, потоа 19 инчни тркала во матирана црна и сето тоа спакувано во само 90 примероци. Ексклузивитетот „супра гр харама рејсинг“ ќе се продава само на одделни пазари, а за тоа одлучува само Тојота, односно таму каде нејзините автомобили најмногу се продаваат тие пазари ќе имаат предност пред останатите.

Без денешната дигитална технологија не може да помине ниту еден современ автомобил, затоа и „тојота супта гр харама рејсинг“ е еден од тие во кои е вградена, како на пример пакетот „супра сејфти“. Ова купе ќе биде претставено, сега месецов, ако работите не се испревртат со севкупнава ситуација.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.