До пред неколку години Тојота имаше недостаток од пехари во музејските витрини. Најмногу и недостасуваше пехарот од легендарната трка 24 часа Леман. Но, тие го знаат рецептот за нештата кога ќе решат да ги остварат. Најнапред седнаа да ја организираат долгогодишната работа, а потоа засукаа ракави и почнаа да го остваруваат сонот. Им требаа неколку години да се прилагодат и сега имаат веќе четири титули од трката Леман и тоа освоени една по друга.
Паралелно со натпреварите од Шампионатот на издржливост во чиј календар влегува и 24 часа Леман, Тојота учествува и на маратонското рели Дакар, кое многумина го нарекуваат најтешкото рели на планетава. Оваа марка е таму повеќе од две децении и во некои години за тимот возеа врвни мајстори на рели возењето како што е светски познатата легенда Ари Ватанен кој претходно има освоено титули и во Светскиот шампионат во рели и на релито Дакар. За релито во 2022 година Тојота подготви нови изненадувања со две нови но звучни имиња во таборот, возачите Жињел де Вилерс и Хасер Ал Атија, а има и други две помалку познати имиња кои ќе возат покрај нив, Хенк Латеган и Шамер Вариава.
На фотографиите „тојота хајлукс“ на тест некаде низ пустинските предели.
Жарко Атанасоски