TOYOTA RAV4-ЛЕГЕНДАТА СЕ ВРАЌА

30/05/2025

За првпат се појави во 1994 година и оттогаш никако да престане да им „досадува“ на купувачите не им се симнува од врат. „тојота рав4“ е најпосакуваниот и најпродаваниот SUV во светот. Иако поминаа повеќе од 30 години, „рав четворката“ сè уште го држи приматот и досега никој не успеал да ѝ се доближи. Наместо да застане, да земе здив и малку да одмори, овие денови „рав четворката“ по шести пат се појави во ново руво, ставајќи ја конкуренцијата во безизлезна ситуација.

Да видиме што нуди новата „рав четворка“. На прв поглед веднаш отскокнува дизајнот, мирните линии се веќе минато, сега на сцена се остри контури. Оштрината се врати на голема врата, повторно во мода како што беше некогаш. По дизајнот, фокусот паѓа на погонските единици, со избор помеѓу погон на предните или на сите четири тркала, кому како му е мерак. Но едно е сигурно, дизел мотор нема. Тојота одамна „се скара“ со дизелите.

Во понудата се хибриден погон и  хибриден со приклучок, со мотори кои испорачуваат: 183, 191 (авд-и), 268 и 304 (авд-и) коњски сили.

Посебно внимание заслужува најспортската изведба „гр спорт“, со ново подесено подвозје и управување, за „рав четворката“ да се однесува „нервозно“ во секоја ситуација на асфалтот. И, се разбира, „тојота рав 4 гр спорт“ доаѓа со поинаква опрема, како што и прилега на спортска изведба. Тука се спортските седишта, алуминиумските детали и педали, како и уникатните алуминиумски тркала со големина од 20 инчи. Бидејќи станува збор за спортска верзија, логично е да биде и полесна од стандардните модели, затоа што е спортска со поинаку затегнати амортизери итн.  Сепак, производителот сè уште не објавил точни податоци за тежината на „гр спорт“ изведбата.

Да не ги заборавиме и двата екрани, еден пред возачот со дијагонала од 12,3 инчи и централен екран од 12,9 инчи. Без нив денес речиси ништо не оди.

А што се однесува до цената? За тоа најдобро е да се обратите директно кај увозникот.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.