Што и да прават сепак им се враќаат на малите автомобили. Таа формула важи за сите производители независно дали произведуваат само неколку стотици автомобили или неколку милиони автомобили. На минатите две Олимпијади и Параолимпијади (Токио и Париз), Тојота беше официјален превозник. Тогаш беа конструирани неколку мали концепт возила кои беа вклучени за секојдневните потреби како за спортистите така и за организаторот и сите други директно вклучени во Олимпјадите и Параолимпијадите.
И сега на основа од тие возила, Тојота тргнува да конструира мал електричен двосед чија крајна брзина нема да биде над 40 – 45 км/ч. Тој мал двосед со должина малку над 2,5 м, може да биде управувано како од најмладите, така и од возрасните возачи, професионалци, но и од инвалидите, без да се прават какви било дополнителни прилагодувања. Концептот „фт – ме“ ќе послужи како појдовна точка, а можеби веќе концептот е пред сериско производство, само се чекаат завршните тестирања да бидат доведени до крај. Дополнувањето на батеријата е овозможено со фотоволтаици поставени на покривот. Дневното дополнување може да задоволи изминување 20 до 30 км што е доволно за возење низ населени средини.
Тојота најавува вградување на врвни електронски технологии, а ќе биде овозможено повеќе функции да бидат обавувани преку мобилните телефони. Во некои држави овие автомобили со крајна брзина до околу 40 км/ч можат да бидат возени и од лица на возраст од 16 години (не надвор од населените средини), се рабира со положен возачки испит. Можно е концептот „тојта фт – ме“ да биде за првпат прикажан на Салонот за автомобили во Шангај, кој треба да биде отворен на крајот од месецов.
Жарко Атанасоски