Како што сега се одвиваат работите во светската автомобилска индустрија, производителот БЈД (Билд Јуар Дримс) најмногу им ги замрсува конците на старите производители. Денес БЈД е еден од најголемите производители на електрични автомобили во светот и неговиот продор на сите поголеми пазари не престанува. Најновото од БЈД е неговиот пробив на европскиот пазар за автомобили, а сега сака да приреди светски првично прикажување на новата електрична лимузина наречена „е 7“.
Тоа е семејно возило со тежина од 1,5 тони и должина под 4,8 м. и растојание меѓу оските од солидни 2,82 м. „БЈД е 7“ е еден од малкуте автомобили кои располагаат со разумна силина од 136 КС доволни да постигне крајна брзина од 150 км/ч. Првичните информации се многу оскудни така што ќе почекаме „е 7“ да биде претставен во Шангај, каде ќе бидат обелоденети сите технички податоци.
Жарко Атанасоски