MITSUBISHI COLT-НОВА ГЕНЕРАЦИЈА НА СПОМНАТИОТ МОДЕЛ

17/04/2022

Моделот „колт“ во семејството на Митсубиши постои уште од 1962, односно цели шест децении. По повод тие шест децении од постоењето, вработените подготвуваат нова генерација од спомнатиот модел. Од првото појавување на моделот „колт“ до денешен ден лансирани се многу изведби и тоа не само како претставници на компактни градски возила, туку и доставни, што е малку чудно за автомобил кој со децении носи едно име, а се појавува во повеќе изведби од различни класи – некогаш поголема лимузина, некогаш комбилимузина, а некогаш и класично доставно (комерцијално) возило.

Е сега има еден друг момент, Митсубиши е влезен во здружението Рено – Нисан – Митсубиши. Тоа значи ќе користи платформа направена со заеднички сили, а тоа е повеќе наменската прилагодлива основа наречена „цмф – б“. На таа основа се направени „рено клио“ (2019 год.), „нисан микра“, „рено каптур“ (2020 год.) и „нисан јуке“ (2020 год.), а ја користи и „дачија сандеро“ во видоизменет облик.

 

Долго време му требаше на Митсубиши да се сети да направи нешто повеќе за „колт“ кој веќе светот го подзаборави. Грешка во чекори на одговорните, мало невнимание, но доволно големо за да работите тргнат во надолна линија. Токму припадниците на компактната класа ги прават бројките, а со тоа и големите профити.

Новиот „колт“ ќе се произведува во Бурса, Турција, во фабриката на Рено. Според првата официјална фотографија, прикриената, со која се најавува доаѓањето на новата генерација открива малку, но сосема доволно да откриеме дека засега компактното возило е комбилимузина со пет врати.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.