TOYOTA COROLLA-ПРОДАДЕНИ 50 МИЛИОНИ ПРИМЕРОЦИ

02/12/2021

Беа потребни 55 години да стасаат до бројката од 50 милиони продадени примероци од моделот „корола“ кој влегува во легендите на светската автомобилска индустрија како најпродавано и најмногу произведувано возило на сите времиња. Надалеку познатиот производител Тојота овој месец  во чест на моделот „корола“ лансираше посебна изведба наречена „издание 50 милиони“. Лимузина, комбилимузина или, пак, караван, а јубилејното издание ќе биде достапно во спомнатите три каросериски изведби.


Погонот е умерен хибриден, составен од 1,8 литарски атмосферски бензински мотор и електромотор со вкупна силина од 122 КС кои се пренесуваат на предната оска преку автоматски менувач („цвт“ менувач). Тие што сакаат „корола“ со погон на сите тркала, ќе можат да бираат помеѓу лимузината и караванот.
Јубилејното издание на возилото ќе биде присутно исклучиво на јапонскиот, домашниот пазар. Мистериозен и за многумина нелогичен потег на Тојота, или производителот љубоморно ја чува традицијата и историјата? Најверојатно е ова второво, не му е на производителот до профит со јубилејниот модел, туку целосно зачувување на тоа што му припаѓа нему и на државата.
Моделот „корола“ за првпат се појави во 1966 година и оттогаш до денес минаа 55 години. Во тој период Тојота успеа да го задржи името на моделот и воедно да произведе рекордни 50 милиони примероци. Со тоа „тојота корола“ стана светски рекордер по бројот на произведени примероци. Славеникот е присутен на сите континенти и нема држава во која не се продава. Најновата изведба во потесното семејство е „корола крос“. Досега во светот продефилирале 12 генерации од овој успешен модел.


Низ историјата првиот најпродаван автомобил беше „форд модел т“, за потоа титулата најпродаван да ја понесе „бубачката“ на Фолксваген. Како што годините одминуваа, така бројот на продадените „короли“ растеше и годинава стаса до рекордна заокружена бројка од 50 милиони примероци

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.