TOYOTA COROLLA CROS-„КОРОЛА КРОС“ СТАПУВА НА СЦЕНА

14/12/2021

Светот на автомобилите како да е „заробен“ од возилата за забава (сув) и сега тие се главни. Купувачите многу повеќе се заинтересирани за вакви возила отколку за досегашните, класичните.
Затоа Тојота редовно прави сув возила и денес е меѓу водечките во светот по бројот на овие каросериски изведби.

Пред околу една година Тојота го претстави моделот „корола крос“ за азискиот пазар, а на почетокот од месецов ја претстави изведбата за континенталниов пазар. Според димензиите „корола крос“ е тука некаде со „ц – хр“ и „рав 4“, а според производителот новиот „сув“ ќе биде позициониран помеѓу претходно спомнатите модели.
Со 4.460 мм должина и употребливи 487 литри оддава впечаток на просторно возило и затоа си го поставуваме прашањето како тоа дури три „сув“ возила со слични димензии во едно семејство? Да не се премногу?


Погонот е хибриден и тоа петта генерација. „Корола крос“ е првото возило кое ќе го користи најновиот хибриден погон со вкупна силина од 197 КС. Изведбата со погон на сите тркала „авд“ ќе има дополнителни 40 КС поставени на задната оска со помош на електромотор.
Конструкторите направиле повеќе дотерувања во возилото, како во механиката така и во електрониката со цел да се постигне нивно оптимално работење – да се намалат механичките и електронските губитоци. Всушност, посветиле внимание на сè со намера сите делови од возилото да работат беспрекорно прецизно, брзо и тивко. „Тојота корола крос“ ќе се појави во продажните места наредната година во вториот квартал.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.