Повторно се појавија пореметувања во семејството Тојота, поточно во ниската класа, односно сегментот „а“. Таму одново нешто подготвуваат и го именувале како „икс пролог концепт“. Најодговорни за новите пореметувања се тие што работат во дизајнерското студио ЕД2 (таа двојката е на квадрат), сместено некаде на Азурниот брег во близина на Ница. Сето ова со пореметувањето е поради појавувањето на новиот „ајго“, најмалото моторно возило во Тојота. Стаса „ајгото“ да влезе во некоја нова генерација, но дизајнерите како да подготвуваат изненадување. Концептот „тојота ајго икс пролог“ има траги од некои претходни концепти, како на пример „л ку“ од 2019 година и „ц – хр“ од 2015. Со малку имагинација тие што работеле на обликувањето на новиот концепт, позајмиле неколку линии од претходниците и сега имаме нешто како типичен градски автомобил, но дали покрај него производителот подготвува и мало возило за забава („сув“)?
Новиот дизајн сигурно ќе предизвика воодушевување кај светската публика, затоа што возилото поседува смели и нови линии кои досега не сме ги сретнале кај другите производители. Рака на срце и сегашниот „ајго“ има привлечен дизајн и затоа е еден од најпосебните во класата. Според производителот, новата генерација од моделот „ајго“ ќе се појави во првата половина од 2022 година.
Жарко Атанасоски