TOGG ELECTRIC SUV-ЕЛЕКТРИЧНИОТ „СУВ“ ОД ТОГ ОДИ ВО СЕРИСКО ПРОИЗВОДСТВО

11/08/2021

 

Пред три години, во 2018 година, производителот ТОГ претстави два прототипа, а нивното свечено претставување пред светската јавност се одржа една година подоцна, во втората половина од 2019. Тогаш напишавме текст во кој го најавивме доаѓањето на првите електрични возила од турско производство. Тогаш производителот претстави два прототипа, една лимузина и еден „сув“ од сегментот „ц“ и нагласи нивно скорашно појавување во сериско издание. Тоа „скорашно“ стана реалност годинава, со тоа што Турција официјално го има своето прво „сув“ возило, а покрај него и електрична лимузина. Производителот ТОГ го одржа ветувањето и еве ги двете електрични возила во предсериско издание.

При сегашното претставување на 18 јули, на првите произведени примероци (прототип сериски примероци, таканаречено нулта производство), ТОГ излезе со ново ветување дека до крајот на 2030 година ќе бидат претставени уште три модели.

Погон на една или две оски, со обична, или, пак, помоќна батерија со која може да се изминат многу повеќе километри – сето тоа е во понуда од страна на производителот. Лимузина или „сув“ возило со еден електромотор со моќност од 200 КС сместен на задната оска, или два електромотори по еден на секоја оска со вкупна силина од 400 КС. Три четвртини од деловите потребни за возилата се од домашно производство, а една четвртина потекнуваат од континентов и Азија, сооднос на „силите“ што е многу добар за развој на домашното стопанство.

Кога во 2019 година на церемонијата беа претставени лимузината и сув возилото нагласија дека дизајнот е во сопственост на Пининфарина. Потоа беа спомнати брзинските способности како на пример забрзувањето. Возилото со еден електромотор кој поседува 200 КС ќе забрзува од 0 до 100 км/ч за 7,8 секунди, а тоа со два електромотори и 400 КС истата брзина ќе ја постигне за време од 4,8 секунди. Следно е возилата да ги видиме во продажните салони во 2022 година.

 

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.