ЗАДОВОЛСТВО: СИТЕ ТЕСТИРАНИ ДЕТСКИ СЕДИШТА ДАДОА ДОБРИ РЕЗУЛТАТИ И МОЖЕА ДА НÈ УБЕДАТ СО ОЦЕНИТЕ „ДОБРО“ И „ЗАДОВОЛИТЕЛНО“
ОД ЛИДИЈА СИЛБЕРКНОЛ
Драги родители, прво добрата вест: Кога станува збор за безбедноста, од тестираните седишта нема ниту едно „недоволно“, па дури и „доволно“. Бидејќи оцената „многу добро“ ретко им се доделува на тестовите за детско седиште, според експертот на ÖAMTC, Штефан Кербл, многуте „добри“ резултати во 2022 година се доста задоволителни. За тоа зошто некои детски седишта, сепак, добија оцена „задоволително“ ќе објасниме повеќе. Прво, ќе наведеме дополнителни информации за оние што се нови купувачи на детски седишта и сега се сретнуваат и се запознаваат со странски зборови, како што се „i-Size“, „Isofix“ и се соочуваат со нормите и со стандардите што се потребни за детските седишта.
Позитивно: Некои седишта може да се користат во која било насока и во исто време да се ротираат кон вратата за влез. Ова го олеснува закопчувањето
Негативно: Кај детските седишта што може да се фиксираат со безбедносниот појас може да се случи детето да ги турне нозете под појасот
Основни норми и стандарди за мали детски седишта: Во моментов постојат два валидни стандарда, UN R44/04 и UN R129 од 2013 година. Седиштата според UN R44/04 може да се продаваат до 1 септември 2024 година; но тоа не значи дека тие се помалку безбедни. Детските седишта што се базирани врз стариот стандард, а кои се покажаа добро во претходните тестови, сè уште може да се купат или да се користат без двоумење.
Значајни разлики помеѓу стандардите и нормативите: Во новиот стандард UN R129 усвоени се дополнителни безбедносни стандарди, на пример: превоз на деца до возраст од најмалку 15 месеци наспроти правецот на движење на автомобилот во таканаречените „ребордери“. Исто така, според новите стандарди и нормативи, седиштата „i-Size“ веќе не се поделени и класирани според тежината, туку според големината на детето. „I-Size“ е термин што се користи во стандардот UN R129. Тоа значи дека детското седиште, вклучително и делот за потпирање или горната врска (види подолу), навистина се вклопува со означените „I-Size“ седишта за возење во автомобил. Со „Isofix“ детското седиште се прицврстува на своето место, преку стандардизиран приклучок, директно во автомобилот.
„Горните прицврстувачи“ се користат заедно со седиштата „Isofix“. Детското седиште е дополнително прицврстено со кука за сидро во багажникот. Во тековниот есенски тест беа тестирани 17 седишта и, како и обично, поминаа низ сите потребни тестирања и проверки, т.е. ги тестираа за безбедност, леснотија за користење, подложност на грешки и загадувачи, а беа подложени и на тестови за судир. Резултат: сите се безбедни.
ÖAMTC КРИТЕРИУМИ | ||||||||
МАРКА | Chicco | Bugaboo | Cybex | Bugaboo | Cybex | Swandoo | Cybex | Lionelo |
Ознака за тип | Kiros Evoi Size+Kiros Evo i-Size Base |
Turtle Air+Turtle Air Wingbase |
Cloud Z2 i-Size +Base Z2 |
Turtle Air | Cloud Z2 i-Size | Curie | Sirona Z2+ Base Z2 |
Antoon plus |
Насока на поставување |
наназад | наназад | наназад | наназад | наназад | наназад | наназад/ напред |
наназад/ напред |
Kласа ЕCE | 40-78 cm | 40-83 cm | 45-87 cm | 40-83 cm | 45-87 cm | 40-105 cm | 40-105 cm | 40-105 cm |
Тежина седиште/ основа во kg |
5,0/7,6 | 3,3/6,7 | 4,9/7,7 | 3,3 | 4,9 | 15,8 | 7,3/7,7 | 12,1 |
Цена [€] | 362 | 398 | 290 +Base 260 | 239 | 290 | 539 | Ab 300 +Base260 | 350 |
Безбедност | 2,2 | 1,2 | 1,3 | 1,6 | 1,0 | 1,4 | 1,7 | 2,2 |
Употребливост | 1,9 | 1,9 | 2,2 | 2,4 | 3,0 | 2,5 | 2,9 | 3,3 |
Ергономија | 1,8 | 2,2 | 1,9 | 2,0 | 1,7 | 2,0 | 1,9 | 1,8 |
Контрола на штетни материи |
1,6 | 1,0 | 1,0 | 1,0 | 1,0 | 1,0 | 1,0 | 1,0 |
Препорака на клубот |
добар | добар | добар | добар | добар | добар | добар | задоволително |
Од сите тестирани детски седишта, единаесет седишта успеаја да ја обезбедат оцената „добро“, а шест седишта ја добија оцената „задоволително“.
Само Chicco Seat3fit i-Size ја доби оцената „доволно“ во однос на загадувањето, но сепак седиштето ја доби оцената „задоволително“ благодарение на другите добри резултати.
Сепак, има и добри и лоши вести за сите возачи што немаат приклучоци Isofix во автомобилите. Да, во 2022 година ќе има модели на детски седишта што ќе можат да се врзат само со појасот на возилото. Сепак, двата модела на седишта, Axkid Minikind 3 и Besafe Stretch, се достапни само како ребордери. Овие седишта се одобрени за деца на возраст од околу една до шест години (од 61-125 см). Двете седишта покажуваат добри резултати за безбедност, но добија само оцена „задоволително“. Зошто? Така е затоа што склопувањето и поставувањето на прилично големите седишта е потешко и може да се направат грешки
Удобноста за седење на повозрасните деца е помала, а задниот дел на предните седишта брзо се валка. На крајот на краиштата, кај нас честопати треба време родителите и децата да се навикнат на седиштата наменети за деца до шест години, но многу се препорачуваат во однос на безбедноста што во другите земји долго време е главна норма. Веројатно во иднина тешко дека ќе биде можно да се добијат седишта што се во насока на движење на автомобилот, а кои ќе бидат врзани исклучиво со безбедносните појаси на возилата.
Општо земено: Набавката на детско седиште треба да биде добро осмислена. Најдобро е да направите тестирање и проверка како може да се справите со седиштето, со вашето дете и со автомобилот. Во продажните места на ÖAMTC колегите со задоволство ќе ви помогнат да го најдете вистинското седиште.
Информации, преглед на асортиманот и цени на:
www.oeamtc.at/kindersitze
www.oeamtc.at/kindersitztests
www.oeamtc.at/shop
ÖAMTC КРИТЕРИУМИ | ||||||
МАРКА | Chicco | Chicco | Avova | Besafe | Axkid | Maxi-Cosi |
Ознака за тип | Seat3Fit i-Size | Seat3Fit i-Size Air | Sperber-Fix 61 | Stretch | Minikid 3 | Titan Pro i-Size |
Насока на поставување |
наназад/ напред |
наназад/ напред |
наназад/ напред |
наназад | наназад | напред |
Kласа ЕCE | 40-125 cm | 40-125 cm | 61-105 cm | 61-125 cm | 61-125 cm | 76-150 cm |
Тежина седиште/ основа во kg |
14,6 | 14,6 | 12,6 | 11,4 | 12 | 12,2 |
Цена [€] | 399 | 429 | 480 | Ab 659 | 549 | 349 |
Безбедност | 2,9 | 2,9 | 2,4 | 1,2 | 1,5 | 2,5 |
Употребливост | 3,3 | 3,3 | 2,5 | 3,9 | 3,8 | 2,6 |
Ергономија | 2,8 | 2,8 | 1,8 | 2,0 | 3,0 | 2,2 |
Контрола на штетни материи |
3,6 | 1,0 | 2,0 | 1,0 | 2,2 | 1,0 |
Препорака на клубот |
задоволително | задоволително | добар | задоволително | задоволително | добро |
ÖAMTC КРИТЕРИУМИ | |||
МАРКА | Recaro | Britax Römer | Avionaut |
Ознака за тип | Toria elite | Kidfix i-Size | MaxSpace Comfort System + |
Насока на поставување |
напред | напред | напред |
Kласа ЕCE | 76-150 cm | 100-150 cm | 100-150 cm |
Тежина седиште/ основа во kg |
13 | 6,5 | 8,7 |
Цена [€] | 340 | 280 | 309 |
Безбедност | 2,8 | 1,7 | 2,6 |
Употребливост | 3,2 | 1,9 | 2,1 |
Ергономија | 2,4 | 1,9 | 1,8 |
Контрола на штетни материи |
1,0 | 1,0 | 2,7 |
Препорака на клубот |
задоволително | добро | добро |
Седиштата за бебиња за автомобил сè уште може да се прицврстат со ремен или со Isofix. Штефан Кербл, раководител за тестирање и технологија на ÖAMTC .