Тест на детски седишта-ДОБРО, ПОДОБРО, СИГУРНО

20/02/2024

ДЕТСКИТЕ СЕДИШТА СЕ ОД ВИТАЛНО И ЖИВОТНО ЗНАЧЕЊЕ. ИМА НЕКОЛКУ РАБОТИ НА КОИ ТРЕБА ДА СЕ ОБРНЕ ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ ПРИ НИВНОТО МОНТИРАЊЕ.

Од LYDIA SILBERKNOLL

Секоја година нашите техничари внимателно ги тестираат новите модели на детски седишта. Безбедноста и сигурноста секогаш се приоритет, а високите критериуми (видете ја листата подолу), исто така, влијаат врз конечниот резултат од тестирањето. И овде од големо значење, а наедно и клучен аспект има загадувањето. Повторно наидовме на негативни показатели помеѓу 20 тестирани модели на детски седишта: макси моделите Cosi Pebble добија оцена „недоволна“ според резултатите од тековниот тест. Зошто?

Добиената лоша оцена на тестот претставува потсетник за производителот дека мора да се погрижи во составот на седиштата да не се детектираат супстанции што се штетни за здравјето и кои притоа се забранети за користење во Европа. Освен тоа, во основа, седиштата беа добри и теоретски можеа да добијат и „добра“ оцена.

Позитивно е да се напомене дека моделите на седиштата што претходно имаа проблеми со претходниот потпирач за детски седишта, значително беа подобрени од производителот (види коментар).

КАКО ИЗГЛЕДААТ ДРУГИТЕ МОДЕЛИ?

Резултатот е „пријатно добар“, вели Стефан Кербл, техничар на OÄMTC. Освен двата модела на седишта што не успеаја да добијат добра оцена, односно добија оцена „незадоволително“ и еден модел што доби оцена „задоволително“, сите други тестирани модели на седишта добија оцена „добро“.

Значи се сведува на две работи. Прво: моделот на седиште мора да ја исполни намената, а од производителите се бара да го сторат тоа. И второ: правилно ракување со моделите на седишта, што претставува одговорност на возачот. Стефан Кербл вели: „За жал, повторно се случува лошата употреба на седиштата при што се поставуваат во спротивна насока од препорачаната или тоа се прави погрешно.“

КОИ се најчестите грешки на кои родителите мора да им посветите поголемо внимание?

Од голема важност е новороденчето безбедно да се донесе дома со автомобил. Детското седиште е погодно за тоа.

Седиштето може да се прицврсти само со безбедносниот појас или со базниот прицврстувач i-S7e. Базниот прицврстувач е прицврстен во возилото со помош на држач и со систем Isofix, при што се создава цврста врска помеѓу телото и детското седиште. Патем, системот Isofix е задолжителен во сите модели на автомобили од крајот на 2014 година и со него може да се прикачат многу детски седишта, според новиот стандард UN R I 29. Но, сепак, внимателно. Може да се појават и грешки при монтирањето, на пример: Седиштето да е поставено во насока на патувањето. Но иако е факт дека тоа е можно, не мора да значи и дека треба да е точно! Секогаш внимавајте бебињата и малите деца на возраст до 15 месеци да се транспортираат спротивно од насоката на движење. Ако бебешкото, односно детското седиште се користи и е монтирано на совозачкото седиште, мора да се исклучи воздушното перниче за совозачот. Дури и при употреба на поголеми детски седишта, неусогласеноста може да се избегне. Погрижете се децата што се врзани со појасот со три точки да не ги ставаат рацете под ременот (слика лево). Луѓето честопати забораваат да ги преклопат страничните панели на детското седиште. Тие се важни во случај на страничен судир и треба да се издолжат кон вратата.

Покрај стандардот UN RI 29, во моментов се применува и претходниот стандард UN R44/04. Овие седишта може да се продаваат до септември 2024 година, а сè уште може да се користат и по тој термин. Сега е време да го пронајдете вистинското седиште.

 

Марка Besafe Besafe Cybex Cybex Britax Römer Britax Römer
Ознака за тип iZi Go Modular X2
i-size+iZi Modular
i-size Base
iZi Go Modular X2
i-size
Cloud T + Base T Cloud T Baby safe 5Z2 +
Flex Base 5Z
Baby safe 5Z2
Насока на
поставување
наназад наназад наназад наназад наназад наназад
ЕCE-класа 40-75 cm 40-75 cm 45-87 cm 45-87 cm 40-85 cm 40-85 cm
Тежина
седиште/
основа во kg
4,5 / 6,4 4,5 4,9 / 7,7 4,9 4,2 / 9,3 4,2
Цена [€] Ab 378 Ab 199 Ab 499,90 Ab 249,95 548,80 Ab 289,90
Безбедност 1,3 1,3 1,3 1,0 2,2 1,8
Употребливост 2,0 2,8 2,2 3,0 2,7 3,0
Ергономија 2,2 1,9 1,9 1,7 1,8 1,6
Контрола на
штетни материи
1,0 1,0 1,0 1,0 1,6 1,6
Препорака од
клубот
Добар Добар Добар Добар Добар Добар

 

Марка Maxi-Cosi Maxi-Cosi Cybex Joie Graco Joie
Ознака за тип Pebble 360 Pro Pebble 360 Pro +
Familyfix 36
Sirona T + Base T i-spin 360R Slimit R 129 i-spin 360 E
Насока на
поставување
наназад наназад наназад /напред наназад /напред наназад наназад /напред
ЕCE-класа 40-87 cm 40-87 cm 45-105 cm 40-105 cm 40-145 cm 61-105 cm
Тежина
седиште/
основа во kg
5,2 5,2 / 8,6 7,3 / 7,7 13,5 8,3 13,2
Цена [€] 299 299 +259 Ab 599,90 319,95 239,95 289,95
Безбедност 1,5 1,7 1,7 1,5 2,4 1,5
Употребливост 2,8 2,9 2,9 3,1 3,4 2,6
Ергономија 2,0 2,1 1,9 2,0 2,0 2,1
Контрола на
штетни материи
4,6 4,6 1,0 1,0 1,0 1,0
Препорака од
клубот
Недоволно Недоволно Добар Добар Задоволителен Добар

 

 
Марка Britax Römer Maxi-Cosi Nuna Britax Römer Maxi-Cosi Cybex Maxi-Cosi Britax Römer Britax Römer
Ознака за тип Swingfix M plus Pearl 360 Pro +
Familyfix 360 Pro
Aace LX Dualfix 5Z + Flex
Base 5Z
Titan plus i- size Solution T i- Fix Rodifix S i- size Adventure plus 2 Discovery plus 2
Насока на
поставување
наназад наназад /напред нанапред наназад /напред напред напред напред напред напред
ЕCE-класа 61-105 cm 61-105 cm 100-150 cm 61-105 cm 76-150 cm 100-150 cm 100-150 cm 100-150 cm 100-150 cm
Тежина
седиште/
основа во kg
12,2 7,1 / 8,6 7,2 5,6 / 9,7 12,2 7,1 6,1 5,2 6,1
Цена [€] 299 399,99 + 269,99 249 Ab 539,80 299,99 249,95 k.A 129,90 179,90
Безбедност 1,8 1,9 1,9 2,0 2,5 2,1 2,7 2,2 2,1
Употребливост 2,4 2,4 1,8 2,7 2,6 1,8 1,5 2,5 2,5
Ергономија 2,1 2,0 1,8 2,3 2,2 1,9 1,7 1,9 2,0
Контрола на
штетни материи
1,0 1,0 1,0 1,0 1,0 1,5 1,0 1,0 1,0
Препорака од
клубот
Добар Добар Добар Добар Добар Добар Добар Добар Добар

 

ДАЛИ СМЕ СФАТЕНИ СЕРИОЗНО?

Стефан Кербл, шеф на ÖAMTC за тестирање и технологија

Вложуваме многу труд двапати годишно да ги тестираме детските седишта и понекогаш се прашуваме дали вреди нашата работа. Што би се случило ако престанеме? Дали нивото на квалитет би останало на сегашното ниво или би се намалило? Во тековниот тест гледаме две многу слични седишта, Britax Römer Adventure Plus2 и Discovery Plus2. И двата модела на седишта ги имавме и на првиот тест оваа година – само без Серија 2 во името – и имаше проблеми: Единицата за приспособување на потпирачот за глава може релативно лесно да се скрши поради производните толеранции, што го прави седиштето неупотребливо, што се одразува и на оцената на тестот. Отворено комуницираме со производителите за таквите недостатоци. Обично тие сериозно ги сфаќаат таквите недостатоци во тестот, а проблемите се решаваат по ревизија на производот.

Сепак, тоа никогаш не се случило толку брзо, т.е. во еден тест циклус, а двете седишта всушност покажуваат значителни подобрувања: со приспособувањето на потпирачот за грб полесно се ракува и заклучувањето на потпирачите за грб функционира како што треба. Ова значи дека Adventure Plus2 и Discovery PIus2 имаат една оцена подобро, односно повисоко од нивните претходници на првиот тест оваа година. Нашата тест работа има резултати и потврдува дека не само што на потрошувачот му обезбедуваме солидна поддршка при донесувањето одлуки, туку и ги охрабруваме производителите да ги подобрат своите производи.

 

За целокупна оценка важи следново:

0,6-1,5 Одличен 1,6-2,5 Многу добар 2,6-3,5 Добар 3,6-4,5 Доволен 4,6-5,5 Недоволен

 

Превземено од ÖAMTC

ПОВРЗАНИ СТАТИИ