ВО ОТСУСТВО НА ПОВРЕДЕНИОТ АКТУЕЛЕН ШАМПИОН, ХОРХЕ МАРТИН, ВОЗАЧИТЕ НА ФАБРИЧКИОТ ТИМ НА ДУКАТИ, ДОМИНИРАА НА ПОЧЕТОКОТ ОД СЕЗОНАТА, НО СТОРИЈАТА ЗА ТРКАТА ВО ТЕКСАС Е ПОЛНА СО ПОВЕЌЕ ЗАВРЗЛАМИ
Актуелниот шампион Франеско Бањаја се најде под притисок на медиумите откако Марк Маркез успеа да го обезбеди првото место на сите четири трки досега (две спринт и две главни трки), но остана оптимист дека може да го поправи својот учинок. Говорејќи по трката во Рио Хондо каде што заврши четврти, Бањаја рече дека не е задоволен со ништо освен првите две места. – И самиот јас очекував повеќе од себе, но од стартот имав проблеми да го забрзам ритамот. На почетокот бев една десетинка побавен, но тоа беше доволно за Марк и Алекс да ми побегнат,- објасни Бањаја по трката во Аргентина.
Главното е да ми се врати чувството што го имав, а кое ми дозволува да се борам за победи. Не чувствувам дека сум за четврто, па дури ни за трето место. Сепак, ова не е најлошо, мислам дека лани во првиот дел на сезоната беше уште полошо. Разликата е што овој пат имам противник што е конзистентен, Марк ретко прави грешки, додаде актуелниот шампион, Фраческо „Пеко“ Бањаја.
Во паузата меѓу двете трки беше објавено дека тоа „чувство“ се однесува на однесувањето на моторот во свиок, поточно во последниот дел од таквиот маневар. Бањаја го анализирал своето возење со инженерите и дошол до заклучок дека е добар во делот на сопирање, како и во средината, но на крајот му недостига брзината. Италијанецот порача дека пробал да тренира такво нешто, па оцени дека во Тексас ќе се види дали има напредок или не. Но, перфектниот Маркез започна агресивно во американското гран при каде што и во минатото имаше големи успеси. Тој успеа да се наметне од самиот старт на гран при викендот поставувајќи најбрзи времиња во тренинзите и квалификаците, за потоа да го освои и првото место во спринт трката на патеката крај Остин во Тексас.
Со тоа тој направи низа од пет победи на стартот на сезоната, при што тимскиот колега во својот најбрз круг од трката беше околу половина секунда побавен. Но, тогаш судбината ги вмеша прстите и во пресрет на главната трка патеката беше „поплавена“ од дождот кој се истури, но направи драма со тоа што престана во очи на главната трка.
Како носител на пол позицијата, Маркез тактизираше и одлучи да не стартува со моторот подготвен за влажниот асфалт, туку да стартува од боксот со мотор кој ќе биде наштелуван за суво време.
МАРКЕЗ ПРОТИВ МАРКЕЗ!
По трката во Аргентина, која претходеше на американското гран при, двојниот победник Марк Маркез на прес конференцијата даде контроверзен одговор на прашањето дали неговиот тимски колега и трикратен светски првак Франческо Бањаја го гледа како најголем ривал за титулата. Резултатите покажаа дека до тој момент Алекс Маркез со сателитскиот тим Гресини Дукати каде што на располагање ја има ланската спецификација на моторот, во четири од четири настапи дојде до второто место. Алекс ќе победи на неколку трки оваа сезона, повеќе од една. Знам дека кога тој е самоуверен, може да се бори за титулата, како што тоа го направи и во Мото 3 и во Мото 2. Тој е главниот ривал во првенството. Денеска ме импресионираше со своето возење, беше совршен, ја имаше брзината во свиоците и си реков сам на себе дека тоа е друго ниво. Дури, помислив дека и второто место ми е океј во трката. На крајот јас победив, но тоа значеше дополнителен ризик, можеби и премногу,- изјави Марк Маркез по трката во Аргентина. Досега не сум се чувствувал вака силно во Мото ГП. Уживам кога го возам моторот, потребно е да продолжиме на таков начин,- рече помладиот брат, кој има титули во пониските конкуренции. |
Но, неговиот чекор го следеа уште девет други возачи и се создаде мешаница, кога сите тие почнаа да ја напуштаат стартно целната рамнина и да се движат кон гаражите.
Стјуардите беа принудени да донесат одлука за стопирање на стартната процедура поради загрозена безбедност, односно прогласија стопирање на незапочнатата трка. По таквиот чин, секој имаше право да бира дали ќе стартува со гуми за влажно или за суво време, но се покажа дека сите се свртија кон гумите за суво. Почетокот ветуваше нова импресивна трка за Шпанецот, но тој направи грешка во деветтиот круг која значеше излетување и доволно оштетување на мотоциклот, поради што Маркез не успеа да ја заврши трката на американска територија.
ТРЕБАЛО ЛИ МАРКЕЗ ДА БИДЕ КАЗНЕТ?
По трката уследи разработка на правилата и се постави прашањето дали со одлагање на стартот судиите ги оштетиле оние возачи кои сакале да стартуваат со гуми за суво, бидејќи со прогласување на прекин, оние кои требало да стартуваат од боксот, всушност добија шанса да стартуваат од својата позиција, но со поинакво подготвена машина. Главната „сопка“ е што се цитира дека според правилата треба 10 возачи да го следат оној што прв се откажал за да има регуларен прекин, а во случајов сите заедно биле десетмина, односно според едната страна, имало еден возач помалку за да се дозволи такво нешто. Маркез како носител на пол позицијата во последен момент реши да го промени мотоциклот додека се беше подготвено за старт на трката, а бидејќи неговиот пример го следеа најголем дел од возачите, на крајот дојде и до одложување на стартот. На седум минути пред стартот на трката, го прашав мојот тимски шеф дали е подготвен мотоциклот за суво. Добив потврден одговор, но ми кажа дека нема доволно време за да се направи промена. Тогаш решив дека ќе „побегнам“ на две минути пред почетокот на трката. Претпоставував дека ќе бидам следен од сите и на крајот тоа и се случи. Многу добро го знам правилото, треба да бидете подготвени за сè. Не треба да бидете само добар возач, треба да ги знаете и правилата. Се направив речиси перфектно, но една грешка направи да паднам. До оваа трка ме нарекувавте Супермен, сега време е и за критики и подготвен сум за тоа, изјави Маркез. Побаравме пауза, па брз рестарт, поради безбедносни причини. Не беше возможно да се стартува загревачкиот круг. Рестартот беше најбезбедното решение за ваква непредвидлива ситуација. Ќе ги анализираме околностите заедно со тимовите и ќе ги разгледаме правилата, изјавил членот на дирекцијата на трката, Марк Веб. Справувањето со ситуацијата се наоѓа во спортскиот правилник, заведен како „Член 1.18.7“ и се однесува на стартната процедура пред загревачкиот круг, а се однесува токму на ситуација каде што возачот го напушта стартот поради временските околности. Возачите кои ќе менуваат гуми поради временските услови ќе го започнат загревачкиот круг од боксот, ќе стартуваат од својата квалификациска позиција, но ќе добијат „стоп-го“ казна што треба да ја отслужат во првите три круга, односно кога ќе бидат информирани од дирекцијата на трката“, се вели во правилото. Според акредитираните новинари кои известуваа од трката во Тексас, имало тројца возачи кои биле храбри и се решиле да стартуваат со гуми за суво време : Енеа Бастијанини, Бред Биндер и Аи Огура. Ваквата заштита на возачите била предвидена со правилата кои биле донесени по трката во Јапонија од 2024 година. |
Ова беше најлоша трка за мене годинава, но знаев дека тука Марк и Пеко ќе имаат помалку проблеми од мене. Оваа патека бара многу сопирање и тука јас не сум најдобар. Завршив втор, а во случај да беше и Марк тука, тоа повторно ќе беше пласман на подиумот. Тоа е таа постојаност што ни е потребна во текот на целата година, или онаа што би сакале да ја задржиме, изјави Алекс Маркез.
Ако на почетокот на сезоната ми кажевте дека ќе водам во првенството, ќе ви речев дека сте луди. Ние сме „Мистер Втор“, но јас сум среќен со тоа. Не би имал проблем да бидам втор во секоја трка до крајот на годината,- коментираше младиот Маркез, кој се најде во водство на табелата по трите трки. По три трки, во генералниот пласман води Алекс Маркез со 87 поени, неговиот брат и шесткратен шампион во најсилната конкуренцја има еден само поен помалку, додека Бањаја е на третото место со 75 поени.
Следниот гран-при викенд е закажан за 13 април во Катар, по што карванот доаѓа во Европа, а меѓу првите трки се оние во Херез, Шпанија и Ле Ман, Франција.